euhouse, Author at Europe House - Page 5 of 13

Junior Events coordinator and Junior Networks Assistant for the new Europe House Veles

Please find enclosed ToRs (Terms of References) for the vacancies of Junior Events coordinator and Junior Networks Assistant for the new Europe House Veles, scheduled for opening in May 2023.

Applications with CV and Letter of interest should be sent to aneta.spirkoska@bseurope.com and euwithyou_mk@bseurope.com latest by

25th of April COB. Only pre-selected candidates which fulfill the minimum requirements will be contacted for interview.

ToR-Junior-Local-Event-coordinator 

ToR-Junior-Local-EH-Networks-Assistant

СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА – ВИЗУЕЛЕН АМАЛГАМ НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Доротеа Огненовска

Старата скопска чаршија во своето име го носи епитетот „стара“ токму поради својата богата културна и историска рамка со која го краси главниот град, Скопје. Старата скопска чаршија претставува апотеоза на македонското културно наследство. Една кратка прошетка низ Скопската чаршија може да нѐ понесе на магично патување во срцето на градот и истовремено да нѐ врати во генерациите наназад за да ја почувствуваме атмосферата на старото Скопје заедно со неговите урбани воздишки и брзото секојдневје на жителите од градот.

Просторот на чаршијата е магичен простор. Тоа е простор што претставува сплотување, односно спој меѓу – модернизмот на урбаниот простор во кој припаѓаат современите продавници и кафулиња и – традиционалното гнездо на занаетчиите и уметниците кои се дел од непроценливата и уникатна убавина на градот.

Старата скопска чаршија како културен споменик

Комплексот на Старата скопска чаршија, според документираните податоци, бил изграден во XII век. Неколку векови подоцна, во времето на Отоманската Империја, Чаршијата добива ново руво и станува голем трговски центар, каде што како колаж се налепиле религиозни и национални центри, како: џамии, сараи, анови, но и други културно-историски споменици од овој турски период. Тесните сокаци, ниските куќи и блескавите излози со векови наназад го исполнувале воздухот на овој дел од градот со градска врева и давале надеж за конечно ослободување, особено што просторот на чаршијата претставува простор каде што скопјаните можеле да се социјализираат, да комуницираат и да тргуваат.

Луѓе од различни националности се собирале и продавале уникатни рачни изработки на кои минуциозно им се посветувале при производниот процес. Процесот на изработка на производите бил детален и темелен со употреба на висококвалитетни материјали од вештите раце на талентираните занаетчии. За поголемиот дел од луѓето занаетчиството било целиот нивен живот. Тие го живееле и го дишеле произведувањето на ракотворбите, бидејќи, пред сѐ, тоа било единствениот начин за нивното егзистирање во општеството. Занаетчиството било, и сѐ уште е, посебен тип образование што тесно е поврзано со индивидуалниот креативен дух на изработувачот и историската рамка на земјата во која ги создава своите изработки.

Гледајќи од културен аспект, денес, Скопската чаршија врши поголема функција отколку во минатото. Таа претставува епицентар на голем број културни и национални збиднувања во градот. Во таа смисла, нам, на скопјаните, познати ни се Чифте-амам, Куршумли-ан, Сули-ан, Капан-ан, Даутпашин амам и другите знаменитости што во денешните културни репертоари изобилуваат со голем број книжевни и уметнички настани.

Светскиот ден на уметноста пред портите на чаршијата

Во таа смисла, нема да биде погрешно ако заклучиме дека Старата скопска чаршија е уметнички споменик на една културна историја. Чаршијата како галерија е концептуално толкување во чија основа лежи враќањето на првобитниот порив на уметноста за обединување на човекот и уметничкото дело. Со други зборови, еден отворен галериски простор, каде што ќе се испреплетат занаетчиството и класичната уметничка сцена.

Така, во контекст на Светскиот ден на уметноста, Europe House Skopje, во соработка со Факултетот за ликовни уметности – Скопје, организира културна прошетка низ Старата скопска чаршија низ која ќе можете да ги видите и да се запознаете со најразличните уметници и занаетчии чии дела се препознатливи за нашата културна традиција. Скопската чаршија за таа цел ќе ја има функцијата на галерија, односно отворен уметнички простор низ кој посетителите и љубителите на уметноста одблизу ќе ги доживеат креативниот чин и генијалноста на нашите уметници и занаетчии.

Светскиот ден на уметноста неслучајно е на 15 април, на истиот датум се прославува роденденот на големиот ренесансен уметник Леонардо да Винчи. Ликот и делото на Да Винчи е симбол за homo univeraslis, човек од многу квалитети и познавања, а истовремено човек чие име е поим за слобода, право на изразување и уметничка експресија, како и меѓусебна заедничка толеранција што ја градиме во нашето мултикултурно општество. Со интернационалното прославување на Светскиот ден на уметноста ја подигаме свеста за културното и креативното создавање на уметнички дела низ целиот свет. На овој ден се окончува уште една година во која ги прославуваме сите креативни луѓе и нивните пориви да го подноват светот со многу уникатни креации и интелектуално да дадат експресија на својот уметнички потенцијал.

