euhouse, Author at Europe House - Page 3 of 18

Ден на млади – што сакам да бидам кога ќе пораснам?

Според ОН, млади се сите луѓе што имаат до 24 години. Бидејќи имам 26, кога го прочитав тоа, веднаш се почувствував стара. Истовремено ми дојде и одредено олеснување бидејќи сега конечно можам да им ја препуштам одговорноста на „новите генерации“. Како што според ОН навлегов во староста, се чувствувам сè пооддалечена од иднината. Таа не е моја, таа е во рацете на „младите“. На крајот на денот, ним ќе им остане светот. Малку себично, но што има врска? Од друга страна, според СЗО, уште сум млада бидејќи границата е до 29 години, а во државава млада можам да сум и до 40. Изгледа младоста не е во бројките, туку во нешто малку поразлично – духот, можеби?

Секако ја разбирам идејата на Денот за млади, кој е суштински за да се поттикне разноликост, да се започнат дискусии и да се овозможи размена на идеи меѓу луѓето без разлика на нивната возраст. Ова важи и за конкурсите, работилниците, настаните, размените меѓу студенти и сите можности за развој и уважување на новите, млади генерации. Целта? Да се создаде подобар и поотворен свет. Сепак, постојат одредени контроверзни точки поврзани со овие иницијативи, како и со самиот ден.

Прво, каков е тој подобар и поотворен свет? Според чии идеи ќе го градиме?

Се чувствувам како да постои одредена романтизација на младоста и некое чудно верување дека младите интуитивно ја насетуваат далечната иднина. Како млада жена (според СЗО, но не според ОН), сето тоа малку ме збунува. Бидејќи не живееме во митолошка приказна или клише роман, треба да се има предвид дека не секогаш младото е добро, динамично и полно со живост, а старото – пасивно и лошо. Не може да се генерализира и сите млади да се стават под еден чадор. На пример, годиниве во светот видовме како некои „нови“ бранови во развиени европски држави се фиксираат на прилично конзервативни вредности. Со други зборови, ако дојдат група млади луѓе и зборуваат дека фашизмот е супер, дали ќе ги послушаме само затоа што се млади и водени од „новиот“ дух? Секој има различна претстава за концептите на младо и старо која зависи од личните идеи за тоа каков треба да биде светот. Нагласувам – не сите млади, ниту пак стари, се исти. Затоа, сметам дека таквата поделба не помага за создавање на утопијата која се продава со идејата за „младост“.

Но кога сме кај продажбата и кога некои луѓе се лупаат в гради мислејќи дека се борат за младите, да се запрашаме дали воопшто се преземаат релевантни чекори за интегрирање на младите во општеството или, пак, сето тоа е продавање костими и маски?

Статистики покажуваат дека мал процент млади луѓе вистински учествуваат во носењето важни општествени одлуки. Дискриминацијата сè уште постои и ретки се примери некој млад човек да биде препознаен по квалитетите и да му се даде несебична шанса да расте и да напредува во својата сфера. Исто така, многу компетентни млади продолжуваат да бидат игнорирани само поради нивната возраст за сметка на „стари“ некомпетентни луѓе кои се сериозно сфатени. Сето  ова е дополнително зажарено со тоа што општеството постојано дава контрадикторни пораки, нешто како правилата на свињите во „Животинска фарма“. Па така, иако светот на младите им ја префрла одговорноста за иднината, сепак, истовремено ни вели дека сме неспособни, неискусни, наивни, импулсивни и во суштина диви животни. Само денес имав четири такви коментари од различни луѓе, а ништо не реков пред да ги добијам (може требаше да врескам?).

Како да се очекува да има компетентни и зрели млади луѓе кога општеството (особено нашето) постојано ги инфантилизира и понижува, кога не е спремно да ја чуе нивната перспектива? Зошто едно општество сака да им ја префрли одговорноста на група луѓе кои ги смета за неискусни и некомпетентни? Кога ќе ни се смачи постојано да правиме поделби по возраст, пол, раса, етничка припадност само за миг некои луѓе да си го  задржат прстот врз контролното копче и привидната моќ?

Секогаш е жално кога ќе видиш како некој постар „успешен“ човек те гледа со прекор и ти прави сопки наместо да ти даде реална конструктивна критика или, пак, едноставна човечка поддршка. Затоа, за Денот на млади, посакувам вистински да се видиме едни со други и да ги забележиме нештата што нè поврзуваат, а не да се толкуваме преку површноста и да си наметнуваме разлики. Поентата е да постојат меѓусебна почит и поддршка дури и кога ќе се тргне завесата и ќе си заминат камерите. Сметам дека и младите треба да ги поддржуваат старите, зошто да не? Или така ќе се скршат некои невидливи граници на моќ?

Секако, не е сè црно и постојат луѓе кои навистина помагаат и насочуваат. Обично тие луѓе поддршката ја даваат секому и тоа несебично, со верба во иднината и со многу љубов. Кога ќе остарам, сакам да сум како нив.

Катерина Шекутковска: Сонувам за помалку работа, повеќе игра

Разговара: Наташа Атанасова

Има луѓе што кога ќе ги запознаете, едноставно, среќни сте што продолжуваат да живеат, создаваат и придонесуваат тука, знаејќи дека со своите вештини и квалитети лесно би можеле да се „пресадат“ во некоја друга средина.

За мене, една од нив е Катерина Шекутковска, по професија преведувачка од германски, која ја запознав лани при жирирањето за наградата „Новите!“. Кате е основачка на, веројатно, најмладата издавачка куќа кај нас, „Илика“, а од неодамна и сопственичка на оригиналната книжарница со истото име, кое значи порабено дупче на облеката во кое влегува копче – збор кој таа во едно интервју го поврзува „со функцијата на јазикот, книжевноста и градењето значења, но и со создавањето на простор кој ќе ги прегрне оние кои сакаат да му припаднат“.

Во една пригода рече: „Мене не ми беше сон да имам книжарница, ама еве, денес имам“. Што ти беше сонот и како патиштата те доведоа до отворањето на „Илика“ – прво на издавачката куќа, а потоа и на книжарницата?

Иако „Илика“ – како книжарницата така и издавачката куќа – не беа тоа за коешто порано сонував, денеска сум многу благодарна што преку работата секојдневно доживувам радосни моменти коишто не можев да си ги замислам ни на сон. Всушност, постепено сфаќам дека воопшто не е ни важно каде сум била претходно и што сум планирала пред да ми се случи „Илика“. Важно е што во еден момент бев доволно храбра, а и се најдов и во прилично среќна околност да имам и други храбри луѓе покрај мене, за да го направам првиот чекор кон остварување на една идеја која и денес ми се чини сосема логична: да соработувам со луѓе со сличен сензибилитет за книжевноста и да се обидеме да креираме алтернативни услови за работа во доменот на издаваштвото. За ова, се разбира, е потребен и простор, простор за средби, за експериментирање, за размена. Оттаму и поттикот непосредно по основањето на издавачката куќа да ја отвориме и кафе-книжарницата.

Во „Илика“ сте влезени повеќе луѓе како партнери. Дали ви се улогите строго поделени и каков ви е начинот на организација – имате еден лидер или поделено водство?

Во досегашната практика во издаваштвото, но и во кафе-книжарницата се обидувам да водам отворен дијалог со сите ангажирани во процесите. Бидејќи моментално јас фигурирам како главна и одговорна уредничка, лесно може да се добие впечаток дека на мене паѓаат голем дел од одговорностите и одлуките. Но, всушност, тоа не е баш така. Особено сум горда на нашите книжари, Марија Велинова, Стефан Спасовски и Викторија Грнчаровска коишто работат во книжарницата со голем ентузијазам и задоволство. Тие многу допринесуваат кон креирањето на месечната програма во книжарницата, даваат сугестии и креираат содржини. Се разбира, голема и важна улога имаат и сите оние актери и актерки „зад кулисите“, од администрација па сѐ до дизајн, уредништво и лектура. Вака гледано ми се чини не е релевантно кој е главен, бидејќи, кој и да е, не може сам.

Изданијата на „Илика“

Вашата издавачка политика до пред некое време можеше да се дефинира како: со висок вкус избрана преводна литература, а потоа издадовте и збирка поезија од македонска авторка. Во која насока го гледаш развојот на издавачката политика на „Илика“ во блиска иднина?

Фокусот во издавачката политика „Илика“ уште од самиот почеток не го дефиниравме според категориите преводна/домашна. Мојот личен интерес во книжевноста се ориентира кон современите форми и ангажираноста, особено во прозата и во драмата, а потоа и пошироко, кон актуализирање на дела од класични автори кои се помалку застапени на пазарот. Покрај тоа, отворена сум за соработка со македонски автори и авторки, сѐ додека нивниот израз се вклопува во издавачката програма на „Илика“, но и со кои делиме слична работна етика и смисла за квалитет.

Први и единствени ја издадовте нобеловката Ани Ерно на македонски, што беше своевиден подвиг. На книгата не стои дека е финансиски помогната од некоја институција или фондација, па ако е така, тоа е уште еден подвиг. Дали сте задоволни од интересот на македонската публика за ова дело?

Токму така. „Девојчински спомени“ од Ани Ерно е самостојно финансирано издание, без поддршка од институција или фондација. Среќна сум што досега има солиден интерес за книгата и за авторката, а за ова имавме можност да поразговараме со читателите и читателките и во рамки на два настани во книжарницата: промоцијата на книгата и читачкиот клуб посветен токму на овој роман. Драго ми е што на публиката ѝ се допаѓа нејзиниот специфичен стил и жанрот со којшто оперира, меѓу автофикција и социјален роман, но истовремено и што ја разбира и важноста да ги имаме овие четива на македонски јазик. Покрај тоа што е нобеловка, Ани Ерно пишува за искуства коишто се доста блиски и до нашата реалност, особено до реалноста во којашто се израснати и живеат мноштво жени. Оттаму се надевам дека разговорите за романите на Ерно нема да се сведат само на формата, туку ќе се движат и во насока на книжевната обработка на женското искуство, преплетувањето на социјалното и сексуалното искуство, длабоко втемелениот срам од сопствената сексуалност во контекст на доминантна и токсична машкост. Верувам дека ќе ја продлабочиме оваа дискусија и понатаму кога ќе ги издадеме и романите на Дидје Ерибон и Едуар Луј.

Со радост ќе изјавам дека со нетрпение го очекувам излегувањето на македонски на романот „Тирза“ од Арнон Грунберг, за кој ми кажа дека најверојатно ќе го издадете догодина. Што друго можат да очекуваат гладните за добри книги во периодот што следува?

