Автор: milan
Дина Дума: За проблемите на младите треба отворено да се дискутира
Разговараше: Наташа Атанасова
За многумина од нас, кои сме родени во преддигиталната доба, не е баш јасно што значи да се биде млад во денешното дигитално општество. Освен ако немате тинејџер дома, можете само да си правите претпоставки. Минатата година, појавувањето на филмот „Сестри“ на сите ни даде можност да ѕирнеме во реалноста на младите денес, во која виртуелните случки можат да бидат прашање на живот или смрт.
Додека филмот деновиве освои уште една награда, за најдобар филм во категоријата од 11 до 19 години на Меѓународниот филмски јуниорски фестивал во Стокхолм, со Дина Дума разговаравме за прашањата што ги отвори и за она што како општество ни претстои за справувањето со проблемите со кои се соочуваат младите во нивните најранливи тинејџерски години.
Уште во 2017 година најавуваше дека го подготвуваш твојот прв долгометражен филм. Тежок ли беше патот до неговата реализација, имајќи предвид дека филмот е една од најскапите и најкомплексните уметности?
За да се создаде едно филмско дело најчесто е потребно околу пет години, посебно кога станува збор за дебитантски филм во земја каде што филмот и културата не се развиени. Од идеја до реализација и финален продукт патот е навистина непредвидлив. Сценариото за филмот го пишував од 2016 година, за кон крајот на 2019 година да се случи снимањето. Кога си дебитант не е едноставно да се стигне до буџет и најчесто филмовите на дебитантите во нашата земја се снимаат со ниски буџети. Но, од друга страна, во последните неколку години Агенцијата за филм поддржува дебитантски проекти, што не беше случај порано.
Во многу наврати кажуваш дека идејата за „Сестри“ ти е од вистински настан од твоите средношколски денови. Кога реши дека треба да ја ставиш на хартија и да ја преточиш во сценарио? Колку време траеше тој процес на пишување и допишување?
Уште кога дипломирав знаев дека мојот прв долгометражен игран филм ќе ја обработува токму оваа тема, инспирирана од вистински настани од моите средношколски денови. Кратко по дипломирањето почнав да го осмислувам филмот и приказната за филмот „Сестри“, а сценариото го развивав и пишував три години.
Какви подготовки му претходеа на снимањето на филмот, особено во поглед на дефинирањето на визуелниот јазик и работата со младите глумци кои не се глумци по професија?
За да се подготви еден филм за снимање потребни се околу девет месеци, некогаш и повеќе. За мене најважен беше кастингот како дел од процесот на подготовки, кој траеше околу 6 месеци. Беше важно да ги најдеме вистинските ликови кои ќе соодветствуваат на карактерите од филмот.
Откако кастингот заврши и девојките беа кастирани, започнавме со проби кои ми беа клучни во креирањето и финализирањето на приказната. Важно ми беше преку заеднички проби заедно со Миа и Антонија да ги најдеме и да ги креираме ликовите на Маја и Јана. Уште додека го пишував сценариото знаев дека за да ја постигнам автентичноста на светот на адолесцентите ќе биде потребно да кастирам тинејџери кои нема да имаат претходно искуство со глума и снимање. Иако беше огромен ризик, бев свесна дека токму оваа одлука е клучна за да го постигнам натуралистичкиот пристап кој сметав дека му е потребен на филмот.
Во подготовките на филмот со кинематограферот Наум Доксевски се посветивме за да го пронајдеме визуелниот начин да ја раскажеме оваа приказна. За мене беше најважно камерата секогаш да го следи главниот лик и да ја долови емотивната состојба – камерата да ја следи актерската игра, а не обратно.
Откривањето на сексуалноста, желбата за припадност на група, бунтовноста, желбата за одење отаде границите и правењето опасни работи… „Сестри“ покажува како сите овие теми поврзани со тинејџерските години добиваат нова тежина и комплексност кога ќе се спојат со присуството на социјалните мрежи. Каде го гледаш безбедниот пат за сите генерации млади чиј живот денес може да се уништи со клик?
Новите генерации се родени со социјалните медиуми и за нив еден лајк може да значи сè и за да добијат еден „лајк“ или „фолоувер“ спремни се да отидат далеку. Тие се опседнати со тој свет, а ние постарите не обрнуваме доволно внимание на овој проблем, затоа што не сме ни свесни колку многу им значи и колку овој виртуелен свет е нивна реалност.
Драго ми е што „Сестри“ стана еден мост кој ги поврзува генерациите и ги отвара овие прашања, но за жал младите кај нас не се опремени со алатки и знаења за тоа како да се справат со врсничкото насилство и траумите кои остануваат. Дополнително, ни образовниот систем не е подготвен да се справи со овој проблем. Не само што не е подготвен, туку системот комплетно ја игнорира оваа ситуација и најчесто придонесува за друштвеното исклучување на жртвите на врсничкото насилство и „slut-shaming“.
