
Категорија: Новости
3 театарски претстави во Кочани
Три претстави ќе бидат изведени во Кочани до крајот на месецов. Ги организира Јуроп хаус како дел од есенската културна и едукативна програма во Кочани, во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani.
На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На 27 октомври во 13 часот ќе биде изведена „Црвенкапа“ на Александар Поповиќ во режија на Димитар Христов, на Театарот за деца и младинци од Скопје, а на 29 октомври во 20 часот-
„Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ, на Народниот театар од Штип
Настаните ќе се одржат во Центарот за култура „Бели Мугри“, а влезот е бесплатен. Со програмата, Јуроп хаус ги поддржува културните иницијативи во Кочани.
20 ГОДИНИ ЕВРОПСКА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ
20 ГОДИНИ ЕВРОПСКА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ: СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ЦЕРН ИЗЛОЖБАТА
Делегацијата на ЕУ и Јуроп хаус вчера, со настан во просториите на Дајмонд Мал, ја одбележаа Европската Ноќ на Истражувачите 2025. Настанот претстави финален чекор од бројните активности кои Јуроп хаус ги организираше низ целата земја. Оваа година е јубилејна за науката, бидејќи низ цела Европа се одбележуваат 20 години од Европската Ноќ на Истражувачите, што ја прави 2025-та значаен момент во промовирањето на науката. Токму затоа, главниот настан оваа година, изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“, се реализираше во соработка со една од најважните светски научни институции – ЦЕРН, водечкиот центар за нуклеарна и честичка физика, како и со Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
За време на отворањето на изложбата се обратија амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Михаелис Рокас, проф. д-р Мимоза Ристовска од Институтот за физика при ПМФ, д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН, како и Јан Стојановски, студент од ПМФ, меѓународно признат по физика и математика и претставник на новата генерација млади истражувачи. Амбасадорот Рокас во своето обраќање истакна: „Целта на овој настан е да ја разгори љубопитноста кај младите и да ги охрабри да се стремат кон кариера во науката и технологијата. Преку изложби како оваа, покажуваме дека науката не е апстрактна – таа е жива, жива практика која влијае на сите нас. Во време кога дезинформациите и теориите на заговор премногу често доминираат во јавниот дискурс, ваквите иницијативи ја демонстрираат посветеноста на ЕУ кон знаење засновано на факти и критичко размислување. Како што вели познатата полско-француска физичарка и хемичарка, добитничка на Нобелова награда, Марија Склодовска-Кири: „Од ништо во животот не треба да се плашиме, само треба да разбираме. Сега е времето да разбереме повеќе, за да се плашиме помалку.““ Д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН додаде: „Би сакал да ја изразам својата благодарност до Јуроп Хаус и до научната заедница од Скопјe за одлуката да го посвети овој настан, како дел од Европската ноќ на истражувачите, на изложба за ЦЕРН. Се надевам дека оваа изложба ќе придонесе, макар и во мала мера, кон активностите на Јуроп Хаус што водат кон членство на вашата земја во Европската Унија и ги промовираат приоритетите и активностите наменети за помладата генерација. Искрено се надевам дека оваа изложба ќе биде мост за продлабочување на врските и зајакнување на соработката меѓу ЦЕРН и македонските научници и дозволете ми да додадам дека во би ни било мило да ве имаме како наши гости во ЦЕРН!“. Проф. д-р Мимоза Ристовска, која во текот на 2020 година престојуваше во ЦЕРН во Женева, истакна: „Додека денес на оваа изложба ги гледаме научните резултати и технологиите кои произлегоа од ЦЕРН за добробит на човетвото, да се потсетиме дека зад нив стои Европскиот дух на соработка меѓу народите, којшто некој внимтелно го зародил.” Јан Стојановски, студент и млад истражувач, изјави: „Особено сум горд што и во нашата земја има научници кои работат во различни области и кои се дел од меѓународни тимови. Од учествата на натпревари сум видел дека има и многу млади кои се подготвени да го посветат својот живот на науката. Се надевам дека ќе продолжат по тој пат и ќе го развиваат овој благороден повик.“ Во наредните две недели изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ на посетителите ќе им даде можност да ја истражат историјата на универзумот и честичката физика, да учествуваат во виртуелни прошетки низ акцелераторот на ЦЕРН и да го посетат детското научното катче која преку игра ќе ги запознае децата со атомите и периодниот систем.