Во текот на август од печат ќе излезе една фикционална биографија на Силвија Плат по име „Еуфорија“ од авторката Елин Кулхед во фантастичен превод на Катерина Јосифоска. До крајот на годинава планираме да го издадеме и романот „Кој го уби татко ми“ од Едуар Луј, а покрај тоа и да ја збогатиме нашата детска едиција со сликовницата „Животните спијат“ (превод од норвешки јазик на Искра Бадева). Доколку го дозволат тоа условите, ќе се радуваме доколку наскоро излезат од печат и долго најавуваните дела од Рилке и Платонов, но, секако, приоритет ќе ни биде и уште една убава соработка со македонска авторка за којашто повеќе ќе најавиме наскоро.

Книжарницата „Илика“

Во книжарницата „Илика“ секој месец ви е тематски ориентиран: „Ајде да летаме“ беше мотото во февруари,  „Слободни и нежни“ во март, „Пролетта е река“ во април, „Секогаш горди“ во мај, „Патуваме, сонуваме“ во јули. Колку труд вложувате во осмисленото и уникатно промовирање на книжарницата?

Вака поставената концепција на кафе-книжарницата бара многу труд и посветеност, но ни претставува и големо задоволство. Постојаното смислување на нови содржини, креирање на настани или избирање на книги на месецот е нашиот начин на комуницирање со публиката, начинот на којшто сакаме да влеземе во дијалог со неа. Целта на ваквата промоција не е единствено во градењето на идентитет на кафе-книжарницата, туку и во истакнувањето на книги коишто можеби не сме ги забележале во другите книжарници, а го заслужуваат нашето внимание.

Во рамки на овие тематски месеци, а и неповрзано со нив, во книжарницата организирате многу настани и им давате простор на младите талентирани писатели и уметници. Се создава ли веќе заедница на „иличари“ и како би ја опишала?

При изборот на гости на настаните не се водам од категоријата млад или стар, надежен или искусен, но повеќе од прашањето кои се авторите и авторките коишто би можеле да ги ставиме во заеднички контекст. На овој начин сакаме да ја избегнеме формалноста на промотивните настани, да дадеме простор книгите да живеат и по нивната промоција, но и постепено да развиваме култура на дискусија која ќе биде блиска до публиката. Се радувам кога во публиката ќе видам луѓе кои вообичаено не доаѓаат на книжевни настани и ќе успееме да ги возбудиме за некоја книга. Но, покрај тоа, претпоставувам дека е точно видувањето дека „Илика“ е сврталиште на младите, а за мене нема поголемо признание одошто нивната слобода на израз и нивното чувство на безбедност во овој простор.

За каква книжевно-издавачка сцена кај нас, сонуваш?

Сонувам за книжевно-издавачка сцена во која ќе владее одмерена култура на дискусија и критика насочена кон креирање на нови политики за подобри практики на работа и похумани услови. Посакувам колективно повеќе да инсистираме на системски промени во доменот на културата кои би овозможиле да заработуваме достоинствено, а да ја вршиме работата навремено и прецизно. Активирањето на книжевната критика е, се разбира, многу важна. Но, пред сѐ ми се чини дека е исклучително важно да ја извадиме романтиката од уморот, жртвата, изолираноста, како тоа да е небаре некаква формула за успех во креативната работа. Затоа: сонувам за помалку работа, повеќе игра.

Фотографии: Наташа Атанасова

Како станав Ајронмен

Europe House во соработка со Умно.мк  ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат.

Хоби по дефиниција е рекреативна активност што некој ја прави доброволно и редовно за свое задоволство или релаксација. Тоа придонесува за сопствената слика за себе и претставува дел од нечиј идентитет. Мислам дека на секој човек во ова време, полно со предизвици, притисоци, изместени вредности, му треба некој издувен вентил, каде што може да се опушти и за миг да заборави на сите мисли, одлуки, неодговорени прашања, проблеми, хоби каде што ќе биде во некој изолиран свет, надвор од сите овие погоренаведени работи.

За мене, спортот, трчањето на почетокот беше токму тоа, релаксација и задоволство. Уживав два-три пати неделно да излезам на кеј, да истрчам некој километар, без смарт-часовник за мерење време, должина, темпо. Но, кога си поставив цел да истрчам маратон во 2015 година, работите почнаа да се менуваат. Почнав да трчам повеќе, по тренинг-програма, со смарт-часовник. Почна времето да ми станува предизвик, се стремев да трчам и побрзо и подолго. (Не)свесно се навлеков на целиот процес и си реков – истрчај го само овој маратон, вложи се на тренинг за да ти биде полесно на трка (сепак се 42 километри) и по маратонот, врати се на трчањето како релаксација.

Но, се случи токму спротивното. По првиот маратон, добив нова желба, да трчам на маратонот во Њујорк, па потоа во Лондон, Берлин, Чикаго, Токио, Бостон, да ги комплетирам сите шест најголеми маратони во светот (предизвик на секој маратонец), да го подобрам времето од маратон во маратон. Тоа значеше повеќе време, вложување, опрема, притисок… помалку слободно време за себе. Почна хобито да зазема друга димензија. Повеќе хобито не беше хоби. Тренинзите станаа дел од мојот секојдневен живот, почнав да се борам со организирање на времето, кога ќе постигнам сè: да тренирам, да одам на работа, да се гледам со пријателите, да одморам… Но, добив друга сатисфакција што ме исполнува, ме прави среќен, ме прави свој.
Откако завршија шесте маратони, си реков доста е, опушти се, уживај во трчањето, како на почеток, без трка со времето. Но, не можев, трчањето и себенадминувањето станаа дел од мене. Тоа ме прави среќен, тоа ме исполнува. Тоа сум јас. Како софтверски инженер, работам полно работно време, а тренинзите ми одземаа околу 4 часа дневно и некогаш немав време за ништо друго.

Страшната трагедија во мојата фамилија, тагата и разочарувањето го убија она што ме правеше среќен и исполнет. Трчав без желба, трчав зашто мислев дека морав да трчам. Стигна повредата што ме оттргна од трчањето цели шест месеци. Во ист момент бев разочаран дека не можам да трчам, не можам да го правам тоа што ме исполнува, а од друга страна, како да го посакував тоа. Чудно е да се објасни. И си реков, кога ќе трчам повторно, тоа ќе биде дефинитивно многу помалку, неколку километри и без часовник.

Првиот месец без трчање помина, но почнав да се губам себеси, сфатив дека морам нешто да спортувам, нешто да правам и така почнав да одам на пливање. По неколку дена си реков, кога ќе помине повредата, кога ќе можам да трчам повторно, да се пријавам на „Ајронмен“ (3,8 пливање, 180 км возење велосипед, 42,2 трчање). И така, повторно влегов во истата замка, наместо да тренирам помалку, се вложив многу многу повеќе.

Секој ден бев поуморен, но секој ден поисполнет, посреќен, позадоволен од себе. Но тренинзите за „Ајронмен“ бараат многу повеќе време и реков – еден „Ајронмен“ и толку. Но, не испадна така. По првиот „Ајронмен“ минатата година, пред некој ден го направив и вториот, и тоа со најдобро македонско време. На целната линија бев преплавен од емоции. Среќен, задоволен, горд, реализиран, опкружен со прекрасни луѓе. Сфатив дека припаѓам овде, и припаѓам на групата луѓе на која хобито и е многу повеќе од хоби, луѓе што сакаат предизвици и не се плашат да се соочат со нив, луѓе што се тркаат со времето и со себеси. Усогласувањето на работата со тренинзите и приватниот живот ми се сè уште предизвик, но тоа е предизвик кој свесно го преземам.

Но, доколку некој ме праша дали хобито треба да остане хоби или многу повеќе, не знам што би одговорил. Само знам дека мене спортот ме направи подобра верзија од себеси и ме однесе на места каде што не верував дека ќе стигнам.

Пишува: Атанас Наумов, софтверски инженер

Бисера Бендевска: Имав среќа да учам од најдобрите уредници

Разговара: Наташа Атанасова

Уредничката професија е најважната професија во издаваштвото. Изборот на делата што се преведуваат и изгледот на книгите како финален производ, формирањето едиции, работата со домашните автори за нивните дела да добијат што е можно подобра форма и содржина, но и обемната административна работа за аплицирање на домашни и странски конкурси – сето тоа влегува во работните обврски на уредниците.

Бисера Бендевска со години работи како уредничка во „Арс Ламина“, најголемата издавачка куќа кај нас. Питома и нежна, професионална и со истенчен книжевен вкус, таа е пример за посветеност на работата и одличен соговорник на ретко опфаќаната тема во медиумите: уредништвото.

Како почна твојата уредничка приказна? Како влезе во издаваштвото и како (о)стана уредничка?

Кога одлучував за својата факултетска наобразба по средното образование, не размислував многу што би можела да работам со квалификациите што ќе ги стекнам – едноставно сакав да студирам на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Но, ако добро се сеќавам, во рамките на програмата на катедрата беа наведени и работни места за кои би биле квалификувани дипломираните студенти од ОКК. Меѓу другите беше и професијата уредник, што ми се чинеше најпримамлива и предизвикувачка. Две години по дипломирањето, наидов на огласот за работната позиција „уредник“ во издавачката куќа „Магор“ (за чиешто реноме знаев посредно преку стручните книги од некои наши професори објавени таму, а кои ги користевме за време на студиите) и ја пратив својата професионална биографија. Добив повик за интервју и за практичен тест, а набргу и станав дел од нивниот тим. Тоа беше воедно и моето прво вистинско работно искуство, по многуте практикантски и волонтерски ангажмани. Во „Магор“ се задржав една година, но не потраја долго кога ми се обратија од издавачката куќа „Арс Ламина“. Отидов на разговор, си се допаднавме и станав дел од издавачкиот сектор во куќата. Во „Арс Ламина“ наидов на прекрасен прием од колегите и адаптацијата на новата работна средина ми беше брза и ефикасна. Еве веќе осма година ја извршувам работата како уредник, со истиот ентузијазам, несмалена љубов кон оваа професија и со целосна посветеност.

Сметаш ли дека за оваа работа е неопходно да имаш добри учители? И дали ти ги имаш(е)?

И за оваа и за која било друга работа е пожелно и неопходно да се има добри учители и ментори. Имав среќа да учам од најдобрите во оваа дејност. Првиот учител и човек кој препозна потенцијал во мене е Владимир Јанковски, со кого работев заедно во „Магор“. Втората учителка е мојата сегашна колешка Оливера Ќорвезироска, која има повеќедецениско искуство во издаваштвото, уште во оние минати времиња кога се поставувале стандардите на професијата, кога уредници биле луѓето што станаа канон во македонската книжевност. Им благодарам што ми овозможија и ми овозможуваат и понатаму да пијам од кладенците на нивните знаења.

Што значи денес да се биде уредник? Кои се твоите обврски на дневно ниво, а кои на месечно?

