Новости Archives - Page 10 of 12 - Europe House

Дебата во Резиденцијата на ЕУ (Екологија)

Вчера се одржа четвртата дебата во рамките на изложбата поставена во Резиденцијата на 🇪🇺 „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не„. Овој пат, инспирација беа делата на Маја Кировска и биодиверзитетот – колку секој од нас придонесува кон заштита на разновидноста и како економскиот развој влијае врз заштитата на животната средина?

Биодиверзитетот е несомнен дел од Европскиот Зелен договор кој поттикнува на „враќање кон основите„ при соочувањето со предизвиците за биодиверзитетот наметнати од модерниот начин на живеење.

 

 

НАГРАДЕН КОНКУРС во соработка со „Алгоритам“ и „Europe House“ Скопје

Гимназијата „Алгоритам“ во соработка со „Europe House“, Скопје распишува конкурс:

за изработка на креативно дело во следните области:

  • Филм
  • Литература 

Правила за пријавување:

  1. Право на учество имаат ученици од сите основни и средни училишта во Република Северна Македонија;
  2. Темата на конкурсот е „ЕХО за ЕКО“ – едукативни или лични приказни за вашиот придонес во градењето чиста и здрава животна средина, со акцент на рециклирање на електронски отпад;
  3. Изработеното дело може да има еден (1) автор;
  4. Секој автор може да учествува во една или повеќе области со по едно (1) дело.
  5. Делата треба  да  бидат  оригинални,  да  не  ги  прекршуваат  начелата  на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција;

ФИЛМ 

  1. Право на учество имаат сите ученици од VII одделение до IX одделение во основно оразование и учениците од I и II година средно образование.
  2. Филмовите можат да бидат снимени со видео камера, мобилен телефон или фото-апарат;
  3. Времетраењето на филмовите да не е подолго од 3 минути.
  4. Филмовите треба да бидат прикачени на платформата YouTube. До нас само го доставувате линкот.

ЛИТЕРАТУРА

  • ПОЕЗИЈА
  1. Право на учество имаат сите ученици од I до V одделение.
  2. Поетската творба треба да содржи најмалку 10, а најмногу 20 стихови; да биде напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.
  • ПРОЗА
  1. Право на учество имаа сите ученици од VI до IX одделение.
  2. Есејот треба да содржи најмалку 200, а најмногу 350 зборови; да биде напишан со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.

Краен рок:

2 мај 2022

По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите дела во секоја категорија ќе бидат наградени со вредни награди, а точниот датум за доделување на наградите и пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен.

Изработеното дело да се достави до Гимназијата Алгоритам на меил адресата eko@algoritam.mk , заедно со следните податоци:

  • Наслов на делото
  • Име и презиме на авторот
  • Адреса
  • Контакт телефонски број
  • Училиште
  • Возраст/одделение
  • Име и презиме на менторот
  • Контакт од менторот

Контакт за дополнителни информации:

проф. Павлина Бучевска

076/339-428

pavlina@algoritam.mk


ПСУ „Алгоритам“ е училиште кое го имлементира Европскиот зелен договор.  Ги охрабруваме сите учесници на конкурсот, својот електронски отпад (монитори, телефони, батерии…) да ги достават на портирницата на БЦ „Палома Бјанка“, со цел истиот да биде рециклиран.

,,Човек неусетно се троши” – изложба автопортрети на Тони Попов во Europe House Струмица

Во Europe House Струмица беше отворена изложбата  на автопортрети ,,Човек неусетно се троши” на уметникот Тони Попов.
Изложбата ја организира здружението за култура „Транзен“. Тони Попов е уметник што твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Во јули 2020 година, во Охрид, Попов ја започна летната сликарска школа за деца „Пробај уметност“, а од минатата година е член на ДЛУБ.

Одбележување на Светскиот ден на уметноста

Europe House ве кани заедно да го прославиме Светскиот ден на уметноста!

Во прекрасниот амбиент на Сули Ан, овој петок, 15 април, го одбележуваме празникот на уметноста токму таму каде младите уметници ја создаваат.
Ова пролетно петочно попладне, дојдете да се дружиме со студентите по ликовни и драмски уметности, во опкружение на избрани уметнички дела на младите автори од Факултетот за ликовни уметности; да проследиме проекции, перформанси, разговори за уметноста и културата… секако и со добра музика.
Следете не’ за целосна агенда на настанот.
Петок, 15 април 2022, Сули Ан / 14.00 – 19.00 часот
* Светскиот ден на уметноста се слави секоја година на 15 април, со цел да го промовира развојот, разноликоста, распространетоста, и уживањето во ументоста. Под покровителство на УНЕСКО, денот има за цел да подигне свест за креативните активности ширум светот.

Гласање по повод #EuropeanWomenoftheYear

Гласањето за 2022 Европска жена на годината започнува денес❗️

Номинирани се 5 импресивни жени за оваа награда од страна на 5 амбасадор(к)и. Денес даваме можност на секој од Вас да се вклучи директно во процесот на избор на 2022 Европска жена на годината гласајќи за својот фаворит:
⏩️ Маја Мојсова Мијовска – претставена од Амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ 🇭🇷
⏩️ Илина Арсова – претставена од Амбасадорката на Германија Анке Холстајн 🇩🇪
⏩️ Наталија Бургиева – претставена од Амбасадорот на Европска Унија Дејвид Гир 🇪🇺
⏩️ Дина Дума – претставена од Амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон 🇸🇪
⏩️ Дита Старова Ќерими – претставена од Амбасадорката на Романија Моника Аксинте 🇷🇴
Гласањето ќе биде отворено до 07 март 2022, а изборот ќе биде направен само врз основа на најголем број освоени реакции (👍) под секоја од номинациите во рамките на оваа објава.

