Новости Archives - Page 8 of 13 - Europe House

СО ОТВОРАЊЕTO НА EUROPE HOUSE БИТОЛА ПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА „EUROPE DAY 2023“

Вчера, со низа активности, во Битола почна серијата настани, со кои EUROPE HOUSE ќе го обележи „EUROPE DAY 2023“.

EUROPE HOUSE Битола официјално ги отвори вратите за јавноста со низа активности што го обележаа почетокот на серијата настани, преку кои ќе се обележи „EUROPE DAY 2023“. Многубројните активности во текот на денот, исполнети со креативност и инспирација, го покажаа духот на единството, различноста и културата со кои се карактеризира овој град.

Настанот почна со дебата меѓу студентите на Правниот факултет од Битола, а продолжи со прошетка низ убавиот Широк Сокак и со кафе-дружба. По дебатата, присутните имаа можност да уживаат во атрактивната изложба на фотографии насловена „Зрно – кон сонцето!“ во Магаза, придружуван од диџеј-сет од Мартина Пенева. Присутните имаа можност да ја посетат и креативната изложба „Шуќур, изложба на млади дизајнери!“, каде што можеа да се видат талентите на младите дизајнери, а потоа следуваше и енергичен концерт на Платото на EUROPE HOUSE Битола (Офицерскиот дом), на кој настапија локалните битолски бендови Bad Juju, Corrosion, Heart on Sleeve и Дина Јашари и другарите. Прославата продолжи вечерта со диџеј-сет од Herzel, обезбедувајќи им можност на присутните да уживаат и до доцните ноќни часови.

Со ова, EUROPE HOUSE Битола се приклучува на мрежата на модерни центри EUROPE HOUSE, како што се тие во Скопје, Струмица и Крива Паланка, креирани да го зајакнат гласот на младите во општеството, охрабрувајќи ги да играат поголема улога во идентификувањето и справувањето со предизвиците. Овие центри се концептуално дизајнирани за да служат како збирно место за поттикнување дебата и соработка.

Воедно, ве покануваме да бидете дел од настаните во Струмица на 11 мај, во Крива Паланка на 12 мај или во Скопје на 13 мај, каде што под мотото „Иднината нè поврзува!“ ќе го обележуваме „EUROPE DAY“ за оваа година.

Се гледаме!

ПРИДРУЖИ СЕ НА ПРОСЛАВАТА ЗА EUROPE DAY 2023 И БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД ИДНИНАТА ШТО НЀ ПОВРЗУВА!

EUROPE HOUSE Скопје, Битола, Крива Паланка и Струмица ви најавуваат серија настани со кои ќе се одбележува EUROPE DAY 2023 под мотото „Иднината нè поврзува!“

Серијата настани почнува на 6 мај со отворањето на EUROPE HOUSE Битола, ден полн со разновидни активности, работилници, едукативни програми и музички изведби. Во текот на денот присутните ќе имаат можност да ги посетат изложбите „Зрно – кон сонцето!“ и „Шуќур, изложба на млади дизајнери!“ и да уживаат во енергијата на локалните бендови Bad Juju, Corrosion, Heart on Sleeve, Дина Јашари и другари, како и во диџеј-сетот на Herzel.

На 11 мај, настанот во Струмица ќе содржи разновидни активности што ќе го прикажат богатото културно наследство на Струмица, како и современите случувања во градот. Членовите на Младинскиот совет ќе дебатираат за предизвиците и очекувањата на локалната младина, а планирани се и уникатни перформанси на градскиот плоштад. Интересна активност што ќе го обележи овој ден ќе биде и посетата на последната преостаната продавница за часовници во Струмица, како и изложбата под мотото „Time to Act“.

Следниот настан е на 12 мај, во Крива Паланка, каде што се планирани серија активности, почнувајќи од тематските дискусии „YOUth“, кои нудат можност за вмрежување на младите професионалци од различни области. Денот продолжува со „The New Faces of Skills: YOUth Perspectives“, изложба направена од млади панелисти кои се истакнуваат со својата улога во Европската година на вештините. По изложбата, присутните ќе можат да уживаат во „YOUthFEST Fusion“, музички перформанс со алтернативни музички бендови, на чело на Smoke Shakers.

Серијата настани за означување на EUROPE DAY 2023 ќе биде крунисана на 13 мај во Скопје, со пикник-настан во паркот Гази Баба, настан што ќе ги зближи луѓето преку спортски, едукативни и забавни активности под мотото „Иднината нè поврзува!“ Денот вклучува симболичен маратон, информативни изложби, прошетки со водич со прикажување на уникатната флора и фауна на паркот, забавно/детско катче и концерти со атрактивни бендови и богата музичка програма.

Настаните во Скопје, Битола, Крива Паланка и Струмица ќе бидат исполнети со инспирација, возбуда и прослава. Не пропуштајте ја можноста и вие да бидете дел од некој од овие незаборавни настани. За да бидете во тек со сите случувања, следете ја нашата страница на „Фејсбук“, на која секојдневно објавуваме информации за секој настан и за сите активности на EUROPE HOUSE.

Награда за најдобри „Млади европски креатори на наследство“

Проектот „Македонска традиција“ на OOУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, под менторство на одделенскиот наставник Тања Петков и нејзиното II 1 одделение ја доби наградата за најдобри „Mлади eвропски креатори на наследство“ во рамките на програмата „Европски денови на наследството“ поддржана од Европската комисија и Советот на Европа. Во успешната реализација на проектот како консултант и ментор беше влучена и м-р Василка Димитровска од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата која одржа обука за насоките на овој проект.