Обврските и работните задачи на уредникот веројатно не се драстично променети низ времето, што е добар показател дека оваа професија одолева на трансформацијата на светот под влијанието на дигиталната ера. Веројатно придобивките, како што се интернетот и компјутеризацијата, само го забрзаа процесот на прибавување информации и достапноста до нив. И некогаш и денес, уредникот е одговорното лице за целокупниот изглед на изданието. Уредникот е и идеен творец и имплицитен читател и Хермес. Неговата улога се протега од креирање издавачка програма, преку суштинска обработка на текстовите, до контрола на печатеното издание. Во овие рамки се движат и моите обврски и одговорности. Со нашиот уреднички тим предводен од главната уредничка Бранка Бугариска, правиме редовни состаноци на кои ги распределуваме работните задачи за претстојниот месец или подолго, во зависност од обемноста на задачата. Потоа, секоја уредничка (во нашата куќа сите сме жени-уредници) се грижи за својата обврска. Па така, на дневно ниво ја администрирам мојата службена е-пошта и извршувам некои поситни задачи што произлегуваат од покрупните – уредување текст и процесирање на уредениот текст во следните фази од продукцијата на изданието.

Од друга страна, што значи да се биде уредник на преводна книжевност, а што уредник кој работи со домашни автори? И колку од твојата работа ја посветуваш на едната, а колку на другата уредничка работа?

Пристапот и предизвикот од работата на преведен текст и на оригинален текст се разликуваат. Во првиот случај, авторот ја завршил својата работа, неговото дело е затворено и уредникот се занимава со автентичното пренесување на содржината во македонскиот јазичен контекст. Се разбира, уредникот се потпира на професионалноста на преведувачот и неговата работа е „финосување“ на текстот, на неговата читливост и точност. Постојат и случаи кога уредникот му „посредува“ на странскиот автор да се приближи до читателите, кога неговиот текст е „заклучен“, херметичен или е анахрон. Тогаш уредникот пишува наменски придружни текстови или го анотира изданието, со цел да ја олесни комуникацијата помеѓу авторот и читателите.

Работата со домашните автори, пак, е вистинско уживање и практикување на уредничката професија. Уредникот има директен удел во текстот на авторот, активно учествува во обликувањето и во подобрувањето на содржината, грижејќи се да не ги наруши автономијата и сувереноста на авторот.

И на двете работи им се посветувам еднакво, затоа што двете работи на свој начин ја подобруваат мојата работа со предизвиците што ми ги поставуваат.

Каков ти е односот со писателите чиишто книги ги уредуваш, а каков е на писателите кон тебе? И колку и дали се самоцензурираш во поглед на забелешките кон ракописите во зависност од тоа чиј е ракописот?

Од мој аспект, мислам дека успевам да изградам коректен и отворен однос со писателите со кои соработуваме како издавачка куќа. Сите, без исклучок, ми пристапуваат со максимална доверба, отворени се за сите мои сугестии и конструктивните забелешки, а најголема полза од ваквиот однос имаат нивните дела. Јас, пак, им возвраќам со својата одговорност кон доверените текстови и барем засега тоа се покажува како успешен спој. Од веќе споменатото, сметам дека се насетува оти немам потреба да се „самоцензурирам“, а и да било поинаку, убедена сум дека повлекувањето или воздржувањето да се сподели мислењето е погрешно и единствено на штета на писателот и на неговото дело, а и воопшто, на целиот книжевен и културен контекст.

Често слушаме дека кај нас нема вистински уредници во издаваштвото, кои би давале забелешки за подобрување на едно дело и уредничката професија, како и многу други (особено во културата) не се цени доволно. Какви се твоето искуство и твоето мислење на оваа тема?

Имам впечаток дека широката јавност, нестручната, не прави разлика помеѓу уредник и лектор, и честопати кога се коментираат веќе издадени книги, особено во негативна конотација, критиките се слеваат на сметка на лекторот, а не се мисли само на правописните грешки, туку и на синтаксичките недоследности и на лошиот превод. Нешта што се задача на уредникот како координатор на целиот издавачки процес. Па така, се чини дека уредникот е невидлива фигура во едно издание, иако неговото учество е регулирано со закон и неговата улога во изданијата е најодговорна. Затоа, сакам да ти се заблагодарам што ја актуелизираш оваа тема и што се обидуваш да ја промениш нотираната ситуација преку овој разговор, а и преку сите идни заложби што ти се во план.

Колкав дел од твојата работа е читање ракописи на книги што потенцијално би се објавиле? И дали и колку се изненадуваш од нивниот (не)квалитет?

Голем дел од работата на целиот уреднички тим во „Арс Ламина“ е читање ракописи што ги добиваме на нашата наменски отворена е-пошта за оваа цел. Нашиот принцип на работа е таков што сите ги читаме пристигнатите ракописи и потоа ги дискутираме и носиме заедничка одлука за нивното евентуално објавување. Евидентна е појавата на скрибоманија во нашата средина и, за жал, бисерите меѓу ракописите се многу ретки. Со резигнираност ќе кажам дека претежнува чувството од соочувањето со неквалитетот, отколку со квалитетот. Потребна е огромна селективност во изборот на ракописите што „конкурираат“ за објавување, во спротивен случај ќе нè затрупаат шундот и кичот, а тие нема да останат само во книгите, туку ќе се пресликаат и во секој аспект од општественото живеење.

Затоа, пред шест години ја востановивме наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман, во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“. Целта на „Пегаз“ е потрага по квалитетно прозно писмо и скаутирање на нови писателски гласови кои ќе ја унапредат оваа прозна форма и ќе придонесат во промената на курсот во македонската книжевност во иднина.

Од свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година за романот „Риба во(н) мрежа“ од Јована Атанасова Матевска, уредена од Бисера Бендевска

Како се надградуваш како уредник? Дали е доволно само искуството да си го направи своето или има и други начини да се учи?

Уредничката работа подразбира постојано надградување. Стекнатото искуство само помага во совладувањето на препреката што ја поставува секој следен текст, и на тој начин тоа се проширува. Затоа оваа работа никогаш не е здодевна и еднолична. Знаеме да се израдуваме кога ќе примениме некој трик што ќе го онеобичи изданието, правејќи да се чувствуваме како магионичари. Всушност, уредувањето ме надградува и како уредник и како човек.

Колку чита еден уредник? 😊 Колку и што сè читаш ти – и за работата и за себеси?

Уредникот е „осуден“ на читање, и тоа е најпосакуваната „казна“ што некој што е привлечен од книжевноста би можел да ја посака. А сепак, тоа не е доволно и затоа „факултативно“ сакам да читам книги кои ќе ме обработат како тесто што се остава да нарасне, пред да добие нова форма на постоење и на цел. Во последно време, под влијание и на работата, повеќе сум изложена на литература за деца и со фасцинација им пристапувам на овие книги. Ако треба да издвојам некој наслов, тогаш еве кои книги ме апсорбираа целосно: седумте сликовници на Маја Мишевска, „Рико, Оскар и таинствените сенки“ од Андреас Штајнхефел, „Аги и Ема“ од Игор Коларов, „Окото на волкот“ од Даниел Пенак, „Кога светот беше млад“ од Јирг Шубигер и други. Кога сакам да се „одморам“ од читање, посегнувам по стрипови и графички новели, конкретно „Дилан Дог“ и „Марти Мистерија“.

И, за крај, дали преферираш да те нарекувам уредник или уредничка и зошто?

Немам преференции и нема да бидам повредена ако ме наречеш и уредник. Јазикот е влезна врата до свеста на колективниот говорител и е поинертен на промените. Во конкретниов случај, феминативот „уредничка“ може побезболно да се смести до својот „маскулинистички“ пандан, затоа што во перцепцијата на луѓето веројатно е полесно да ја замислат оваа професија како „женска“. Сметам дека е поважно родовите стереотипи да ги рушиме со нетипичните избори на професии. Јазикот сам ќе се „нагоди“.

Ако не јас, кој? Ако не сега, кога?

Europe House во соработка со Умно.мк  ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат.

Сите наидуваме на клише изреки кои ги кажуваме со потсмев и невистини, но всушност најчесто клишеата се жива вистина. Но кога станува збор за одговорност и преземање акција, нема поточна изрека од онаа во насловот на оваа колумна.

Да го ставиме ова во контекст на заштита на животната средина: индивидуална одговорност има секој од нас, цело време, секаде. И тоа без разлика дали станува збор за пазарење, седење по дома и гледање филмови, дружење со пријателите или, пак, фрлање ѓубре. Но зошто повеќето од нас немаат еколошки навики, свесно и одговорно секојдневно функционирање?

Е сега, морам малку да ја раширам темата за да дојдам до заклучокот на крај.

Со текот на времето научив дека подемот на масовното производство и „развојот на економијата“ се започнати со погрешни вредности, а тоа се парите и профитот. На почетокот на 20 век се порачуваат пропаганди кои ги мамат големите маси луѓе да веруваат дека одреден производ им е неопходен и дека ќе им го направи животот полесен и подобар, без многу етика и морал. Најпознат во тоа е Едвард Бернејс, внук на познатиот психолог Сигмунд Фројд, кој ја користи психологијата на човекот за да продаде производ. Се враќаме повторно на психологијата, односно зошто возам автомобил, а не велосипед, зошто не селектирам, зошто не пазарам рефус?

За да го сфатиме ова, треба да разбереме дека човечкиот мозок функционира на линија на помал отпор. Тоа е негов механизам за преживување, негова цел е да ја намали енергијата потребна да се реши некој проблем, а да ги зголеми наградите (уживањето).

Да го кажеме тоа понародски: завршуваш со работа, дома нема ручек, а не си стигнал навреме да испазариш на пазарче, па да зготвиш сам. Да се испланираат оброците, потребни се време и енергија за планирање. Додека, пак, пазарењето во супермаркет и нарачувањето храна е полесно, или некои милуваат да кажат – попрактично и бара помалку напор. Мозокот, барајќи да зачува енергија, те поттикнува кон полесната опција. Не е најстрашното тоа што немаш ручек. Но сите овие навики имаат многу негативно влијание врз животната средина: супермаркетите ја поттикнуваат масовната потрошувачка и се главен причинител за згаснување на локалните, микропроизводители на храна. Понатаму, освен што е економски неисплатливо, купувањето готова храна прави да имаме многу повеќе ѓубре во кантата, и тоа од пакување/кутии кои се за една употреба и не се рециклираат. Да, оние тенки пластики не се рециклираат и затоа ЕУ веќе ги забрани за секаква употреба. За крај, непланското пазарење храна резултира со поголеми количини отпад од храна.

Тука би сакала да потенцирам еден факт, дали знаете дека развиените земји имаат поголемо количество на отпад отколку неразвиените? Со други зборови, луѓето што имаат повеќе финансиски средства повеќе купуваат, а со тоа и повеќе одлагаат ѓубре. Во Германија едно лице во просек произведува, или фрла, 620 кг отпад. И тука спаѓа сѐ, и селектиран и неселектиран отпад. Додека, пак, кај нас, тоа изнесува 450 кг по жител.