Активности по повод Европската Ноќ на Истражувачите се одржаа и во Битола, Струга, Охрид, Тетово, Велес, Крива Паланка, Куманово и Струмица, каде беа реализирани паралелни програми со различни иницијативи, но сите во духот на науката и истражувањето. Во Битола граѓаните имаа можност да доживеат виртуелна реалност, во Струга и Охрид се организираа активности под мотото „Наука покрај брегот“, во Струмица децата и средношколците беа вклучени во креирање научни експерименти, а во Велес беше реализирано научно „ловење богатство“. Во Крива Паланка и Куманово учениците учествуваа во лабораториски сесии кои на крај добија и симболичен „пасош за млад научник“. Во руралните училишта од тетовскиот регион младите беа вклучени во лабораториски работилници, а планирано е и преку Јуроп хаус, ученици од Кочани да допатуваат во Скопје за да ја посетат изложбата на ЦЕРН. Дополнително, во рамките на програмата планирано е да се одржи уште еден настан, поточно мастер-клас на д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН на тема “ЦЕРН, Големиот хадронски сударач и идните забрзувачи на честички”, кој ќе се реализира во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Со одбележувањето на Европската Ноќ на Истражувачите и партнерството со ЦЕРН и Институтот за физика при ПМФ, Делегацијата на ЕУ и Јуроп хаус уште еднаш ја истакнаа својата силна посветеност кон науката, истражувањето и иновациите. Преку ваквите настани се овозможува не само да се приближи науката до јавноста, туку и младите да ја видат својата иднина како дел од европската научна заедница. Настаните имаат за цел да им дадат видливост на младите талентирани истражувачи, да ги поврзат со светски научни практики и да им понудат инспирација за нови идеи и достигнувања. Оваа иницијатива ја нагласува важноста науката да биде достапна за сите, без разлика дали се ученици, студенти или љубопитни граѓани кои сакаат да дознаат повеќе.
Изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ во Дајмонд Мал во Скопје останува отворена за јавноста до 15 октомври. Сите заинтересирани се поканети да ја посетат, да откријат фасцинантни факти за универзумот и честичката физика и да ја доживеат науката одблизу преку интерактивни содржини и едукативни активности.
ЕВРОПСКА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЌИТЕ 2025
20 YEARS OF EUROPEAN RESEARCHERS’ NIGHT: SKOPJE HOSTS THE CERN EXHIBITION
Делегацијата на ЕУ и Јуроп хаус вчера, со настан во просториите на Дајмонд Мал, ја одбележаа Европската Ноќ на Истражувачите 2025. Настанот претстави финален чекор од бројните активности кои Јуроп хаус ги организираше низ целата земја. Оваа година е јубилејна за науката, бидејќи низ цела Европа се одбележуваат 20 години од Европската Ноќ на Истражувачите, што ја прави 2025-та значаен момент во промовирањето на науката. Токму затоа, главниот настан оваа година, изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“, се реализираше во соработка со една од најважните светски научни институции – ЦЕРН, водечкиот центар за нуклеарна и честичка физика, како и со Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

За време на отворањето на изложбата се обратија амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Михаелис Рокас, проф. д-р Мимоза Ристовска од Институтот за физика при ПМФ, д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН, како и Јан Стојановски, студент од ПМФ, меѓународно признат по физика и математика и претставник на новата генерација млади истражувачи. Амбасадорот Рокас во своето обраќање истакна: „Целта на овој настан е да ја разгори љубопитноста кај младите и да ги охрабри да се стремат кон кариера во науката и технологијата. Преку изложби како оваа, покажуваме дека науката не е апстрактна – таа е жива, жива практика која влијае на сите нас. Во време кога дезинформациите и теориите на заговор премногу често доминираат во јавниот дискурс, ваквите иницијативи ја демонстрираат посветеноста на ЕУ кон знаење засновано на факти и критичко размислување. Како што вели познатата полско-француска физичарка и хемичарка, добитничка на Нобелова награда, Марија Склодовска-Кири: „Од ништо во животот не треба да се плашиме, само треба да разбираме. Сега е времето да разбереме повеќе, за да се плашиме помалку.