Проблемот со врсничкото насилство е нешто што го има од градинка па сè до домовите за стари лица. Но во тинејџерските години кога децата како ларви излегуваат од своите кожурци за да се претворат во пеперутки, тоа знае да им ги исече крилјата, па и да ги убие. Како е можно за оваа опасност да не се разговара и да не се бараат системски решенија?
Иако филмот предизвика реакции и испровоцира дискусија, сепак мојот впечаток е дека не допре до надлежните институции. Или можеби и допре, но повторно се молчи. За жал образовните институции не преземаат ништо за да се справат со овој проблем.
„Табуто е начин на живот навлезен длабоко во македонскиот менталитет“ – велиш во едно интервју. Како да излеземе од оваа наша перверзна комфорна зона?
За оваа промена ќе биде потребно време, но мислам дека првиот чекор до овие промени е отворена дискусија за проблемите, наместо стигматизирање и осуда.
Твојот нов проект, филм со работен наслов „Skateboarding is not for girls“ влезе во програмата „Резиденс“ на Канскиот филмски фестивал. Според насловот, би рекла дека продолжуваш да истражуваш слични теми како во „Сестри“…
Точно е, сè уште не сум спремна да го напуштам раскажувачкиот свет на тинејџерите. Сметам дека има уште што да се каже и придонесе на оваа тема. Не смеам да откривам премногу детали, во мај ќе биде ексклузивно презентиран пред филмските професионалци на Канскиот филмски фестивал.
Можеш ли да наброиш неколку филмови кои ти биле инспирација и кои би им ги препорачала на родителите на тинејџери да ги гледаат заедно со своите деца?
„Kids“, „Water Lilies“, „Skate kitchen“, „Hearthstone“, „Fish Tank“, „Never Rarely Sometimes Always“.
По целиот успех на „Сестри“, размислуваш ли што би сакала да постигнеш во иднина? Можеби не како освојување на некоја нова (поголема) награда, туку како влијание, промена на општеството, нешто што знаеш дека е реално достижно?
Со моите филмови сакам да провоцирам, сакам да отворам прашања кои не се досега дискутирани во нашето општество и се стигматизирани. Сметам дека ние уметниците ја имаме оваа обврска, особено кога живееме во релативно младо општество како нашето.
The Festival of the New European Bauhaus
Are you working on a project, art piece, cultural or social initiative that present an inspirational vision for an🤝inclusive, ✨ beautiful, and🌱 sustainable future?
Join #NewEuropeanBauhaus Festival on 9-12 June 2022 in Brussels! Find out how you can contribute to the festival and apply by 21 March
The Festival brings together people from all walks of life to debate and shape our future. A future that is sustainable, inclusive and beautiful. It is a great opportunity to network, exchange and celebrate – from science to art, from design to politics, from architecture to technology. The Festival/New European Bauhaus brings the European Green Deal at the heart of our daily lives. It will feature debates, great speakers, artistic performances, exhibitions and networking opportunities.
KEY INFO:
The calls for expression of interest are open from 9 February until 21 March 2022
Press release: https://europa.eu/new-european-bauhaus/get-involved/festival/ip220209_en
Info website: https://europa.eu/!P68XDp
Festival platform: https://new-european-bauhaus-festival.eu/
Related Instagram account: @NewEuropeanBauhaus | #NewEuropeanBauhaus
Еко-акција со Панче Арсовски
Разбуди се, не е шега!“
Прво априлска герила акција од СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ – Скопје. Во склоп на работилниците со Go Green – Биди Зелен, учениците/ активисти организираа еко акција – чистење и селектирање на отпадот во паркот Гази Баба.
Го обоија ѕидот на училиштето со идејата како сакаат да изгледа нивната животна средина и изработија дрвена куќичка за симболично да го прикажат нашиот дом – каков може да биде.
Бизарна семејна драма + префинет физички хорор = „Титан“
Како би изгледало кога луѓето би се однесувале како деструктивни машини? Кои се границите на сексуалната наклонетост и постојат ли јасно дефинирани родови улоги? До каде би одел еден родител за да не го изгуби своето дете? Жулија Докурно на бизарен, но многу вешт начин ги истражува овие прашања во филмот „Титан“, добитникот на Златна палма за 2021 година. По успехот на нејзиното првенче „Сирово“ од 2016, режисерката уште еднаш докажа дека е мајсторка за префинет физички хорор со оваа крајно необична приказна, што ако паднела во погрешни раце, резултатот лесно би можел да биде катастрофален.