Повторно ќе се навратам на навиките: студиите покажуваат дека на богатиот човек му е полесно да си купи нов фен за коса наместо да го поправи стариот. Помалку напор прави оној што сам си влегува во автомобил и оди на работа отколку секојдневно да се договара со комшијата или колегата кога да се чекаат и да одат заедно в град.

Промената започнува со освестување. Треба да бидеме свесни и ќе знаеме дека нашето пазарење нова облека секој месец во нискобуџетните продавници на долг рок нѐ чини многу повеќе (затоа што тие облеки не траат долго, се оштетуваат и се фрлаат), а со 3-4 квалитетни парчиња облека можеме и подобро да изгледаме, и повеќе време да имаме за други активности затоа што не шетаме по продавници. Дури тогаш ќе почнеме да размислуваме поинаку и ќе отвориме можност за стекнување нови еконавики.

Е тука за повеќето работи е клучен функционален систем. Досега зборував за одговорноста на индивидуите, но за да ја зачуваме планетата, мора да има симбиоза. Тоа најдобро функционира со освестени индивидуи кои придонесуваат за развој и добро функционирање на системот. Едноставно едно без друго не може. Под систем се подразбираат државата, градот и општините, јавните претпријатија и училиштата, но и системот кој го имаме и во најблиската околина, а тоа се нашите пријатели и семејство.

Лично мое мислење е дека нам сѐ уште ни се блиски одржливите навики, не треба да „измислуваме топла вода“, доволно е да погледнеме што прават нашите родители или баба и дедо, иако тоа го прават од економски причини, тоа се добри практики на одговорно однесување кон планетата. Баба ми правеше многу рецепти со дршки од зеленчуци – од пити до чорби. Другата баба цело време фрлаше ѓубре во една кеса која потоа ја миеше, а и кантата си ја миеше, за да не купува кеси и да заштеди некој денар. Дедо ми, пак, не се симна од велосипед, „Понито“ уште седи во подрум и може да се вози. Моите дома чуваат работи од кога бев мала затоа што „ќе се најде некогаш“. И ете, денес моите деца носат неколку маички и си играат со моите играчки.

Преку вакви практики, здружени може да влијаеме врз системот. Само ако има доволно велосипеди на улиците, градоначалниците ќе имаат приоритет да прават велопатеки, а не булевари. Клучното е да не се откажеме затоа што е тешко и нема услови за тоа. Да не дозволиме да го избереме полесниот начин. Туку да бидеме сигурни во нашите акции, во тоа што го правиме дека е правилно и одговорно. Понатаму, секој на свој начин да проба да го подобри системот – дали е тоа преку разговор со најблиските, политичка активност или можеби отворање некој бизнис за да се реши одреден проблем.

Затоа, пред да го обвиниме системот дека не работи, прво да се преиспитаме себеси. Или како што рекле старите: ако можеш да направиш добро, не прави лошо. Одговорноста е твоја да направиш напор бидејќи тоа е вистинската одлука. А времето е дојдено бидејќи ја прочита ова колумна докрај.

-Мила Јовановска, комуниколог, екоактивист

Cinedays Warm Up 2024

TETOVO, Cultural Centre “Iljo Antevski – Smok”, 14 – 15 June 2024

 

Friday, 14 June 

20:30 

Short MK film: THE SCRIPT, Director Aleksandra Kardalevska (15 min, North Macedonia, 2023)

 

20:45

EFTERKLANG: THE MAKEDONIUM BAND, Dir. Andreas Johnsen (1h 21 min, Denmark, North Macedonia, 2024) 

Trailer https://www.youtube.com/watch?v=lrjQfsH5Yo0 

Concert by STONED HEDGE (Tetovo)

 

Saturday, 15 June  

 

20:30

THE OLD OAK, Director Ken Loach (1h 53 min, United Kingdom, France, Belgium, 2023)  

Trailer https://www.youtube.com/watch?v=Fwb0c5zqsyM 

Discussion with Zlatko Gjeleski, film critic and Artan Sadiku, activist and theoretician

 

23:00

Short MK film: A TONE OF ICECREAM, Sandra Gjorgjievska (19 min, North Macedonia 2023)

 

KRUSHEVO, Monument “Makedonium”, 21 – 22  June, 2024

 

Friday, 21 June  

 

20:30 

Short MK film: ARE YOU A MAN?, Director Gjorce Stavreski (15 min, North Macedonia, Serbia 2023)

 

20:45

EFTERKLANG: THE MAKEDONIUM BAND, Dir. Andreas Johnsen (1h 21 min, Denmark, North Macedonia, 2024) 

Trailer https://www.youtube.com/watch?v=lrjQfsH5Yo0 

Concert by THE LOCAL BLUE (Skopje)

 

Saturday, 22 June  

 

20:30 

THE CRIME IS MINE, Director Francois Ozon (1h 42 min, France, 2023) 

Trailer https://www.youtube.com/watch?v=ipeDYBawfec 

Discussion with Zlatko Gjeleski, film critic and Ana Aleksovska, producer and film director 

 

23:00

Short MK film: TIK-TAK, Director Jane Altiparmakov (20 min, North Macedonia, Serbia, 2023)

 

GEVGELIJA, Dom na kutura, 28 – 29 June, 2024

 

Friday, 28 June

 

20:30 

Short MK film: BOXES, Director Angela Dimeska (12 min, North Macedonia, 2023)

 

20:45

EFTERKLANG: THE MAKEDONIUM BAND, Dir. Andreas Johnsen (1h 21 min, Denmark, North Macedonia, 2024) 

Trailer https://www.youtube.com/watch?v=lrjQfsH5Yo0 

Concert: DAKTILI (Strumica) 

 

Saturday, 29 June 

 

20:30 

FALLEN LEAVES, Director Aki Kaurismaki (1h 21 min, Finland, Germany, 2023

Trailer https://www.youtube.com/watch?v=AI3IASNvKeQ 

Discussion with Zlatko Gjeleski, film critic and Vlatko Galevski, film theoretician 

 

23:00

Short MK film: NAMES, Director Jane Spasikj (15 min, Kosovo, North Macedonia, 2023)

Програма Warm up Cinedays

ТЕТОВО, плато пред Дом на култура, 14 – 15 јуни 2024

петок, 14 јуни

20:30 

Краток MK филм: СЦЕНАРИОТО, режија Александра Кардалевска (15мин, Северна Македонија, 2023)

20:45

ЕФТЕРКЛАНД:  МАКЕДОНИУМ БЕНД, режија: Андреас Јонсен (1ч 21мин, Данска, 2024) 

Трејлер: 

Концерт: STONED HEDGE (Тетово)

 

сабота, 15 јуни 

20:30 

СТАРИОТ ДАБ, режија Кен Лоуч (1ч 53мин, Велика Британија, Франција, Белгија, 2023)

Трејлер:

Разговор со Златко Ѓелески, филмски критичар и Артан Садику, активист и теоретичар

23:00

Kраток МК филм: ЕДЕН ТОН СЛАДОЛЕД, режија Сандра Ѓорѓиевска (19мин, Северна Македонија, 2023)

 

 

 

КРУШЕВО, Плато пред „Македониум“, 21 – 22 јуни 2024

 

петок, 21 јуни 

20:30 

Краток MK филм: ДАЛИ СИ МАЖ, режија Ѓорче Ставревски (15мин, Северна Македонија, Србија, 2023)

 

20:45

ЕФТЕРКЛАНД:  МАКЕДОНИУМ БЕНД, режија: Андреас Јонсен (1ч 21мин, Данска, 2024) 

Трејлер:

 

Концерт: THE LOCAL BLUE (Скопје)

 

сабота, 22 јуни 

20:30 

ЗЛОСТОРСТВОТО Е МОЕ, Франсоа Озон (1ч 42мин, Франција, 2023)

Трејлер:

Разговор со Златко Ѓелески, филмски критичар и Ана Алексовска, продуцентка и режисерка

 

23:00

Краток MK филм: ТИК-ТАК, режија Јане Алтипармаков (20мин, Северна Македонија, Србија, 2023)

 

 

ГЕВГЕЛИЈА, плато пред Дом на култура, 28 – 29 јуни 2024

 

петок, 28 јуни 

20:30 

Kраток филм: КУТИИ, режија Ангела Димеска (12мин, Северна Македонија, 2023)

 

20:45

ЕФТЕРКЛАНД:  МАКЕДОНИУМ БЕНД, режија: Андреас Јонсен (1ч 21мин, Данска, 2024) 

Трејлер:

Концерт: ДАКТИЛИ (Струмица)

 

сабота, 29 јуни 

20:30 

ПАДНАТИ ЛИСЈА, Аки Каурисмаки (1ч 21мин, Финска, Германија, 2023)

Трејлер:

Разговор со филмските критичари Златко Ѓелески и Влатко Галевски

23:00

Краток MK филм: ИМИЊА, режија Јане Спасиќ  (15мин, Северна Македонија, Косово, 2023)

Биодиверзитетот во Дојранското Езеро

  1. Географски и природни одлики на Дојранското Езеро

Дојранско Езеро е најмалото од трите тектонски езера во Северна Македонија. При нормален водостој има површина од 43 квадратни километри, просечна длабочина од околу 6,7 метри и најголема длабочина од 10 метри. Со вода, покрај од атмосферските врнежи, природно се храни од неколку помали реки и од мал број сублакустрични извори, односно извори кои се наоѓаат под површината на езерото. Единствениот истек на езерото е реката Дојрани која почнува од с. Дојран во Грција и завршува како притока на Вардар кај с. Аксиохори, Грција.

Дојранското Езеро е лоцирано на границата помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија Лежи на надморска височина од 148 метри во најнискиот дел од топографската депресија која е ограничена со планината Беласица од север, планината Круша од исток и планината Мачек од запад. Воедно, Дојранското е  и најниското природно езеро во Северна Македонија. Околу 64% од езерото е на македонска, а 36% на грчка територија. Езерото има елипсоидна  или речиси округла форма. Во народниот јазик, езерото е познато и како Дојрански Ѓол.

Поради природните убавини, хидролошките, хидробиолошките, геоморфолошките, пределските и други научни вредности, а особено вредностите на живиот свет во езерото, со одлука на Собранието на Република Северна Македонија од 12 април 2011 година е донесен закон со кој Дојранското Езеро и неговото крајбрежје, се прогласени за споменик на природата. Според законот, надлежен орган за управување со ова заштитено подрачје е Општина Дојран. Од грчката страна Дојранското Езеро е дел од националниот парк Керкини.

Споменик на природата – заштитено подрачје управувано главно за зачувување на специфичните природни обележја; подрачје во кое се опфатени еден или повеќе специфични природни или природно културни обележја, кои имаат посебна или уникатна вредност заради својата реткост, репрезентативност или заради естетски и културни особености.

