Галерија Archives - Europe House

Жените во СТЕМ: Како да се надминат родовите бариери?

Јуроп хаус мрежата организираше неколку настани одбележувајќи го Денот на жените и девојките во науката. Овој ден е уште една можност да се промовира целосен и еднаков пристап и учество во науката, технологијата и математиката за жените и девојките. Родовата еднаквост е глобален приоритет, а поддршката на младите девојки, нивното образование и нивната целосна способност да ги слушнат своите идеи се основи за развој и интеграција.

Europe House Крива Паланка 

Инспиративни жени во STEM што рушат стереотипи и отвораат нови патишта, отстапувајќи простор за идеи, разговор и инспирација.
Europe House Велес
Посета на СОУ Гимназија “Кочо Рацин” – Велес, каде заедно со професорите по биологија, физика и хемија ја претворивме теоријата во пракса преку едноставни експерименти, демонстрации и практична работа.
Од истражување на животот во биологијата, преку разбирање на силите во физиката, до набљудување реакции во хемијата, учениците ја доживеаја науката надвор од учебникот: љубопитна, практична и инспиративна.
Europe House Битола 
На Економски факултет – Прилеп, средношколки и студентки, во форма на “speed dating” имаа можност да разговараат со професорки и научнички, да слушнат лични приказни за успех, предизвици и професионален раст и да добијат охрабрување за сопствениот академски и кариерен пат. Настанот имаше јасна цел – да ја истакне важноста на жените и девојките во науката, да поттикне самодоверба, љубопитност и амбиција кај младите генерации.
#WomeninSTEM

 

 

ЕУ со Тебе во општинска посета во Гостивар. Поточно, започна со гостиварскиот бурек под сач Burektore SAC Gostivar.

Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир и Градоначалникот Арбен Таравари разговараа за предизвиците со кои се соочува општината, а со членовите на општинскиот совет се дискутираше за улогата на локалната власт во процесот на пристапни преговори со ЕУ. Го посетивме и центарот за вакцинација како корисник на 🇪🇺 програмата #EU4Health.

Водич низ скриените градски убавини беше Visar Vishka, а Арлинда Бафтиу придонесе до уште поголема спонтаност во кафе-муабетот со гостиварците, граѓанскиот сектор и Анди Исмаили.

  

Дебата во Резиденцијата на ЕУ (Екологија)

Вчера се одржа четвртата дебата во рамките на изложбата поставена во Резиденцијата на 🇪🇺 „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не„. Овој пат, инспирација беа делата на Маја Кировска и биодиверзитетот – колку секој од нас придонесува кон заштита на разновидноста и како економскиот развој влијае врз заштитата на животната средина?

Биодиверзитетот е несомнен дел од Европскиот Зелен договор кој поттикнува на „враќање кон основите„ при соочувањето со предизвиците за биодиверзитетот наметнати од модерниот начин на живеење.

 

 

Еко-акција со Панче Арсовски

Разбуди се, не е шега!“

Прво априлска герила акција од СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ – Скопје. Во склоп на работилниците со Go Green – Биди Зелен, учениците/ активисти организираа еко акција – чистење и селектирање на отпадот во паркот Гази Баба.

Го обоија ѕидот на училиштето со идејата како сакаат да изгледа нивната животна средина и изработија дрвена куќичка за симболично да го прикажат нашиот дом – каков може да биде.

Изложба на „Еко фотографии“ (Струмица)

Како кулуминација на серијата работилници “Basics of photography” под менторство на Столе Ангелов и “Eco Photography” под менторство на Александар Дончев, кои беа одржани изминатиот месец во организација на Europe House Струмица, нашите млади херои ја отворија и  Eco photograph  – Open air exhibition.

За жал фотографиите во изложбата се направени на неколку рекреативни и излетнички места во најблиска околина на Струмица, сите се автентични фотографии и ниту една од фотографиите на изложбата не е монтирана ниту преправена. Покрај тоа што сите овие места се чистат и средуваат примарно од комуналните служби, како и за време на еко акции организирани од страна на многу здруженија и Europe House Струмица, многу брзо истите места од несовесни граѓани се претвараат повторно во диви депонии.
Сите овие фотографии претставени на изложбата се само една бледа рефлексија од реалната ситуација со загадувањето во нашата околина.

 

 

Изложба „Мистеријата зад женскиот поглед“ на Ерина Богоева

Изложбата „Мистеријата зад женскиот поглед“ на Ерина Богоева беше отворена во КОТУР !
„Оваа изложба ја поставувам со надеж и дека некоја млада жена ќе се пронајде во погледите на овие жени и ќе продолжи да чекори по својот пат.“ – Ерина Богоева

#BeActive (Крива Паланка)

Спортот како начин за развој и создавање на можности за вклученост на младите генерации.
Со минатонеделниот и последен од серијата на настани ја заокружуваме Европската недела на спортот која траеше од 23 – 30.09 заедно со TAKT – Together Advancing Common Trust.

Скопски Маратон

🇪🇺 Team Europe беше дел од денешниот Skopski Maraton 🏃‍♀️🏃❗
БРАВО за Северине 💪, Хуан Карлос✌, Штефен 👍и Педро 👏 кои беа дел од Штафетниот маратон и за Карлос 👊 кој трчаше полумаратон.

“Best Online Assistant” церемонија

Претседателот Стево Пендаровски 🇲🇰 и Заменикот амбасадор на ЕУ Џулијан Васало 🇪🇺, лично присуствуваа на промоција на првите сертифицирани Онлај Асистенти чии обуки се одржуваа во Europe House Скопје.
Детално се запознаа со мисијата, визијата и плановите за иднина за Бест Онлајн Асистент.
👏Честитки за првите десетмина кои успешно ја завршија обуката. Им посакувам многу успех како идни онлајн асистенти!

Subscribe To our newsletter!