“ Д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН додаде: „Би сакал да ја изразам својата благодарност до Јуроп Хаус и до научната заедница од Скопјe за одлуката да го посвети овој настан, како дел од Европската ноќ на истражувачите, на изложба за ЦЕРН. Се надевам дека оваа изложба ќе придонесе, макар и во мала мера, кон активностите на Јуроп Хаус што водат кон членство на вашата земја во Европската Унија и ги промовираат приоритетите и активностите наменети за помладата генерација. Искрено се надевам дека оваа изложба ќе биде мост за продлабочување на врските и зајакнување на соработката меѓу ЦЕРН и македонските научници и дозволете ми да додадам дека во би ни било мило да ве имаме како наши гости во ЦЕРН!“. Проф. д-р Мимоза Ристовска, која во текот на 2020 година престојуваше во ЦЕРН во Женева, истакна: „Додека денес на оваа изложба ги гледаме научните резултати и технологиите кои произлегоа од ЦЕРН за добробит на човетвото, да се потсетиме дека зад нив стои Европскиот дух на соработка меѓу народите, којшто некој внимтелно го зародил.” Јан Стојановски, студент и млад истражувач, изјави: „Особено сум горд што и во нашата земја има научници кои работат во различни области и кои се дел од меѓународни тимови. Од учествата на натпревари сум видел дека има и многу млади кои се подготвени да го посветат својот живот на науката. Се надевам дека ќе продолжат по тој пат и ќе го развиваат овој благороден повик.“ Во наредните две недели изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ на посетителите ќе им даде можност да ја истражат историјата на универзумот и честичката физика, да учествуваат во виртуелни прошетки низ акцелераторот на ЦЕРН и да го посетат детското научното катче која преку игра ќе ги запознае децата со атомите и периодниот систем.






Активности по повод Европската Ноќ на Истражувачите се одржаа и во Битола, Струга, Охрид, Тетово, Велес, Крива Паланка, Куманово и Струмица, каде беа реализирани паралелни програми со различни иницијативи, но сите во духот на науката и истражувањето. Во Битола граѓаните имаа можност да доживеат виртуелна реалност, во Струга и Охрид се организираа активности под мотото „Наука покрај брегот“, во Струмица децата и средношколците беа вклучени во креирање научни експерименти, а во Велес беше реализирано научно „ловење богатство“. Во Крива Паланка и Куманово учениците учествуваа во лабораториски сесии кои на крај добија и симболичен „пасош за млад научник“. Во руралните училишта од тетовскиот регион младите беа вклучени во лабораториски работилници, а планирано е и преку Јуроп хаус, ученици од Кочани да допатуваат во Скопје за да ја посетат изложбата на ЦЕРН. Дополнително, во рамките на програмата планирано е да се одржи уште еден настан, поточно мастер-клас на д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН на тема “ЦЕРН, Големиот хадронски сударач и идните забрзувачи на честички”, кој ќе се реализира во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.




Со одбележувањето на Европската Ноќ на Истражувачите и партнерството со ЦЕРН и Институтот за физика при ПМФ, Делегацијата на ЕУ и Јуроп хаус уште еднаш ја истакнаа својата силна посветеност кон науката, истражувањето и иновациите. Преку ваквите настани се овозможува не само да се приближи науката до јавноста, туку и младите да ја видат својата иднина како дел од европската научна заедница. Настаните имаат за цел да им дадат видливост на младите талентирани истражувачи, да ги поврзат со светски научни практики и да им понудат инспирација за нови идеи и достигнувања. Оваа иницијатива ја нагласува важноста науката да биде достапна за сите, без разлика дали се ученици, студенти или љубопитни граѓани кои сакаат да дознаат повеќе.
Изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ во Дајмонд Мал во Скопје останува отворена за јавноста до 15 октомври. Сите заинтересирани се поканети да ја посетат, да откријат фасцинантни факти за универзумот и честичката физика и да ја доживеат науката одблизу преку интерактивни содржини и едукативни активности.
Europe House @ Kocani
Изминатиот мај, организиравме хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме Заедно“. Како мрежа, во духот на солидарноста, продолжуваме да стоиме покрај Кочани
преку креирање нови активности што ги зближуваат луѓето, инспирираат и ја зајакнуваат локалната заедница.
За месец септември, Europe House @ Kocani организира:
Кино на отворено
12 септември (Петок). Краток филм „Пепи и Муто“ во режија на Георги Унковски. Следи наградуваниот македонски игран филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.