Видови на езера

Според формата и начинот на кој настанале, постојат повеќе видови езера со различна големина и длабочина.

  • Котлински езера: тоа се езера кои имаат наполнето природна вдлабнатина на површината на земјата (котлина)
  • Леднички езера: езера кои се формираат со топење на снегот и мразот во високите делови на планините
  • Вештачки езера: езера кои се формирани од страна на човекот преку изградба на брана на река

Што е езеро?

Езеро претставува голема вдлабнатина на површината на земјата исполнета со вода. Езерото е поделено на три делови: езерски басен или вдлабнатината во која се наоѓа езерската вода, езерска површина наречена езерско огледало и езерски брег. Делот од езерото каде се спојуваат водата и копното се нарекува езерска линија. Езерата, за разлика од барите и другите помали водени тела, не пресушуваат и се постојани во текот на целата година. Кај вистинските езера, водената површина се дели на два дела. Првиот дел е осветлен затоа што низ него пробиваат сончевите зраци, а долниот дел, односно дното на езерото, е темно, затоа што до него не допира светлината. Ветровите можат да ја придвижат водата во езерото, со што се создаваат езерски бранови. Бреговите на езерото може да се стрмни и карпести, ниски и песокливи во вид на плажи, калливи, или пак обраснати со трска, грмушки и други видови дрвја.

Како да го чуваме Дојранското Езеро?

Езерата се особено важни за голем број видови и единствен дом без кој многу животни би изумреле, но тие се подложни на постојано загадување и уништување од човекот, како и под силно влијание од климата која се менува. Доколку ги загубиме езерата, ние немаме можност нив повторно да ги вратиме, па затоа е важно да ги чуваме и заштитиме. Еве што треба да направиме:

  • Да избегнуваме да фрламе отпад на плажите, бреговите и во барската и езерската вода
  • Да не истураме загадувачи и отрови во водите
  • Да не ги уништуваме бреговите и плажите
  • Да не ги палиме растенијата по бреговите
  • Да не ги ловиме и непотребно убиваме водните животни
  • Да ги проучуваме барите и езерата
  • Да ја шириме пораката за важноста на водните екосистеми и нивното значење за нашата иднина

 

  1. Настанок на Дојранското Езеро

Дојранското Езеро поради својата старост во себе крие многу тајни за долгото геолошко, биолошко но и човечко минато. Многу бурни периоди од природата и историјата се забележени и вечно оставиле трага на површината, но и на дното на езерото.

Главната карактеристика на тектонските езера, како Дојранското е нивната старост и релативна стабилност. Површината на водата на езерото во себе и на себе прима многу информации што низ годините сведочат за мноштво настани. Всушност, старите тектонски езера се како природни библиотеки и архиви на отворено. Многу од доказите на минатите случувања може да се дознаат доколку се проучува потеклото, начинот на формирање и развој на езерото.

За потеклото на Дојранското езеро постојат две страни: една е научната за тоа како природа го создала езерото, а втората страна доаѓа од креативноста и традицијата на локалното население кое преку митовите и легендите го барало објаснувањето за природните појави околу себе. Преку митовите ние може да го проучуваме и односот што локалното население го имал кон езерото низ вековите. Ова колективно знаење за Дојран не учи за важноста на Дојран како и за разумното користење на природните ресурси. Во двете најпознати легенди за настанокот на езерото се спомнува токму за ефектот на тоа што може да се случи доколку не внимаваме на водата и разумно не ги користиме природните ресурси.

Геолошки карактеристики на езерото

Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Ова значи дека басенот на кој се наоѓа езерото е формиран поради промена на површината поради движење на тектонските плочи, најверојатно поради некаква вулканска активност. Сегашното Дојранско Езеро е остаток од некогашно Пеонско Езеро (познато уште и како Стримонско Езеро) и припаѓа на т.н. Пajонска група на природни балкански езера. Всушност, станува збор за реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 км2. Плеистоценот е епоха која на геолошката скала го опфаќа периодот од 1.808.000 до 11.550 година пред денешно време. Ова значи дека Дојранското Езеро постоело уште во времето кога низ територијата шетале мамути, мастодони, хипарино (пракоњи) и различни џиновски працицачи. Врз основа на современите научно – стручни податоци за генезата и развојот на Дојранското Езеро може да се изведе општ заклучок дека тоа е типично еутрофно езеро од времето на плиоценот, значи со старост која се цени на повеќе милиони години.

Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км. Овој брег има најмала разгранетост, а низ него се развиле голем број на песочни плажи кои имале клучен потенцијал врз развојот на туризмот. Поголемиот дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само пострмните тераси се песокливи, што е и една од причините за заматеноста на водата.

1.Прва легенда:

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади, градини и овоштарници. На мала височинка на крајот од долината имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но и еден турски големец-кајмакам. Дојрана не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајќи се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното тело. За да го покрие и освети, изворот почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во езеро. Езерото и неговите брегови требале да потсетуваат на убавините на прекрасната Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Во нејзина чест и вечен спомен, езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.

2. Втора легенада:

Во историскиот град Полин имало една многу убава девојка што се викала Дојрана. Била висока, со витка става и црни очи. За нејзината убавина се прочуло низ сите локални краишта. Дојрана со своите другарки секоја вечер доаѓала на чешмата која се наоѓала во пространата долина на крајото од градот.

Една вечер кога Дојрана отишла по вода со своите другарки, кај чешмата дошол и убавиот Лабин. Додека Дојрана и Лабин нежно и љубовно си збореле, другарките на Дојрана ги наполниле бардињата и ѓумовите со вода и тргнале накај дома. Дојрана и Лабин останале сами. Се задржале подолго време. Кога увиделе дека другарките си заминале и ја оставиле сама, многу се збунила па затоа на брзина ги наполнила со вода своите бардиња и побрзала да ги стигне другарките. Било ноќ и ѝ било страв да си оди дома сама. Во тоа брзање да ги стигне своите другарки ја заборавила чешмата отворена. Водата од чешмата течела цела ноќ, па другиот ден народот со чудење гледал дека целата долина е исполнета со вода и наместо убаво тревно поле, настанало езеро. Кога разбрале селаните и полјаците дека Дојрана ја заборавила чешмата да тече цела ноќ, решиле под неа да го наречат ова ново езеро Дојранско, а градот од Полин – станал Дојран.

  1. Дојранското Езеро и локалната заедница

 

Езерата и езерските брегови секогаш биле места каде што луѓето ги формирале првите населби и живеалишта. Езерото било главен извор на вода за пиење, вода за наводнување, храна и материјали за изградба. Старите тектонски езера, како Дојранското отсекогаш биле центар на локалната култура и цивилизација. Низ целиот бурен историски период, на Дојранските брегови се менувале народите, културите, владетелите и јазиците – но од сето тоа денес останале само малку археолошки артефакти, многу приказни, делови од традицијата и секако езерото, кое немо сведочи за историјата на целиот регион.

Најстарите евидентирани докази укажуваат за живот покрај езерото во 5тиот век п.н.е. Поголем развој на населбата се забележува во Римскиот период,  а кога Дојран бил под Византија  му било дадено името Полин (Polin) значејќи „град“. Со доаѓањето на Словените, населбата го добила словенското име Полјанин. Околината на денешен Стар Дојран, почнува да се развива по доаѓањето на Отоманската Империја и започнува да функционира како мал, дуќанџиски град.
По бранот на уништувања во Првата Светска Војна, кога Дојран се нашол на тромеѓето меѓу завојуваните страни, градот бил разрушен, а населението се повлекло и ја формирало новата заедница Нов Дојран.

Денес постојат три населени места кои го носат името Дојран: Стар Дојран и нов Дојран на македонска страна, и селото Дојрани на грчката страна.

Околината на езерото го населуваат локалните заедници од 13 села: Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Нов Дојран, Органџали, Сретеново, Севендекли, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос

Од колективното знаење и сеќавање на локалното население можеме да учиме многу за екологијата на езерото и начините на кои се менувало низ годините.
Словенското име за градот Полјанин, можеби упатува кон фактот дека езерото низ историјата имало периоди на суша и повлекување на езерската вода, што давало изглед на езерото како поплавна ливада или поле. Локалното име за езерото е Дојрански Ѓол. Ѓол е архаичен поим со турско потекло што означува мочурливо подрачје. Ова иста така не води до можен заклучок дека природата на езерото тесно зависи со локалните водни циклуси кои локалното население ги има во својата колективна меморија за езерото.

Ловење со мандри

Риболовот е значајна стопанска гранка за населението кое живее во околината на Дојранското Езеро, а карактеристичен е традиционалниот начин на ловење риби со помош на водни птици и огради изработени од трска наречени мандри (насеки, фунти) во кои рибите бегаат од птиците- нуркачи. Ловењето се мандри е редок пример каде човекот ги користи дивите видови (во случајот корморани) за ловење и заловување на риби.

Мандрите се директен физички артефакт помеѓу сегашноста и најстарите форми на градби на езерото. Се смета дека сите тектонски езера во Северна Македонија биле првично населени токму од ткн. наколни населби каде луѓето живееле и се прихранувале на самата водна површина. Користејќи природни и локални материјали, мештаните граделе мали куќи од дрво, трска и слава. Куќите биле поставени на високи, дрвени столбови близу езерскиот брег.

Дојранското Езеро е едно од ретките места во светот каде рибите се ловат со помош на птици. Овој процес е многу ретка рибарска традиција во светот. Мандра е воден простор во езерото во близина на брегот, во кој има куќичка, а од три страни е заграден со трска. Подготовките за ловење риби на овој стар традиционален начин започнуваат во октомври и траат се до март. Во октомври се оградуваат две страни со трска, а страната кон Дојранско Езеро се остава отворена.

Кога кормораните надоаѓаат во текот на ноември, барајќи храна се приближуваат кон оградата, бркајќи ги натаму и рибите. Рибарите кога ќе констатираат дека има доволно риба ја заградуваат целосно мандрата. Тие ги фаќаат птиците во делот наречен пиликатник, им ги сечат крилјата и ги пуштаат на оградата од кај езерото, со цел да ги чуваат рибите и да не им дозволуваат излезат од заградениот простор. Птиците со исечени крилја се нарекуваат аргати. Како поминува времето оградата се повеќе се стеснува и се приближува кон брегот, при што се создава мал простор наречен котец од каде се црпат рибите, без физички оштетување врз нивните тела.

  1. Дојранската еколошка катастрофа

Менувањето на нивото на водата е дел од природниот процес на езерата. Тие како екосистеми се создаваат, постојат и остаруваат. Затоа се вели дека езерските екосистеми имаат три старости: староста на езерскиот басен – кога езерото се формирало, староста на водниот систем – кога езерскиот басен се наполнил со вода и најважниот – староста на езерото како екосистем, односно кога започнал животот во него.