#EuropeanWomenOfTheYear

Награда за Најзелена општина

На 3 март – Светскиот ден на дивиот свет, Делегацијата на Европска Унија објавува повик за избор на Најзелена општина. Повикот е отворен за сите општини и нуди можност да се презентираат локалните активности спроведени во текот на 2021 година, а кои придонеле до заштита на животната средина.

Повикот за избор на Најзелена општина е следен чекор во контекст на #ЕУсоТЕБЕ кампањата посветена на Европскиот Зелен договор која започна во ноември 2021. Целта е да се промовираат позитивните примери на општините во справувањето со отпадот кои довеле до системски промени кон подобро и постигнале долгорочни резултати.
Повикот ќе биде отворен од 4 март до 4 април и секој градоначалник ќе добие лична покана за учество. Врз основа на поднесените апликации ќе бидат избрани 5 општини меѓу кои ќе биде избрана Најзелената врз основа на теренска посета.
Наградата за Најзелена општина ќе биде доделена од страна на Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир на 5 јуни 2022 – Светскиот ден на животната средина.

Затоа што немаме резервна планета!

Втор роденден на Europe House Skopje

📣Придружете ни се да го прославиме вториот роденден на Europe House во текот на месец ноември. 🎉🎈
Културниот и креативниот сектор cе дел од нашето секојдневие. Ги поддржуваме и препознаваме разновидните и убави страни на музиката и уметноста…но, и сo страст се нурнуваме во дебати, бараме решенија за животната средина и го поддржуваме гласот на младите. ✊
🗺Проверете ја нашата мапа, следете го календарот на социјалните мрежи и бидете во тек со сите случувања. 📌
We got you covered 😉

Europe House #GREENFILM НАТПРЕВАР

Europe House ве поканува да учествувате во #GREENFILM со цел да ја  доближиме публиката на трите Europe House до вашите креативни идеи, во форма на кратки документарни филмови или фикција кои се однесуваат на заштитата на животната средина.

#GREENFILM е филмска активност која ќе ангажира млади луѓе на возраст од 15-25 години. Тие се поканети да учествуваат на конкурсот каде нивна задача ќе биде да продуцираат кратки филмови од 30 секунди до 3 минути со главен фокус на идентификување на проблемите поврзани со животната средина. Оваа активност ќе ги натера младите луѓе да се вклучат во прикажувањето на овие проблеми на креативен начин, а истовремено да ги натера да ги истражат нивните идни можности во светот на филмот.

И тие ќе ни ја достават својата работа. Следен чекор ќе биде да се изберат 10 најдобри филмови од професионално жири и да се организира вечерта на прикажување на филмовите. Во проекциската вечер ќе го објавиме и победникот „Best of all“, кој ќе добие професионална камера.

Право на учество имаат:

-Сите млади од 15 до 25 години.

– За сите македонски граѓани.

– Времетраење на филмот од 30 секунди до 3 минути. 

Времетраење на натпреварот

Конкурсот трае од 00:00 часот на 28.10.2021 година до 00:00 часот на 01.12.2021 година.

Учество во натпреварот

Секој учесник/тим може да учествува во наградниот натпревар само во свое име и со учество потврдува дека сите дадени лични податоци се само негови лични податоци и дека се согласува со овие правила и услови на наградниот натпревар.

Услов за учество на натпреварот е учесниците да бидат запознаени и да се согласуваат со сите правила на наградниот натпревар. Со учеството на конкурсот се смета дека учесникот се согласил со сите услови во врска со наградниот конкурс.

Видеото може да биде на македонски, албански или англиски јазик.

Видеата со навредливи содржини нема да се земаат во предвид (вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; верска, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка, нерелигиозна и друго)

Видеото може да биде во кој било формат (анимација, документарец итн.), може да биде вербално или невербално, во форма на скица или друго.

– Натпреварувачите можат да споделат и мала промоција на филм од 10 секунди која може да ја промовираат на Инстаграм со хаштаг #GreenFilm2021 #EuropeHouseSkopje #EuropeHouseStrumica #EuropeHouseKrivaPalanka

Учесниците не треба да имаат претходна обука како филмаџии. Доволно е да се има идеја и желба да се продуцира филм.

Филмовите може да се снимаат со кој било уред за снимање: камера, телефон, ipad итн. Крајниот рок за аплицирање е 1 декември 2021 година. Финалниот производ (филм) треба да се испрати на е-маил адресата на Europe House: euinfo@europehouse.mk како vimeo линк.

Од сите апликации, 10 филмови ќе бидат избрани од професионално жири од различни сектори кои ќе бидат прикажани во МКЦ. Во меѓувреме, стручното жири од различни сектори ќе го избере најдобриот филм на Green Film . Авторот на најдобриот филм ќе добие награда професионална камера.

Контактирајте нѐ на euinfo@europehouse.mk доколку имате какви било прашања.

Пополнете ја апликацијата подолу за да учествувате на натпреварот #GREENFILM.

 

 

[gravityform id=”3″ title=”false” description=”false” ajax=”true”]

нов амбасадор на наградата „ВАВИЛОН“ за 2022

Избран е нов амбасадор на наградата „ВАВИЛОН“ за 2022 година.

Владимир Мартиновски e поет, раскажувач, есеист, теоретичар и книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вчера се одржа и првата онлајн информативна средба за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“.

Информативната работилница се споделија главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учествувањето и освојувањето на наградата, како и искуства и корисни совети од искусни книжевни преведувачи.

Subscribe To our newsletter!