Новости Archives - Page 8 of 12 - Europe House

#BeActive во Градски Парк Скопје

Во склоп на Европската недела на спортот ве покануваме заедно да го одбележиме #BeActive Day!

Традиционално по трети пат го организираме кај нас. Овој ден е дел од големата европска иницијатива која промовира визија за повеќе луѓе низ Европа и кај нас да бидат поактивни и поздрави.
За таа цел на 1 Октомври (сабота) од 12:00 часот организираме голем настан на повеќе локации во Градскиот парк во Скопје. Главните активности ќе бидат на терените на ФК Работнички, но следете ја мапата за другите забавни содржини низ целиот парк!

Подгответе се за забава и за вежбање на многу !

ИЗГРАДБА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ Europe House ВО Селектирани ГРАДОВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Европската Унија, претставена преку Европската комисија, во името и за сметка на Владата на Република Северна Македонија, планира да додели договор за градежни работи за дополнителни објекти за Europe House во Струга и Битола (Лот 1), Велес (Лот 2) и Тетово (Лот 3). Крајниот рок за поднесување на понудата е 4 ноември 2022 година, до 18:00 часот CET.

https://www.eeas.europa.eu/delegations/north-macedonia/nearskp2022ea-lop0093-construction-additional-europe-houses-selected_en

Младите европски амбасадори на Сараевскиот филмски фестивал

Од 12 до 19 август 2022 година, Сараево беше домаќин на 28-то издание на Сараевскиот филмски фестивал.

Оваа година, за прв пат, на настанот присуствуваа и Младите европски амбасадори, како дел од програмата по повод Денот на човековите права.

🎞️​ Специјален филмски избор

🎤 Предавања

👩‍🏫 Работилници

🗣️ Панели

Отворање на ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО

Вчерашната ЕУ вечер на ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО во црквата Света Софија беше одлична можност да се истакне талентот на Дуо ди Прага, Чешките уметници – виолончелистот Иван Вокач и виолинистот Леос Чепицки. Фестивалот уште еднаш е потврда за богатството и разноликоста на заедничкото Европско културно наследство.

Dance Team Fusion победници на натпревар во Шпанија

На европскиот натпревар за модерни танци во Лорет Де Мар, Шпанија, Dance Team Fusion од Куманово го освоија 1-то

место за најдобар dance перформанс.

Dance Team Fusion редовно се дел од активностите на ⭐️Europe House Крива Паланка ⭐️

“Мистериите на Беласица”

Видео од настанот “Мистериите на Беласица” – организиран од VK Aktiv , а поддржан од ⭐Europe House⭐ Струмица. На овој настан љубителите на 🌄 природата, 🧗планинарењето, алпинизмот и🚵‍♀️ планинскиот велосипедизам имаа можност да ги истражуваат и откријат – „Мистериите на Беласица“.

Настанот „Мистериите на Беласица 2022“ беше организиран по 7-ми пат, а посетипелите имаа можност да ги откријат:

📍 Сечена скала 🌳

📍 Тумба ⛰️

📍 Ѕвезден врв ⛰️

📍 Водопад Трикрак 💦

Младите Европски Амбасадори на EXIT фестивал

Младите Европски Амбасадори на EXIT фестивал!

#YEA ќе се приклучат на фестивалот за да ја претстават својата мрежа и да ги ангажираат присутните во нивните многубројни активности на Петроварадинската тврдина.

​EXIT е наградуван летен музички фестивал што се одржува секоја година во Нови Сад, Србија.

 

#YEA (Преспа форум)

Младата Европска Амбасадорка #YEA Ирена Шуменковска беше говорник на панелот на Преспа форумот посветен на идната генерација и темите од интерес на младите луѓе. Таа истакна дека емиграцијата на младиот кадар е пречка за економскиот развој и посочи дека при вработувањето главно мерило треба да биде образованието и стручноста.

 

Во Европската година на младите, време е навистина да го слушаме гласот на младите луѓе!

 

Subscribe To our newsletter!