Дојранското Езеро низ својата еволуција бележи континуирано опаѓање на максималното ниво на водата. Ова опаѓање е многу бавно (неколку метри за период од милиони години) и се смета за природно стареење на езерото. Но, со прекопувањето на одводниот канал Ѓол Ај од грчка страна во 1808 година, овој процес е драстично забрзан, а нивото на водата во изминатите сто години било подложно на големи осцилации и промени.

Во период од 1951 до 1994/95 нивото на водата во езерото осцилирало меѓу котите 148.04 и 142.01 м.н.в., што претставува висинска разлика од 6.03 метри. Овие флуктуации предизвикаа варирање на волуменот на водата за 226.4 милиони кубни метри вода што претставува дури 74 % од вкупниот волумен на езерската вода при максимално ниво на езерото.

Во периодот помеѓу 1984 и 2003 година поради неконтролираното испуштање на водата, преголемото испарување, како и долготрајна суша, езерото бележи континуиран пад на нивото со просечна годишна загуба од 5,73 милиони кубни метри вода. Поради тоа, Дојранското Езеро во овој период се соочуваше со еколошка катастрофа од големи размери. Ова е прв пример во доташната историја на државата, каде се среќаваме до сериозно еколошка катастрофа која претставува опасност за целосно исчезнување на еден значаен екосистем и губење на целото езеро.

Со проектот „Спас за Дојранското Езеро“ на тогашната Влада на Република Северна Македонија , во 2003 година е пуштен во употреба хидросистем преку кој езерото се снабдува со дополнителни количини вода од алувијалниот издан во Ѓавачко поле, во околината на Богданци. Со искористеност од 90% од својот капацитет системот доведува околу 28 милиони метри кубни вода годишно во Дојранското Езеро, што покрај некои други позитивни аспекти, придонесе за враќање на нивото на езерото во оптимални граници.

Иако нивото на водата може да се контролира, сепак големата еколошка катастрофа неповратно уништи голем број на ретки и непознати видови и ретки природни заедници.

Загадување на езерата

Сите водни екосистеми претставуваат отворена површина во која завршуваат различни загадувачи. Доколку воздухот е загаден, загадувачките материи паѓаат на површината на водата и така ја загадуваат. Доколку почвата е загадена, со дождовите, таа се плакне и загадувањето повторно се пренесува во водите. Доколку пак, реката која се влива во езерото е загадена, со неа заедно се вливаат и загадувачките материи. Денес, водните екосистеми претставуваат едни од најчувствителните и најзагадените екосистеми кои се под постојана опасност.

Отпад

Цврстиот отпад претставува голема опасност за живиот свет во барите и езерата. Со својата форма и големина, тој може физички да ги повреди животните. Дел од отпадот личи на некоја храна што животните можат да ја голтнат и да се задушат. Некој отпад, со својата тежина, ги уништува подводните гнезда или јајца, а понекогаш цврстиот отпад од метал или керамика го потрупува езерското дно.

Загадување на водата

Многу често, поради човечката неодговорност, разни форми на загадување и отрови влегуваат во барите и езерата и го нарушуваат или целосно го уништуваат животот во нив. Некои материи, влијаат како отров врз рибите, жабите и другите животни и ги трујат. Други пак материи, влијаат врз животот на инсектите, со што ги оставаат рибите и жабите без храна. Постојат загадувачки материи кои ја заматуваат и менуваат водата со што прават целосно уништување на езерата.

Затоплување на водата

Долгите и топли периоди водат до зголемување на температурата во барите и езерата. Силните сончеви зраци продираат низ целата површина на водата, носејќи светлина и топлина. Иако можеби нам ни годат топлите тушеви и бањи, сепак во нив уживаме само кратко време, а потоа ни станува топло и задушливо. На сличен начин, зголемувњето на температурите на водата им влијае на живите организми во езерата.

Сушење на езерата

Како што температурите растат од година во година, летата стануваат се подолги, деновите подолги, а дождовите поретки, езерата започнуваат да се сушат и исчезнуваат. Сушата ја испарува водата од езерата, со што го намалува просторот во кој животните во нив можат да живеат. Како што се повлекува водата, сите животни и растенија кои живеат во близина на бреговата линија остануваат на суво и умираат. Езерата, поради својата големина и длабочина, се малку поотпорни на сушата, за разлика од барите кои за едно лето може да исчезнат.

Уништување езерата

Човекот не е секогаш свесен за вредноста и чувствителноста на езерата, па затоа со своите планови за градба постојано ги уништува. Со желба да ги прошири површините на кои одгледува храна, човекот ги суши, закопува и затрупува барите и другите мали површини со вода. Бреговите на езерата се важни за движење на животните, а човекот со желба да живее или летува близу езерата, ги уништува бреговите со градба на куќи, насипи и пристаништа.

5.Птиците на Дојранското Езеро

Дојранското Езеро и околината е значајно место за птиците. Тука тие престојуваат, се хранат, размножуваат, гнездат, одмараат и презимуваат. Езерото полно со риба и храна се важен центар за прехрана на многу видови водни птици. Трската и крајбрежната вегетација нудат идеални услови за формирање на гнездо и криење од предатори. Релативно слабата урбанизација на брегот и околината, нудат дивина која преставува мирно и безбедно засолниште за птиците.

Дојранското Езеро е особено важно за птиците преселници. За птиците преселници ова езеро може да има две улоги: како попатна станица, каде што може да се одморат, нахранат и засолнат при неповолни временски услови; и како крајна дестинација.

Птичја миграција е сезонски прелет од местата за гнездење до местата за презимување.

Преку заштита на значајните подрачја за птици, се подобруваат условите во кои миграторните птици живеат

Популацијата на птици е особено голема во текот на зимските месеци кога птиците од посеверните краеви тука наоѓаат поволни климатски услови за презимување. Бројот на птици во зимските месеци редовно се мониторира при што може да се констатира дека во зими со многу ниски температури кога водата во езерото замрзнува нивниот број е значително помал.

Од претставниците на орнитофауната значајно е присуството на видовите кадрав пеликан (Pelecanus crispus), мал корморан (Phalacrocorax pygmeus), белоглава патка (Oxyura leucocephala), голем корморан (Phalacrocorax carbo), модронога сабјарка (Recurvirostra avosetta), мал лебед (Cygnus columbianus), блатна еја (Circus aeruginosus), обичен пеликан (Pelecanus onocrotalus), црвена чапја (Ardea purpurea), нубиско свраче (Lanius nubicus).

Кадрав пеликан

Кадрав пеликан или бабјак е прелетна птица-гнездилка од семејството пеликани. Пеликанот е голема, тешка летечка птица. На темињата и тилот поседува „кадрави“ (извиткани) перја по што од таму и неговото име. Има голем, силен жолто-портокалов клун со голема портокалова грлената торба под него. Просечната тежината од 11.5 кг ја прави најтешка птица во светот од својот род. Имаат меѓу најголемите распони на крилјата меѓу птиците.

Мал корморан

Мал корморан или ачко е голема водна птица, од на семејството корморани. Телото на малиот корморан е темни пердуви со зелен одблесок. Има долга опашка и задебелен клун со специфичен изглед. Тој е делумно преселнички вид. Малиот корморан живее и се размножува во колонии во слатководните езера со многу вегетација како Дојранското. Тој гради гнездо од трева и гранчиња на ниски дрвја.Малиот корморан се храни главно со риби, често ловејќи во група. Токму поради оваа карактеристика овој вид традиционално се користи во Дојран за лов на риби во мандри.

Голема бела чапја

Чапјата е голема водна птица чијшто живот е поврзан во водните површини. Таа често може да се најде по бреговите на барите и езерата, додека е нурната со главата во водата барајќи храна. Чапјата се храни со риби, жаби, а поретко и со глувци. Таа го корсти својот долг, жолт, остар клун како копје со кое ги лови рибите. Живее и се гнезди во групи наречени колонии.

Пчеларка

Пчеларката е мала, птици преселница што често може да се сретне околу бреговите на барите и езерата. Таа е многу шарена птица и пердувите на телото и се со црвена, жолта, зелена и сина боја. Наместо гнездо, тие живеат во дупки кои ги прават по бреговите. Најчесто живеат во заедница – односно на еден брег се наоѓаат повеќе дупки. Се вика пчеларка, зошто се храни со инсекти, најчесто пчели – но освен тоа се храни и со други инсекти како скакулци и пеперутки.

Набљудување птици

Птиците се едни од најпроучуваните групи животни, затоа што многу луѓе набљудувањето птици го сметаат за хоби. Набљудувањето птици е процес на проучување на птиците и на нивната екологија преку набљудување на нивниот живот со помош на оптичко помагало (двоглед) и слушајќи ги нивната песна и нивните звуци. Некои од видовите можат да се одредат со физичко набљудување, а некои од видовите се препознаваат преку својата песна.

  1. Водоземците и влекачите на Дојран

Дојранското езеро како воден екосистем со своите мали и ретки живеалишта и крајбрежна вегетација, преставува „жешка точка“ за голем број видови на водоземци и влекачи. Тие во Дојран го населуваат езерото, крајбрежјето, рипариската вегетација и појасите со трска.

Водоземци се ладнокрвни, рбетни животни што поминуваат една фаза од својот живот во вода. Тие физички се разликуваат помеѓу нивната водна и сувоземна фаза. За разлика од влекачите тие ги снесуваат своите јајца во водата. Возрасните единки се хранат со лов на инсекти и ларви.

Влекачите се ладнокрвни, рбетни животни како што се змиите, гуштерите, желките. Најголем дел од видовите снесуваат јајца, а само дел од нив раѓаат живи младенчиња. Кожата им е покриена со лушпи и коскени плочки кои може да се расположени под кожата.

Најчести видови на водоземци во Дојран

  • Зелена крастава жаба (Bufotes viridis)
  • Крастава жаба (Bufo bufo)
  • Езерска жаба (Pelophylax ridibundus)
  • Дождовниц (Salamandra Salamandra)
  • Македонски мрморец (Tritorus macedonicus)

Најчести видови на влекачи во Дојран

  • Белоушка (Natrix natrix)
  • Рибарка (Natrix tessellate)
  • Речна желка (Mauremys rivulata)
  • Блатна желка (Emys orbicularis)
  • Змијогуштер (Pseudopus apodus)

Езерска жаба

Езерската жаба е водоземец кој живее и во барите и во езерата. Таа се препознава по своето темно зелено или кафено тело со светло зелена линија преку главата и грбот. Преку ден, езерската жаба се наоѓа во водите каде што се движи пливајќи, а навечер излегува на брегот да лови. Таа има голем апетит и може да се храни со различен тип на храна: муви, пеперутки, молци, полжави и други инсекти. За време на зимата, езерската жаба се наоѓа во зимски сон во калта покрај езерската вода, или во природни дупки по бреговите.