Чудноста се насетува уште во првите сцени кога по сообраќајна несреќа, малата Алексија се здобива со тешка повреда на главата. Оттогаш таа е осудена на живот со плочка од титан во черепот и видлива лузна над увото – потсетник дека е различна и дека никогаш нема да живее нормално. Возрасната Алексија (Агат Русел) работи како танчарка на јавни изложби на моторни возила, а од нејзините изведби јасно се гледа дека нејзината врска со автомобилите е посебна. Толку посебна што може да има сексуални односи со нив, па дури и да остане бремена. Протагонистката повеќе се однесува како машина отколку како девојка и таа е целосно отуѓена од човештвото, се однесува деструктивно и механички, што евентуално доведува до низа непотребни убиства. Сега веќе позната како опасен сериски убиец, „титанката“ нема друг избор освен целосно да си го смени родовиот идентитет и да се претстави како одамна изгубениот син на капетанот на противпожарна станица, Винсент (Винсент Лондон).
Оттука па натаму дејството се претвора во нетипична семејна драма. „Нетипична“ зашто е проткаена со вознемирувачки сцени на физички хорор кои прикажуваат истекување црн исцедок од телото, прикривање на бременоста и женственоста со насилно обвивање завои, обид за абортус со остра шнола и слично. Семејната драма, пак, се состои во односот помеѓу Винсент и Алексија, која за него е позната како Адриен. Капетанот е подготвен да замижи пред сите очигледни знаци дека неговиот „син“ е нешто сосема трето, само за да не го изгуби своето дете повторно. Иако неговата посесивност ја гуши антихероината, сепак успева да разбуди некаква емоција кај неа, па така и таа во него го пронаоѓа она што не ни знаела дека ѝ недостига: татковска фигура. Но неизбежноста да се обелодени вистината постојано расте и ескалира со провокативен танц, брутална смрт и раѓање нова надеж.
За да ја раскаже оваа уникатна идеја, Докурно изгледа се водела според принципот „тимот што победува, не се менува“, па ја одбрала генерално истата екипа со која работела на „Сирово“. Впечатливата кинематографија, збогатена со интензивни бои и крупни кадри од тело во агонија или во еротски занес, повторно е дело на Рубен Импенс. И Џим Вилијамс е едно од имињата што се повторуваат, па може да се забележи веќе познатиот пристап кон музиката и нејзиното отсликување на внатрешната состојба на ликовите. Краток, но забележителен настап има и актерката Гаранс Марилиер, која публиката исто така ја запозна во претходното филмско остварување на режисерката како канибалистката Жустин.
Сите овие испробани елементи придонесуваат за успешноста на финалниот продукт, но она што му обезбедува висока позиција меѓу филмовите од овој жанр е блескавото деби на Агат Русел. Нејзината глума е цврста и уверлива и умешно ја доловува суровата трансформација низ која поминува протагонистката. Винсент Лондон, пак, успева да постигне одличен баланс меѓу грубата и грижливата страна на неговиот лик, што му овозможува да се поврзе со гледачите и да ги освои нивните симпатии. Оваа актерска комбинација функционира солидно, иако на прв поглед предизвикува доза сомнеж.
„Титан“ дефинитивно не е филм за сечиј вкус. Може да биде предмет на потсмев, чудење и восхит истовремено, а може и да ги разгневи закоравените обожаватели на Кроненберговата естетика. Во секој случај, несомнено заслужува десетка за оригиналноста и за обидот да ги прошири хоризонтите што ги опфаќа овој озлогласен хорор поджанр.
Марија Лукаревска, Гледај.мк
Networking event: EUROPE HOUSE with #YEAs
The second of the debate inspired by the current exhibition “Pink tigers and golden lizards and everything else”
The second of the debates on the European Green Deal inspired by the current exhibition “Pink tigers and golden lizards and everything else” took place at the EU Residence.
The topic of conversation was climate change and what after it, and it was placed in the context of the golden lizards from the work of Velimir Zernovski as part of his edition “After 2015”.
#22 Tamara Ristoska invites Improv band
Книжевни разговори со Читачот – Гостин: Наташа Атанасова
Наташа Атанасова, дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во изминатите 11 години работи во областа на маркетингот, издаваштвото и медиумите. Има искуство како копирајтер, преведувач, новинар и уредник во повеќе печатени и електронски медиуми. Воедно, со години ја следи книжевната и културната сцена во земјава. На почетокот на 2021 година ја отвори својата веб-страница Blen.mk каде објавува авторски текстови од областа на литературата, уметноста и културата. Погледнете го најновото видео – книжевен разговор со Читачот!