Уметници и занаетчии – изворот на креативниот идентитет

Со топло срце те покануваме на настанот „Чаршијата: Галерија на занает и уметност“, каде што како посетител ќе ја имаш можноста да направиш интроспективна прошетка во срцето на Скопје и во духот на историското минато, да се запознаеш одблизу со занаетчиската и уметничката сцена. Магичната прошетка во чаршиската галерија ќе ја поттикне идејата за слободно критичко размислување и ќе отвори простор за конструктивен дијалог. Занаетчиите во текот на една недела ќе ги покажат нивните рачни изработки од повеќе стари традиции, како што се златарството, изработувањето на шарен текстил, часовничарството, керамиката, шапките, накитот и многу други. Додека, од друга страна, ќе ги проследиме уметничките дела на студентите од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Одбележувањето на Светскиот ден на уметноста ќе биде прикажан преку рачните изработки на уметниците: Стефан Јакимовски со асемблажот „Дворот на комшијата“, Милена Петковска со „Смиреност/Repose“, Ивона Петрова со „Сино“, Евгенија Трајковска со „Конецот се стенчува, но уште е тука“, Михаил Паскоски со шапката „Дали ја гледате?“, Дамјан Јанкоски со дрвената скулптура „За лесен сон“, Славчо Павлоски со својата „Скулптура во мермер“, Сергеј Калеников со „Антитеза“, Павел Николов со асемблажот „Упорноста на меморијата“, Габриела Живковска со платно извезено со мониста именувано како „Чаршиски муабет“ и Марија Јаќовска со „Јe t’aime moi non plus“.

На овој начин, со тоа што го славиме Светскиот ден на уметноста, придонесуваме кон егзалтирање на нашето културно наследство што долгогодишно се пренесува низ генерациите и останува врежано во историјата на нашата земја.

На 06.04.2023 година, во просториите на Сули-ан, со почеток од 13 часот, Чаршијата ги отвора вратите и ги поканува посетителите да ја споделат нејзината магија и да го истражат сензибилитетот на традиционалните занаети и современиот уметнички израз на младите студенти од Факултетот за ликовни уметности од Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 12.04.2023 година.

За жал, немаме планета Б

По завршувањето на многубројните проекти, со завршувањето на грантовите и предавањето на завршните извештаи, речиси 50% од проектните решенија, новите сознанија и предлозите завршуваат во кабинетите на истражувачите и во фиоките и архивите на институциите.

Пишува: д-р Анита Грозданов, редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Секојдневниот живот и трката за негово унапредување и олеснување носат многу нови технолошки решенија и предизвици кои се придружени и со многу негативни последици. За жал, последиците многу пати се такви што оставаат трајни нарушувања на природната рамнотежа која сериозно се заканува на нашата планета во повеќе сектори. Климатски промени, намалени/или комплетно испразнети природни извори на многу суровини, загадени океани и мориња, загадена животна средина…

Сведоци сме на многубројни конференции, усвоени и потпишани многубројни стратегии и декларации на меѓународно и на национално ниво за регулирање и контрола на сите загадувачи, емисии и имисии во сите медиуми, на сите ресурси. Во рамките на големите истражувачки програми (HORIZON, LIFE) се изработени огромен број проекти со иста крајна цел: „Чиста и безбедна животна средина“ и „Одржлив развој, одржливо живеење“. Навистина, од сите тие проекти добиени се прекрасни и високоефикасни решенија и модели кои доколку се имплементираат, со сигурност ќе овозможат почиста животна средина, поубава и побезбедна иднина на нашата планета Земја.

За жал, по завршувањето на многубројните проекти, со завршувањето на грантовите и предавањето на завршните извештаи, речиси 50% од проектните решенија, новите сознанија и предлозите завршуваат во кабинетите на истражувачите и во фиоките и архивите на институциите.

Идеите, активностите и борбата за „чиста и безбедна животна средина“ и „одржлив развој и одржливо живеење“ се дел од програмите и агендите на сите политичари, на државно и на локално ниво. Особено во предизборните кампањи, кога сите тие идеи и политики се силно пропагирани и објаснувани во сите и со сите маркетиншки средства. Ветувањата се безрезервни и безусловни само за да се освојат посакуваните функции и позиции. Целата борба и сите тие силни заложби завршуваат со усвојувањето на функцијата и седнувањето во удобните кабинети и фотелји.

За жал, активната борба за „чиста и безбедна животна средина“ и „одржлив развој, одржливо живеење“ завршува тука и многубројните замисли стануваат бавни, млаки, дел од говорите кои и понатаму ќе ги држат говорниците на разни собири и конференции, или пак дел од опозициските движења на секое ниво.

Големите кризи и катастрофи, на локално и на меѓународно ниво (пандемијата на ковид-19, енергетската криза со војната во Украина, земјотресите во пошироки појаси на Земјата) секогаш го потсетуваат човекот на некои од грешките (нездравото живеење и нарушеното светско здравје на луѓето, лошата распределба на превласта на главните енергенти за сите животни активности – од електричната енергија преку горивата дури до храната, лошото менаџирање на градењето на градовите и урбаните средини). Бидејќи екосистемските услуги главно се сметаат за економско опкружување, тие немаат цена и поради тоа се прекумерно искористени и деградирани, состојба што понекогаш се нарекува „заедничка трагедија“. Последиците од сите нив, за целата планета Земја и целото човештво се катастрофални.

Општествените нарушувања како војна, криминал и корупција ги одземаат ресурсите од оние области што претставуваат најголеми човечки потреби, го оштетуваат капацитетот на општествата за правење планови за иднината и во принцип се закануваат на благосостојбата на човекот и на животната средина.

Исцрпувањето на природните ресурси, вклучувајќи ја и свежата вода, ја зголемува веројатноста за „војна за ресурси“. Овој аспект на одржливоста се нарекува еколошка безбедност и создава јасна потреба за глобална еколошка согласност за управување со ресурсите како што се водоносните слоеви и реките што ги пречекоруваат политичките граници, и за заштита на заедничките глобални системи како океаните и атмосферата.

За жал, сите луѓе – функционери од највисоко до најниско ниво (на меѓународно и на локално ниво) стануваат дел од системската бирократија. Функцијата се искористува за да се стане дел од власта која ќе управува со ресурсите (многумина јавно или затскриено стануваат и сопственици на ресурсите), дел од структурите кои ќе ги контролираат ресурсите и емисиите/имисиите на локално, регионално и меѓународно ниво.

Бидејќи, ЗА ЖАЛ, НЕМАМЕ ПЛАНЕТА Б, останува онаа најосновната, но најсуштинска задача и активност на сите нас. Колку и да звучи дека сме во 21 век и дека тоа е веќе во голема мера завршена работа, мислам дека не е и дека сè уште е отворена за интензивна работа. Мораме да работиме на СВЕСТА на сите нас, луѓето, од најмалите до највозрасните, да се менуваме и усогласуваме за подобра и почиста животна средина. Конечно, сè што ќе научиме и ќе стекнеме ново знаење и искуство – да го применуваме од истиот момент. Покрај другите знаења, сите млади генерации треба да имаат важни предмети за изградување на нивната свест за чиста животна средина. Политичарите и функционерите да ја остават и да ја тргнат алчноста од ресурсите и енергентите на човештвото. Светските лидери да ги остават воените пресметки и военото профитерство во историјата и да ги насочат своите идеи и сили во трките чија цел е да се постигне и обезбеди подобра и почиста животна средина.

Сеопфатно заснованите стратегии за повеќе одржливи општествени системи вклучуваат: развиено образование и политичка еманципација на жените, особено во земјите во развој; поголемо почитување на општествените права, еднаквост помеѓу богатите и сиромашните, како во внатрешноста така и помеѓу државите; и меѓугенерациска еднаквост.

Повторно и повторно може да звучи утопистички, или професорски, но тоа мора да биде така. Ако не се случи тоа, ако децата и учениците растат без изградена свест каде да ја фрлат амбалажата од кроасанот и сендвичот, лименката или шишето од сокот, ако политичарите ја практицираат власта само за брзо богатење преку остварување процент од сопствеништво на ресурсите на енергентите (централите на фотоволтаици, ветерници, мали хидроцентрали) – тогаш филмовите и апокалиптичните сценарија од фантастичните филмови полека ќе стануваат реалност – ЗА ЖАЛ, НЕМАМЕ ПЛАНЕТА Б.

–  д-р Анита Грозданов, редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Junior Events coordinator and Junior Networks Assistant (Europe House Bitola)

Please find enclosed ToRs (Terms of References) for the vacancies of Junior Events coordinator and Junior Networks Assistant for the new Europe House Bitola, scheduled for opening on the 6th of May.

Applications with CV and Letter of interest should be sent to aneta.spirkoska@bseurope.com and euwithyou_mk@bseurope.com latest by 7th of April COB. Only pre-selected candidates which fulfill the minimum requirements will be contacted for interview.

ToR_ Junior Local Event coordinator

ToR x Junior Local EH Networks Assistant

Project openings COMMUNICATION ABOUT THE EU

Applications with CV and Letter of interest should be sent to aneta.spirkoska@bseurope and euwithyou_mk@bseurope.com latest by 9th of January 2023 COB.

The subject of the email sent by applicants should mention the position they are applying for.

2 x Junior Local EH Networks Assistant v2

ToR_2 x Junior Local Event coordinator

ToR_Junior Content Manager

ToR_Junior EH Skopje Assistant

ToR_Senior Events and Strategic Communication Manager

ToR_Senior Events Manager

ToR_Senior Social Media Manager

Subscribe To our newsletter!