Мрморец

Мрморец е водоземец кој живее во мали водни тела како бари. Тој личи на гуштер и има силно развиена опашка со која се движи низ водата, што го прави одличен и брз пливач. Мрморецот постојано живее под вода, освен во текот на зимата кога заминува во зимски сон во песокливите и калливи брегови на барите. Поради обоеноста на телото, многу тешко можеме да го забележиме како се движи низ матните зелени води на барите. Тој се храни со различни водни инсекти.

Рибарка

Рибарката е неотровна змија која живее во близина на реки, бари и езера. Таа се храни со риби, водоземци, влекачи и инсекти. Нејзиното тело е долгнавесто, со сиво-зелена кожа и темно точки на грбот. Рибарката е водна змија и може да плива и нурка додека лови, но понекогаш се движи околу по бреговите на барите и езерата каде што го чека својот плен. Кога оваа змија ќе почувствува опасност, лачи смрдлива материја од задниот дел на телото и така се брани од непријатели.

Заловување, ловење, малтретирање и убивање на водоземците и влекачите во рамките на Споменик на природа Дојранско Езеро е строго забрането! 

7.Живиот свет во и околу Дојранското Езеро

Дојранското езеро претставува мала европска оаза на ретки и загрозени животни. Од најголемите длабочини на езерото, преку езерската површина, крајбрежјето, плажите и бреговите, па се до малите езерски шуми – сиот Дојран цути со живот во различни форми, зачуван тука низ милениумите.

Дојранското Езеро и неговата околина е многу важен екосистем кој преставува дом на речиси илјадници видови на безрбетници.

Распространувањето на безбретниците низ Дојранскиот регион може да се подели на 3 главни дела: животот во и на водата, живитот на крајбрежјето и животот во околните ридови и ливади.

Дојранските ридско планински предели, ливади, овоштарници, ниви и градини иако не се водни екосистеми, тие директно се поврзани со езерото. Многу често видовите на дневно ниво се движат од сувоземните екосистеми кон езерото и обратно, што значи дека нивното присуство е важен дел за животот околу езерото.

Животот во водата

Од типот Porifera (сунѓери) во Дојранското Езеро е  присуство на три вида меѓу кои и ендемичниот дојрански сунѓер Spongilla carteri dojranensis.

Типот Mollusca (мекотели) во Дојранското Езеро е претставен со видови од двете класи Gastropoda (полжави) застапена со 21 вид помеѓу кои и дојранскиот ендемичен полжав Graecanatolica macedonica и Bivalvia (школки), пет вида помеѓу кои највпечатлив е видот Dressena polimorpha.

Подтип Crustacea (ракови) е богато застапен во водите на езерото, а класата Copepoda е со сите три реда слатководни копеподи, ендемичната дојранска циклопоида Microcyclops varicans dojranensis.

Животот на крајбрежјето

Класата Oligochaeta (малкучетинестите црви)  застапена е во 22 вида во Дојранското Езеро, вкучително дојранскиот ендемичен вид Isochaeta dojranensis.

Во бентосната заедница, тоа се инсекти и други безребтници што живеат на дното на езерата карактеристично е тоа што за време на ларвената фаза тие го минуваат животот како водни инсекти, а возрасниот период го минуваат на суво. Од редот вилински Коњчиња (Odonata) регистрирани се 39 видови. Од претставниците на редот пролетници (Prekoptera), видот Rhabdiopteryx dojranensis е дојрански ендемит.

Редот пепeрутки (Lepidoptera) вкупно има 526 видови во Дојранскиот Басен и Дојранската Котлина, што претставува огромна концентрација на диверзитетот на една ограничена територија. Оваа голема видова разлоликост се должи на различниот број на мали хабитати што се сретнува низ целиот регион.

Голем водољубец

Големиот водољубец е голем воден инсект од групата на тврдокрилци ги викаме вака зошто нивните крилја се скриени по тврди штитници, кои ги отвораат кога требаат да летаат. Водољубецот е супер инсект; тој може и да лета, и да трча по почвата но и да плива и нурка. Се храни со мали инсекти и ларви, но и со растенија кои се распаѓаат во водата. Неговите ларви за да преживеат се прикачуваат за оклопот на полжавот и таму живеат се додека не пораснат.

Пајак рибар

Пајакот рибар е чест жител на барите и езерата. Својот живот го поминува половина на вода и половина на копно. Тој не може да плива или да нурка, но ги користи своите 8 силни нозе да се лизга на површината на водата и понекогаш личи како да весла кајак. Тој е одличен ловец и исто како рибарите мирно седи на површината на водата и го чека својот плен. Понекогаш тој стои мирно на некој гранка околу брегот и се спрема да лови и само кога мисли дека пленот ќе избега само за кратко може да нурне и да го извлече од водата.

Рак

Ракот претставува ноќен жител на езерата. Во текот на денот, тој мирува и се одмора во некоја дупка или пукнатина на бреговите, а навечер излегува се движи и се храни. На неговото мени се наоѓаат: црви, полжави, водни инсекти и понекогаш и водни растенија. Но и ракот е важна храна за другите животни особено за рибите грабливки. Ракот може да се препознае по неговата опашка обложена со мали плочки како оклоп како и неговите предни нозе во форма на клешти. Најважна работа во животот на ракот е чистата вода – тој може и сака да живее само во чисти езера, бари и реки.

Вилинско коњче

Вилинското коњче е голем брз летечки инсект што постојано може да се сретне околу бреговите на барите и на езерата. Лесно може да се препознае по неговиот изглед и силните крилја. Животот на овој инсект се дели на 2 дела: половина од својот живот го поминува како ларва под површината на водата, а другата половина летајќи околу езерската и барска трска. Вилинското коњче е силен ловец и со своите нозе го зграбува пленот и го јаде летајќи.

Еднодневка

Еднодневката е мал летечки инсект што се сретнува во близина на бреговите на барите, езерата и реките. Лесно може да се препознае по трите мали тенки опашки кои излегуваат од задниот дел на телото. Еднодневката е најактивна во текот на пролетните и летните денови. Најголемиот дел од својот живот, еднодневката го минува под вода прикачена за камења и водни треви. Потоа, таа излегува на површината од водата, ги отвора своите крилја и живее многу кратко, понекогаш само 1 ден – па затоа и името еднодневка.

  1. Алгите во Дојранското Езеро

Алгите се автотрофни организми слични на растенијата кои се хранат преку процесот на фотосинтеза. Нивното тело е малку диференцирано и се означува како талус. Тие можат да бидат од многу мали едноклеточни, па сè до големи и по неколку метри. . Дел од нив во водата добиваат изглед на подводни растенија. Најчесто алгите имаат зелена боја, но понекогаш тие може да се и жолти, кафени или пак црвени Можат да се сретнат и во слатка и во солена вода. Алгите имаат широко распространување на Земјата. Тие живеат во водна средина, најповолна за нивниот развиток. Меѓутоа, ги има и во влажни и повремено влажни места. Освен тоа, живеат на карпи, снег, во почва, во некои растенија и животни, како и во симбиоза со габите. Алгите се космополитски организми, односно распространети се насекаде.

Во Дојранското Езеро освен на дното од езерото и низ водната површина, тие може да живеат и на површината на водата, по бреговите и плажите или пак закачени за камењата и карпите.

Еутрофикација и појава на воден цвет

Еутрофикацијата е процес кој се одвива во екосистемот на еден воден басен (езеро), при кој се зголемува количеството на хемиските материи кои се користат во минералната исхрана на растенијата (азот, фосфор), што доведува до зголемена биолошка продуктивност. При овој т.н. „воден цвет“ обилно се развиваат некои прилагодени видови на алги и за многупати ја зголемуваат својата биомаса. Водниот цвет најчесто се должи на некои видови на модрозелени алги. Модрозелените алги (цијанобактерии) се мали, едноклеточни организми кои имаат можност за фотосинтеза.

Поради присуство на големи количества хранливи материи со биогено потекло меѓу кои доминираат фосфорни и азотни соединенија, Дојранското Езеро е изразито еутрофно со тенденција за хипертрофизација. Езерото се карактеризира со хиперпродукција на фитопланктон и алги чии количества повеќекратно ги надминуваат потребите на организмите кои со нив се хранат, а од друга страна водата е дефицитарна со кислород, што негативно се одразува врз условите за развој на живиот свет.

Стареење на езерото

Со таложењето на изумрениот биолошки материјал на дното како резултат на еутрофикацијата и зголемувањето на наносот, водниот басен постепено се претвора во мочуриште, а потоа во копнен екосистем. Затоа овој процес е познат и како „стареење на езерата“.

9.Рибите во Дојранското Езеро

Рибите во Дојранското Езеро

Дојранското Езеро преставува еден од најважните водни екосистеми во државата поради големата биолошка разновидност со различни видови на риби. Дојранското Езеро, по однос на составот на најзастапени риби претставува ципринидно езеро, односно езеро во кое најчесто живеат риби од семејството на крапови и нивни роднински видови.

Рибите во Дојран според своето потекло може да бидат: автохтони или алохтони. Автохтони се видови кои природни припаѓаат на подрачјето и екосистемот, тие се дел од домородната биолошка разновидност. Алохтоните видови се видови кои природно не може да се сретнат во езерото и се донесени од страна на човекот. Овие видови риба завршиле во езерото поради порибување односно збогатување на рибниот фонд на езерото со цел развивање на риболовот.
Денес, внес на алохтони видови на риби не е препорачано и е строго забрането.

Рибниот фонд на Дојранското Езеро брои 14 видови, од кои само еден е ендемичен, додека пак два вида се интродуцирани. Во минатото бројот видови риба кои можеле да се сретнат во езерото изнесувал 21 вид од 7 фамилии. Но, некои видови како што се црна мрена, кркушка, клен, или златна штипалка многу ретко или воопшто не се сретнуваат, додека пак примерок од рибата камењар не е уловен повеќе од 40 година.

Видовите риби во езерото и нивниот живот се истражува повеќе од еден век, но поради комплексноста на екосистемот постојат се уште биолошки тајни кои се кријат под мирната езерска вода на Дојран.

Риба

Риби се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Тие го поминуваат целиот свој живот во водата. Рибите имаа мазно тело во форма на торпедо состановено од три посебни сегменти: глава, тело и задна перка. Во зависност од видот некои риби имаат различен број на перки со различна форма низ деловите на телото. Некои видови на слатководни риби имаат тело прекриено со тврди лушпи наречени стргунки. Во кожата има жлездести клетки кои лачат лигава материја што им овозможува полесно движење во водата.

Биолошката разновидност на видови во еден екосистем се нарекува ихтиофауна. Присуството и количеството  на риби кои се важни за риболовство се нарекува рибен фонд.

