euhouse, Author at Europe House - Page 11 of 13

„Татко“: Непознат лавиринт без клопче за навигација

Иако човечкиот ум е еден огромен нестабилен лавиринт, сепак постојат одредени компоненти кои помагаат при навигација и нè држат делумно синтетизирани. Едно од тие навигациски клопчиња се сеќавањата, а филмот „Татко“ (на култниот сценарист и тазе режисер Флоријан Зелер) се фокусира токму на нив и ги испитува преку перспективата на човек кој страда од деменција.

Губењето на сеќавањата е честа тема во современиот филм – од „евтини“ психолошки крими трилери до „артхаус“ филмови како „Љубов“ од Ханеке. Зачестеноста на оваа тема се поврзува и со постмодернистичките струења во кои доминира преиспитувањето на реалноста, вистината, идентитетот и самата уметност, па оттаму и опсесијата со сеќавањата. Но во „Татко“, темата на губење на меморијата нема за цел да ја деконструира културолошката свест до таа мера или, пак, да даде некаков критичен коментар за општеството во кое живееме. Напротив, фокусот е врз самата ментална состојба и како таа може да влијае на еден човек и неговото семејство.

Зелер првично го напишал текстот како театарска претстава, инспириран од искуствата на тетка му која страдала од деменција. Во центарот на приказната се Ентони – постар човек кој страда од оваа ментална состојба и Ен – ќерка му која се грижи за него. Нив ги играат култните британски актери Ентони Хопкинс и Оливија Колман чии сирови перформанси го воздигнуваат филмот дополнителни скалила погоре. Но ниту генијалноста на Зелер не е за потценување – за да ги долови тешкотиите кои ги носи деменцијата, тој ја истенчува границата меѓу формата и содржината, како и меѓу гледиштето на главниот лик и онаа на гледачите.

Мешањето на овие две перспективи е честа раскажувачка тактика, која може да служи за да ги засили чувствата кај гледачите или, пак, за да ги преиспита границите меѓу фикцијата и реалноста. Во „Татко“, бришењето на таа граница служи и за да се симулираат симптомите на деменција – за самиот гледач да ја доживее и почувствува оваа ментална состојба колку што е можно посилно и веродостојно. Па така, филмот нема праволиниско дејство. Нема иднина, минато и сегашност, туку сè е колекција на измешани сеќавања на Ентони кои се претопиле едни во други. Зелер користи и внимателно испланирани монтажни резови за гледачот неочекувано да премине од еден спомен во друг. Во тие мигови, шокот што го доживуваат гледачите е пандан на оној што го доживуваат лицата со деменција кои исто така не знаат во која секунда ќе преминат во сосема различна ситуација.

Речиси целото дејство се случува во еден стан кој ги има карактеристиките на сите станови во кои престојувал Ентони низ годините, а сет дизајнот (за кој е одговорен Питер Франсис) суптилно се менува во текот на филмот. Мебелот, боите на ѕидот, редоследот на закачените слики… сè е во постојано движење за на крајот гледачот да не знае каде се наоѓа на временската оска, во кој стан, и во кое сеќавање.

Со овие тактики, Зелер ги остава гледачите еднакво дезориентирани како и Ентони. Целиот филм е како непознат лавиринт, а единственото волнено клопче за навигација е исплашен главен лик, заробен и изгубен во своите краткотрајни чувства и сеќавања на кои се фиксира – како ќерка му го гали, како му најавува дека ќе се сели во Париз, како го запознава со различни негувателки итн. Како тој да е демнет од грижата на совест, тагата и осаменоста кои ги чувствува по нејзиното заминување.

„Татко“ ја заслужува славата која ја доживеа минатата година. Беспрекорната глума, генијалниот сет дизајн и иновативната раскажувачка техника се повеќе од доволно причини за да се погледне филмот. Најважно, тој поттикнува разбирање и длабока емпатија со луѓето кои секојдневно се соочуваат со оваа ментална состојба. Преку давање подлабок приказ на деменцијата, филмот исто така го соголува човекот и покажува колку ранлив вистински може да биде. Веројатно, неслучајно се одбира и насловот „Татко“. Збор кој иако има безброј конотации, културолошки е асоциран со стабилност, моќ, рационалност – нешта кои Ентони за жал ги губи.

Филипа Сара Попова

Отворен повик за сите дизајнери, илустратори и ликовни уметници од 18 до 35 години по повод 3-от роденден на Europe House Скопје

„Апотеоза на трудот“ – познатиот мозаик на уметникот Лазар Личеноски го слави развојот на трудот и хуманоста. ЧЕСТИТ ТРУД НИЗ ВЕКОВИ СОЗДАДЕ КУЛТУРИ И ЦИВИЛИЗАЦИИ И ДОСТОИНСТВО НА ВИСТИНСКИ ЧОВЕК, е основната порака на ова дело кое го претставува и животното мото на Личеноски.

Инспирирани од идејата зад неговото дело ги повикуваме уметниците на територија на Република Северна Македонија да создадат своевидна дигитална екстензија на муралот на Личеноски ,,Апотеоза на трудот”, користејќи дигитални алатки, што подразбира:

  • Ново дигитално дело кое ќе ја продолжи низата на мозаикот – која завршува со приказот на жената означувајќи го 20-от век – со свое видување на продолжението на развојот на трудот денес.

Детали за мозаикот „Апотеоза на трудот“.

Технички барања:

  • Секој учесник може да учествува во повикот со поднесување на 1 или најмногу 3 идејни решенија.
  • Илустрациите потребно е да бидат доставени во и PNG. формат. Документот да не биде поголем од 10MB.
  • Илустрациите да бидат хоризонтален формат (landscape).
  • Именувани со име и презиме или прекар на уметникот
  • Кус опис на делото
  • Да бидат испратени на euhinfo@europehouse.mk најдоцна до 27.11.2022, 23:59ч. E-mail Subject: Apotheosis of Labour – Име и презиме / прекар на уметникот

Одбраните креативни решенија ќе бидат дел од тематскиот календар на Europe House 2023 година за што ќе следува финансиски надоместок. Одбраните автори исто така ќе добијат промоција на социјалните медиуми на Europe House, на веб портали и на платформата ЕУ за Култура.

Пристигнатите креативни решенија ќе бидат разгледувани од страна на стручна комисија формирана за овој отворен повик, која ќе биде составена од: Зоран Кардула, илустратор и дизајнер; член од тимот на Europe House; член од Делегацијата на ЕУ.

Europe House го задржува правото на избор кои од пристигнатите креативни решенија би биле застапени во календарот, во каков облик и во колкав дел. Europe House го задржува правото и да ги добие избраните дела како посебни графички елементи во графичката форма: .ai, кои подоцна може да подлежат на адаптација за креирање на Europe House календар за 2023 година. Europe House го задржува и правото избраните дела/ креативни решенија да ги користи за потребите на своите социјални медиуми.

Во духот на целата роденденска програма која ја посветуваме на ликот и делото на Личеноски, имаме за цел, културното наследство на Лазар Личеноски да го пренесеме на младите генерации и да им отстапиме простор да продолжат, пронаоѓајќи нови начини и користејќи ги ресурсите на дигиталниот свет со кој располагаме во современото општество.

Европскиот парламент во потрага по практиканти

Дали сте заинтересирани за развивање на младински иницијативи на Собранието? Да работите со младински организации? Поддршка при организирање на Европската младинска награда Карло Велики (ang. European Charlemagne Youth Prize)?

👉 Post A: Youth Outreach, Youth Engagement and Events
🔗 http://epfacebook.eu/POST-A

💛 Generating ideas for content on social media and communication campaigns? Producing attractive visuals and multimedia content? Engaging with social media communities?

Apply to 👉 Post B: Social Media and Content Production
🔗 http://epfacebook.eu/POST-B

💛 Supporting the organisation of EYE2023 and the implementation of the next European elections programme? Implementing an idea development process and coming up with ways to engage young people?

Apply to 👉 Post C and Post D: EYE2023 Event Support
🔗 http://epfacebook.eu/POST-C OR 🔗http://epfacebook.eu/POST-D

2023 #Erasmus+ повик

2023 #Erasmus+ повикот и можноста универзитетите од 🇦🇱 🇧🇦 🇲🇪 🇽🇰 🇲🇰 🇷🇸 да станат дел од иницијативата #EuropeanUniversity.

Со рекорден буџет од €384 милиони, иницијативата која ги вмрежува европските универзитети, нуди можност за студентите да стекнат диплома преку комбинирано студирање во неколку ЕУ земји.

Крајниот рок за поднесување апликации е 31 јануари 2023.

call for proposals for the 2023 Erasmus+ European Universities

Филмот „Чичко“ го отвора МФФ Киненова

„Чичко“ утре го отвора МФФ Киненова: Актерската ѕвезда Горан Богдан и режисерите Давид Капац и Андрија Мардешиќ гости на Фестивалот

 МФФ Киненова на денешната прес конференција претстави дел од екипата од филмот „Чичко“ кој утревечер го отвора Фестивалот. Во Скопје допатуваа режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, кои го потпишуваат хрватскиот филм „Чичко“и актерот Горан Богдан, кој покрај Мики Манојловиќ толкува една од главните улоги. Со нив разговорот го започна уметничкиот директор на фестивалот Гена Теодосиевска, која ги претстави гостите од Хрватска.

Со нив разговорот на денешната прес конференција во Europe House го започна уметничкиот директор на фестивалот Гена Теодосиевска која ги претстави гостите од Хрватска.

#BeActive во Градски Парк Скопје

Во склоп на Европската недела на спортот ве покануваме заедно да го одбележиме #BeActive Day!

Традиционално по трети пат го организираме кај нас. Овој ден е дел од големата европска иницијатива која промовира визија за повеќе луѓе низ Европа и кај нас да бидат поактивни и поздрави.
За таа цел на 1 Октомври (сабота) од 12:00 часот организираме голем настан на повеќе локации во Градскиот парк во Скопје. Главните активности ќе бидат на терените на ФК Работнички, но следете ја мапата за другите забавни содржини низ целиот парк!

Подгответе се за забава и за вежбање на многу !

ИЗГРАДБА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ Europe House ВО Селектирани ГРАДОВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Европската Унија, претставена преку Европската комисија, во името и за сметка на Владата на Република Северна Македонија, планира да додели договор за градежни работи за дополнителни објекти за Europe House во Струга и Битола (Лот 1), Велес (Лот 2) и Тетово (Лот 3). Крајниот рок за поднесување на понудата е 4 ноември 2022 година, до 18:00 часот CET.

https://www.eeas.europa.eu/delegations/north-macedonia/nearskp2022ea-lop0093-construction-additional-europe-houses-selected_en

Subscribe To our newsletter!