13 септември (Сабота). Кратот филм „Човекот со чудна навика“ во режија на Вардан Тозија и долгометражниот документарен филм „Ефтеркланг Македониум бенд” во режија Андреас Јонсен. Следи разговор со главниот протагонист во филмот Владица Младеновски.
20:00 часот
пред Домот на култура – Кочани
19 септември „Вело родео“ – активности во рамки на Европската недела на мобилност, во соработка со организацијата Вело Училишта. Ќе се спроведат работилници за безбедно возење велосипед и настан на велосипедска патека со препреки и предизвици, со цел едукација и поттикнување на користење алтернативни и еколошки видови транспорт
24 септември „Electionville“ – интерактивна игра за средношколци, реализирана низ државата во соработка со Шведската амбасада, со цел запознавање на учениците со функционирањето на локалната власт.
Како редење сложувалка – Преиспитување десет години по пожарот во дискотеката во Гетеборг
Како чин на поддршка и солидарност со граѓаните на Кочани и другите општини погодени од трагичниот настан во ноќниот клуб „Пулс“, 7-члена делегација од Гетеборг, Шведска ќе го сподели своето искуство од слична трагедија во текот на 3-дневната посета на Кочани (16 – 18 јуни 2025). Пожарот во клубот во Гетеборг што се случи пред 27 години е мотив да се пренесат искуствата, процесите на закрепнување и градењето на отпорноста низ кои минало нивното општество.
На официјалното отворање на мисијата, на 16 јуни, официјално ќе биде предаден преводот на книгата во која се преиспитуваат настаните во Гетеборг, и која е преведена како дел од мисијата со цел да се поддржат засегнатите читатели во нивниот процес на закрепнување. (Линк до книгата)
Посетата на делегацијата од Гетеборг на Кочани е иницијатива на #ТeamЕurope организирана од Амбасадата на Кралството Шведска, Делегацијата на Европската Унија, Јуроп хаус и Центарот за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) – Малинска, во соработка со Општина Кочани и локалната иницијатива „Поддржи го Кочани“.
СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО (ДЕН НА ЕВРОПА 2025)
ДЕНОТ НА ЕВРОПА 2025 ПОМИНА ВО ЗНАК НА ЕВРОПСКАТА СОЛИДАРНОСТ И ПОДДРШКАТА ЗА КОЧАНИ
Над 3.300 учесници во седум града се обединија во солидарност, собирајќи речиси 1,5 милиони денари донации на настани организирани во текот на месец мај по повод 09 мај – Денот на Европа. Оваа година, одбележувањето на Денот на Европа беше посветено на поддршка на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани преку низа активности што ги организираше Делегацијата на Европската Унија и мрежата Јуроп хаус. Во знак на поддршка, граѓаните трчаа на хуманитарни трки и учествуваа на аукции со дела на домашни уметници, искажувајќи ја својата хуманост и солидарност како со семејствата на настраданите, така и со целата заедница во градот Кочани.
ЕУ со голема посветеност ја продолжува и долгорочната психосоцијална поддршка за погодените од оваа несреќа. Во рамките на таа поддршка, во соработка со Шведската Амбасада, најавена е и посета на делегација од шведскиот град Гетеборг, која ќе ги сподели своите искуства за справување со колективна траума по сличната трагедија што се случи во овој град, во 1998 година.
Оваа година, Денот на Европа беше одбележан со силна порака за солидарност. Преку низа активности во знак на заедништво, граѓаните покажаа што значи да се биде едно кога човечноста е најпотребна. Од уметници до тркачи, од деца до возрасни – сите беа обединети зад една цел.
Поддршката од Европската Унија за Кочани започна веднаш по трагедијата, со активацијата на Механизмот за цивилна заштита, преку кој 115 лица погодени од несреќата беа транспортирани на лекување во земји-членки на ЕУ и партнерски држави. Брзата и координирана реакција уште еднаш ја потврди силната европска солидарност. За многумина, овој брз одговор беше од животна важност.

За време на приемот по повод Денот на Европа 2025, на 8 мај, во Музејот на современа уметност – симбол на отпорот и солидарноста на Скопје – во соработка со ДЛУМ беше поставена и уметничка изложба на која домашни уметници несебично донираа свои дела кои беа ставени на продажба со една единствена цел – собирање средства за помош на настраданите од трагедијата во Кочани.