Важноста на рибите за птиците

Дојранското Езеро преставува исклучително важна дестинација за одмор, престој и размножување на  миграторни и немиграторни водни птици токму поради богатството на рибниот фонд во езерските води. Рибите се главен и најважен извор на храна и енергија за голем број  водни птици.
Птиците преселници патуваат илјадници километри секоја година, а Дојран преставува безбедно одморалиште, каде може да се одморат и нахранат при долгите сезонски миграции преку морињата и континентите.

Зачувување на синџирот на исхрана

Со заштитата на рибите, ние го заштитуваме природниот синџир на исхрана во езерскиот екосистем. Водните безрбетници се хранат со планктон, рибите се хранат со водните безрбетници, а пак птиците се хранат со рибите.
Со цел да се зачува екосистемот, овие природни синџири и циклуси не смеат да запрат или да се нарушат.

Хранење и фрлање на храна на рибите од езерскиот брег!

Давањето на човечка храна особено грицки, во масло пржени и солени јатки или пецива на рибите е забрането. Оваа храна не е наменета за риби и може да има негативно делување врз нивното здравје!

Доколку сакате да се занимавате со рекреативен риболов секогаш почитувајте

Нелегалниот риболов го намалува рибниот фонд и локалниот биодиверзитет.

Најчести видови риби во Дојранското езеро

крап (Cyprinus carpio)

Крап е вид риба која припаѓа на семејството крапови. Тој  живее во бавно проточни или непроточни води, што најчесто може да се сретне во  долните текови на реките и во езерата, но и во подлабоки мочуришта и бари. Крапот е голема риба со странично сплескано тело покриено со крупни скралушки. Секоја скралушка на врвот има мало, темно петно. На краевите од устата има два пара мустаќи. Крапот е риба која може успешно се одгледува во фарми.

црвеноперката или платица (Rutilus rutilus), Црвеноперката припаѓа на семејството краповидни риби. Рибата има долгнавесто, странично сплескано тело покриено со крупни скралушки.Перките и се црвени по што го добила името. Освен перките, ирисот на очите често е исто така црвен. За Дојран е карактеристичен подвидот Дојранска црвеноперка (Rutilus rutilus dojranensis Karaman, 1928). Рибата се движи низ водата во големи јата што зависи од големината на екосистемот што го населува. Иако може да се најде и во поголеми езерски длабочини, црвеноперката поголем дел од животот го поминува во непосредна близина на брегот.

беловицата или плашица (Alburnus alburnus)

Плашица  е вид на речна  и езерска риба од семејството на краповите. Таа се препознава по нејзиното тело кое е издолжено, сребрененосто бело со седефаст сјај. На По страните од телото од главата до опашката се протега темносива тенка линија. Таа се движи низ водата во големи јата. Поголемиот дел од животот го минува низ подлабоките делови на езерото освен во сезоната на мрестење кога може да се сретне близу езерскиот брег. Овој вид на риба има високо комерцијално значење.

Грабливите риби во езерото

јагулата (Anguilla anguilla)

Јагулата е голема, долгнавеста риба што ги населува езерата и морињата. Телото има змијолик облик кое во задниот дел странично е сплескано со цел послесно да се движи низ водата. Целото тело е прекриено со лушпи, а преку нив дебел слузав слој. Бојата на кожата на телото зависи од подлогата на езерото кое го населува. Бојата на јагулата се менуваат во сребренесто бела до синкасто металносива во периодот кога ќе тргне на познатиот свадбен пат. Активни се само ноќе, а преку денот мируваат во тињата и милта на дното.

перкијата (Perca fluviatilis)

Перкијата е средно голема риба што живее во езерска и мочурлива вода, а може да се сретне во плитки и споротечечки реки и потоци. Телото на рибата е покриено со мали лушпи и на кожата се наоѓаат претпознатливи црни паралелни петна кои го обиколуваат телото. Понекогаш овие петна имаа форма на латинската бука „V”. Препознатливи се по силно развиените перки и острите заби што се кријат зад добро развиената уста. Во текот на денот  се движат низ водата во  јато, навечер јатото се разложува и ноќта ја минуваат во езерските длабочини.

сом (Silurus glanis)

Сомот е голема слатководна риба што ги населува барите, езерата, реките и потоците. Тој има долго силно и мазно тело. За разлика од другите риби на неговата кожа нема крлушки. Сомот лесно може да се препознае по трите пара на долги мустаќи кои се наоѓаат околу неговата уста. Тој се храни со мали риби, но и со други мали животни. Сомот сака да живее и поголем дел од денот го поминува задскриен во некоја дупка или процес на бреговите на езерото или барата. Има многу мали очи и слабо гледа, но затоа го користи силно развиениот слух да се движи низ водата.

  1. Растителниот свет на Дојранското Езеро

Дојранското Езеро и неговата околина претставуваат важна област за развој на ретки растителни видови.

Флората на Дојран во зависност од местата каде може да се сретне, таа може да се подели на: подводна вегетација (растенија што растат во езерската вода), рипариска или крајбрежна вегетација и вегетацијата на околните ридови и ливади.

Најкарактеристичен растителен елемент за Дојранското Езеро се појасите за трска, што се препознатлив знак на езерото.

Појаси со трска

Појасите со трска се меѓу најважните живеалишта во Дојранското Езеро. Густите појаси нудат засолниште и се дом на многу видови животни. Трската е вид на повеќегодишно тревно растение кое расте во големи групи наречени бусени на бреговите на езерата и барите. Трската може да порасне и по неколку метри во височина, и целосно да ја одвои водата од брегот. Со својата густина, бусените од трска претставуваат дом на голем број на животни, особено на водните птици кои тука ги снесуваат своите јајца. Трската претставува еден вид на филтер кој ја прочистува водата.

Подводна вегетација

Од субмерзните растенија најчести се: Ceratophyllum demersum, Najas marina, Potamogeton perfoliatus, Myriophyllum spicatum, Vallisneria spiralis и други. Видот Najas minor е ограничен на поплитките јужни рабни делови на езерото, додека Myriophyllum spicatum e присутен скоро во сите заедници, но најбујно се развива на длабочини од 40 cm, образувајќи огромни подводни ливади.

Najas marina и Potamogeton perfoliatus се развиваат скоро подеднакво бујно се таа разлика што Najas marina продира во длабочина од 3 метри, додека Potamogeton perfoliatus и подлабоко.

Вегетација во околните ливади

Ретките видовите Centaurea rifidula, Verbascum doiranense, Verbascum burgeffi и Astragalus thracicus doiranensis се опишани од локалитети кои во рамките на Дојранскиот базен или блиску до него.

Рипариска вегетација

Рипариска или крајбрежна вегетација преставува просторот со вегетација што го следи брегот по потоците, реките, езерата и влажните станишта. Здравата рипариска вегетација е составена од дрвја, грмушки и високи тревни бусени што даваат сенка над водата и ги стабилизираат бреговите.

Природната, рипариска вегетација по бреговите е важно живеалишта за сувоземните и водоземните животни. Дрвјата со своите високи крошни прават сенка и ја намалуваат температурата на водата со што овозможуваат добар живот за рибите и водните животни. Дрвјата исто така, преставуваат дом на многу видови на цицачи и птици. Големите и длабоки корења пак, ја стабилизираат почвата и ги одржуваат бреговите.

Управувањето на рипариската вегетација и нејзината заштита го подобрува квалитетот на водата, ја спречува ерозијата и ги заштитува видовите.

Уништувањето на рипариската вегетација, директно ја зголемува температурата во водата со што се уништува фауната и ја менува флората. Сето ова води до намалување на количеството на кислород во водата и ја зголемува можноста за развој на инвазивни видови на растенија, отпорни на повисоки температури.

Крајбрежната, рипариска вегетација е еден од најзагрозените екосистеми низ македонските реки и езера. Поради лошо управување на шумските површини и земјоделски практики голем дел од крајбрежната вегетација е оштетена или значително намалена.

Дојранските платани

Долж целото западно крајбрежје на Дојранското Езеро можат да се забележат поединечни, но и групи од платанови стебла, некои многу стари, а некои посадени во изминативе децении. Сепак како највпечатливи примероци се оние во паркот и на плоштадот крај општинската зграда во Стар Дојран. Поради нивната старост и амбиентална впечатливост, во 1970 година тогашниот Републички завод за заштита на спомениците на културата донесе одлука со која оваа заедница од дрвата од видот Platanus orientalis е прогласена за споменик на природата.

  1. Дојранско Езеро – заштитен Споменик на природата

Дојранското Езеро како заштитено подрачје од категоријата Споменик на природата и неговата околина преставуваат важен дел од националното, но и светското природно наследство. Речиси секој дел од природноста на ова подрачја ужива некоја форма на заштита или пак светска, научна и меѓународна признаеност за неговите вредности.

Дојранското Езеро е клучно подрачје за биолошката разновидност. Тоа се подрачја од меѓународно значење за зачувување на биолошката разновидност кои се идентификуваат преку глобални стандардизирани критериуми базирани на потребите на заштита на локалитети заради зачувување на биолошката разновидност, а се одликуваат со а) чувствителност (присуство на загрозени или критично загрозени видови) и/или б) незаменливост  (присуство на видови со ограничено распространување  ендемити, места на собирање на голем број единки  конгрегации и/ или биогеографски ограничени заедници).

Дојранското Езеро е мало депо на ендемски видови. Eндемит или ендемски вид е вид кој е ограничена или е забележан само на одреден географски простор или област. Големината на просторот што е заземен од ендемичниот таксон е различна; ендемитите кои се ограничени на тесен простор се стеноендемити. Според времето на настанување, можат да бидат палеоендемити (стари ендемити) и неоендемити (новонастанати ендемити).

Поради својата географска поставеност, Дојранското Езеро претставува Значајно подрачје за птици.  Тоа е подрачје кое поддржува значајни или репрезентативни популации на еден или повеќе видови птици, одредено според меѓународно договорени критериуми. Познато и како значајно подрашје за птици и биолошка разновидност.

Големиот ендемизам на растенија го прави Дојранското Езеро и неговата околина значајно растително подрачје. Ова се подрачја кои се глобално значајни станишта за зачувување на растенијата. Се идентификуваат според однапред поставени критериуми, како што се: присуство на светски, европски или национално загрозени видови растенија или присуство на европски загрозени живеалишта.

Дојранското Езеро е дел од Европскиот  и од Балканскиот зелен појас. Тоа е европска иницијатива која ги поврзува сите планини и шуми од северните делови на Финска, преку целиот континент до југот на Грција. Целта е да заштитат биолошките коридори, животните да можат слободно да мигрираат, да се развиваат прекуграничните заштитени подрачја и сите народи да работат заедно кон заштитата на животната средина.

Дојранското Езеро е дел од Рамсарската Конвенција која ги обединува сите ретки, загрозени и важни влажни и водени екосистеми на светско ниво.

Дојранското Езеро како заштитено подрачје е дел од НАТУРА 2000 мрежата. Тоа претставува најголемата управувана мрежа на заштитени подрачја во светот. