Новости Archives - Page 12 of 13 - Europe House

нов амбасадор на наградата „ВАВИЛОН“ за 2022

Избран е нов амбасадор на наградата „ВАВИЛОН“ за 2022 година.

Владимир Мартиновски e поет, раскажувач, есеист, теоретичар и книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вчера се одржа и првата онлајн информативна средба за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“.

Информативната работилница се споделија главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учествувањето и освојувањето на наградата, како и искуства и корисни совети од искусни книжевни преведувачи.

Работилница за основи на фотографија во Еurope House Струмица

“Day 1️⃣ of 📸Basics of photography 📸 заедно со професионалниот фотограф Столе Ангелов во ⭐️Europe House ⭐️ Струмица заврши успешно.
Присутните се запознаа како се користи опремата, различните објективи, што значи композиција на фотографија, длабочина, контраст, како и теориите за бои и основните правила кои се користат при фотографирањето.

#ЗдравЖивот со Драгана

🆕🌡 На високите летни температури остануваме во форма со вежбање од дома и се подготвуваме за следното вежбање на отворено! 🤸
🧘‍♀️ Во новото видео „Здрав живот со Драгана“ ќе го активираме секој мускул на телото и ќе си посветиме квалитетно време за себеси!
🆙Подготвени?
🆒Почнуваме!

Вежбање на отворено со Драгана и Елена Бубало

Вчера, во Градски парк на Школка вежбавме, се дружевме, споделувавме совети и најдобри практики заедно со Драгана и Елена Бубало!
Бевме активни и се инспириравме меѓусебно. Ве предизвикувамe и вие да ни се придружите на следното вежбање.
#BeActive

#BeAnInspiration

ЕРАЗМУС+ СО ЕУ АМБАСАДОРОТ ГИР, МЛАДИ И НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ

🇪🇺 се приклучи на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност на интеркултурен настан. Домашни Еразмус+ и млади од 🇪🇸, 🇹🇷, 🇸🇪, 🇩🇪, 🇵🇱 кои престојуваат во 🇲🇰 разговараа околу актуелните Еразмус програми, можноста да се зајакне ангажманот на младите во донесувањето одлуки, прифаќање на инклузијата и различноста, притоа охрабрувајќи ги организациите и поединците да ги зајакнат зелените практики.

Парада на Гордоста

Делегацијата на 🇪🇺 и ⭐️Europe House Скопје⭐️ беа дел од #SkopjePride .🎉
Скопје зрачеше со позитивна енергија во боите на 🌈виножитото во знак на поддршка на човековите права.
#ВонЅидовите #BeyondTheWalls #JashteMureve #ЕУсоТебе

Отворен ден со Млади Европски Амбасадори

Во ⭐️Europe House⭐️ Скопје се одржа YEA Open Day – прилика за младите луѓе од 🇲🇰 да дознаат повеќе за тековниот повик за Млади Европски Амбасадори #YEA.
Преку отворени разговори во текот на целиот ден 🔛 со Александар, Сара, Ана, Дона и Војдан се информираа ‘од прва рака’ што значи да се биде Млад Европски Амбасадор.
На настанот се придружија и Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир, а новото членство на Сојузот на Средношколци на 🇲🇰 кажа #YEStoYEA 🆒.
Повикот е отворен до 1️⃣0️⃣ јули

#YouthTalks со македонски спортисти и спортски активисти

И покрај пандемијата, изнајдовме начини да останеме во близок контакт со младите луѓе во 🇲🇰. Средношколските посети ги заменивме со виртуелни средби, младите луѓе и Младите Европски Амбасадори #YEA ги поврзавме и преку-гранично и на ниво на Западен Балкан.
Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир денес ги имаше и првите #YouthTalks – со македонски спортисти и спортски активисти. Спортот е пасија, професија, животен стил, но и – двигател на промени. Со ведриот пристап на #YEA Ана Ќупева отворено разговаравме за спортот од аспект на родова еднаквост, инклузија, социјализација, ментално здравје и регионален пристап.
Разговорот го водевме од Europe House Skopje, но за прв пат истовремено бевме поврзани со ⭐️Europe House⭐️ во Крива Паланка и Струмица. 📍

Изложба „Несовршен простор“ во Europe House Струмица

Изложбата „Несовршен простор“, е посетавена во Europe House  Струмица, во организација на Здружението за култура Транзен. Секоја година здружението ја доделува наградата Владимир Георгиевски, во чест на великанот на македонската ликовна уметност, професорот Владимир Георгиевски.
Оваа година шеснаесет сликари и вајари го истражуваат феноменот на Метаморфозата, а наградата ја доби ликовниот уметник Андреј Митевски за скулптурата „Форма која се раѓа“.
Учесници: Андреј Митевски, Тони Попов, Милан Андов, Ване Костуранов, Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Стефан Младеновски, Ѓорги Динев, Љупка Галазка Василев, Марија Мицова Гацова, Владимир Илиевски, Илија Маџаров, Илко Стојановски, Славица Милева, Давид Атанасовски, Верица Арапова.
\
Subscribe To our newsletter!