Од училиштето посочуваат дека условите да се биде дел од повикот за „Млади европски креатори на наследство“ биле голем предизвик и дека во изработката на проектот биле вклучени учениците, нивните родители, колективот од училиштето, но заблагодаруваат и за големата поддршка што ја имале од локалната заедица во Драчево со чие наследство се идентификуваат генерации граѓани. Голема благодарност упатуваат и до Домот на културата „Драчево” во која членува играорната група при Културно – уметничкото друштво „Китка“.

– Учеството на овој проект нѐ направи побогати, децата среќни, а родителите горди што нивните деца ја продолжуваат традицијата. Мило ни е што зедовме учество во овој проект и горди сме што останатите европски народи слушнаа за македонскиот народ, за нашата вековна традиција, за училиштето кое за две години ќе одбележи сто години од своето постоење и за едно успешно одделение, велат од OOУ „Св.Климент Охридски“ од Драчево.

Млади европски креатори на наследство е натпревар за децата и младите од Европа, со цел да се поттикне истражувањето и осознавањето на наследството, како и креативното изразување поврзано со него. Натпреварот се организира и раководи од страна на „Европските денови на наследството“ – најголема манифестација на културни настани во Европа, и ќе кулминира со специјална изложба во Советот на Европа во Стразбур.

 

Во одбележје на Горан Стефановски

Во одбележје на 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, одбравме цитат кој го преведовме од македонски на неколку официјални јазици на ЕУ.

Благодарност до Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет.“

 

Отворен повик „Апотеоза на трудот“

Апотеоза на трудот“ – познатиот мозаик на уметникот Лазар Личеноски го слави развојот на трудот и хуманоста. ЧЕСТИТ ТРУД НИЗ ВЕКОВИ СОЗДАДЕ КУЛТУРИ И ЦИВИЛИЗАЦИИ И ДОСТОИНСТВО НА ВИСТИНСКИ ЧОВЕК, е основната порака на ова дело кое го претставува и животното мото на Личеноски.

Инспирирани од идејата зад неговото дело ги повикавме уметниците да создадат своевидна дигитална екстензија на муралот на Личеноски ,,Апотеоза на трудот”, користејќи дигитални алатки, што подразбира:

  • Ново дигитално дело кое ќе ја продолжи низата на мозаикот – која завршува со приказот на жената означувајќи го 20-от век – со свое видување на продолжението на развојот на трудот денес.

Комисијата составена од Зоран Кардула, претставник на Europe House и претставник на Делегацијата на ЕУ за избор на победничкото дело од 7 пристигнати апликации, го одбра делото на Христина Ѓоргиевска. 

Победничкото дело ќе биде наградено со 500ЕУР награда. И ќе биде дел од календарот за 2023 година на Europe House.

 

 

* Europe House го задржува правото на избор кои од пристигнатите креативни решенија би биле застапени во календарот, во каков облик и во колкав дел. Europe House го задржува правото и да ги добие избраните дела како посебни графички елементи во графичката форма: .ai, кои подоцна може да подлежат на адаптација за креирање на Europe House календар за 2023 година. Europe House го задржува и правото избраните дела/ креативни решенија да ги користи за потребите на своите социјални медиуми.

 

Средба на Амбасадорот Дејвид Гир со преведувачот Вил Фирт

Во рамки на проектот Babylon Award, Амбасадорот Дејвид Гир се сретна со преведувачот од македонски на англиски јазик Вил Фирт.

Тој ќе престојува на преведувачка резиденција во Скопје во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење” (Translation in Motion), финансиски поддржан од програмата Creative Europe.

Во текот на својот престој, Вил Фирт ќе работи на преводот на англиски јазик на романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски.

Меѓународен ден на спречување насилство врз жените и девојчињата

25ти ноември е Меѓународен ден на спречување насилство врз жените и девојчињата. Активистите го одбележуваат како ден против родовото насилство од 1981 година. Датумот е избран во чест на сестрите Мирабал, три политички активистки од Доминиканската Република кои биле брутално убиени на 25 ноември 1960 година поради отпор кон тогашниот државен режим.

Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир беше дел од означувањето на почетокот на кампањата спроведувана заедно со UN_MK и Osce – Mission to Skopje. Одбра ‘DELETE’ со цел да спречи дигитално насилство врз жените и девојчињата. Кампањата е во траење од 16 дена со активности кои се одржуваат во портокалова боја 🟠 се’ до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Танцова изведба во чест на Лазар Личеноски

Откако ги отворивме вратите од спомен – куќата на Лазар Личеноски, сакаме да ја поттикнеме јавноста да ја искористи својата имагинација, да го истражи културниот идентитет и предизвиците со кои се соочува културното наследство.

Моќниот и ритмички настап на изведувачите Андријана Данчевска и Дејан Битровски пренесуваат длабоки емоции. Нивните танцови потези во симбиоза со музиката на Zulu 3.4 , симболично ги пополнуваат заборавените простории, потсетувајќи не дека културата е скапа доколку ја запоставиме.

ЕУ со Тебе во општинска посета во Гостивар. Поточно, започна со гостиварскиот бурек под сач Burektore SAC Gostivar.

Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир и Градоначалникот Арбен Таравари разговараа за предизвиците со кои се соочува општината, а со членовите на општинскиот совет се дискутираше за улогата на локалната власт во процесот на пристапни преговори со ЕУ. Го посетивме и центарот за вакцинација како корисник на 🇪🇺 програмата #EU4Health.

Водич низ скриените градски убавини беше Visar Vishka, а Арлинда Бафтиу придонесе до уште поголема спонтаност во кафе-муабетот со гостиварците, граѓанскиот сектор и Анди Исмаили.

  

Subscribe To our newsletter!