На 9 мај, во седум града низ државата беа осветлени значајни историски и културни објекти во сина боја, како симбол на единството и солидарноста меѓу европските народи.
Хуманитарните трки како главен настан се одржаа на 25 мај, кога во седум града низ земјата (Скопје, Битола, Велес, Тетово, Струмица, Струга и Крива Паланка) се трчаше за Кочани. Според официјалните податоци, на трките „Сите за Кочани. Трчаме заедно.“ беа пријавени над 3.300 учесници. Иако временските услови не беа благонаклонети, тоа не ги спречи граѓаните да трчаат и по дожд, обединети со цел да му помогнат на Кочани.






Учесници на дел од трките беа и претставници од амбасадите на земјите-членки на Европската Унија, под мотото #TeamEurope, кои давајќи личен пример, трчаа заедно со граѓаните низ сите седум града.

Вкупната сума собрана од донациите преку хуманитарните трки и уметничката аукција, изнесува речиси 1,5 милиони денари. Собраните средства се префрлени на сметката на Црвениот крст, која е наменета за поддршка на настраданите од трагедијата во Кочани.
Делегацијата на Европската Унија обезбеди и долгорочна поддршка за граѓаните на Кочани, сè со цел полесно справување со траумите од несреќата преку Центарот за психосоцијална и кризна акција.
Воедно, земјите членки на ЕУ, преку своите национални механизми, индивидуално обезбедуваат и различни форми на поддршка. Како дел од ова, Амбасадата на Шведска организира посета на делегација од шведскиот град Гетеборг, каде што во 1998 година, во сличен пожар во дискотека загинаа повеќе од 60 претежно млади луѓе. Целта на посетата на шведската делегација е споделување искуства за справување со колективната траума во Кочани.
Погледнете видеото со дел од атмосферата на сите седум трки, снимено на различни локации низ државата – сведоштво за ден исполнет со хуманост, љубов и солидарност.
Добитници на наградната игра „Навигатор“

Европска недела на мобилност
Делегацијата на Европската Унија, Јуроп хаус и Агенцијата за пошти, најавуваат активности во рамки на Европската недела на мобилност 2024. Активностите ќе се одржат на 19-ти септември (четврток), под мотото „Ден на зелена достава,“ а иницијативата е насочена кон поддршка на одржлива урбана мобилност и заштита на животната средина.
Националниот давател на универзалната услуга АД Пошта на Северна Македонија, како и седум лиценцирани даватели на поштенски услуги : Карго Експрес ДООЕЛ увоз извоз Битола, ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје, ИН ТИМЕ МК БПС ДОО Скопје (UPS), ТПЛ Тотал Пост Логистик ДООЕЛ Скопје, ИН ПОШТА РАДЕСКИ ДООЕЛ Скопје, ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДОО Скопје и ВИА ПОСТ ДООЕЛ Скопје, ќе ја поддржат оваа иницијатива преку употреба на еколошки транспортни средства (велосипеди, електрични тротинети, достава пеш итн.), за достава на поштенските пратки до граѓаните. Оваа активност ќе помогне во намалувањето на загадувањето и ќе придонесе кон подобрување на животна средина. Воедно, иницијативата ќе се организира и ширум земјата, односно во сите региони каде ќе има достава, а меѓу другите и во дел од градовите од Јуроп хаус мрежата: Скопје, Струмица, Битола, Струга и Тетово.
„Ден на зелена достава“ има за цел да промовира алтернативен и одржлив начин на транспорт, кој е пријателски насторен кон природата и граѓаните, а преку оваа иницијатива, давателите на поштенски услуги ќе ја покажат и својата општествена одговорност и заложба за подобра мобилност и почиста животна средина.
Европската недела на мобилност е кампања основана од страна на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност. Оваа иницијатива има за цел да поттикне промени во навиките, промовирајќи активна мобилност, чист јавен превоз, како и други интелигентни транспортни решенија. Главните активности се одвиваат секоја година помеѓу 16-ти и 22-ри септември, а завршуваат со популарниот „Ден без автомобили“.
Секоја година, сѐ повеќе градови се приклучуваат кон оваа иницијатива, која има огромен медиумски интерес и е препознаена како двигател на одржливата урбана мобилност не само во Европа, туку и пошироко.



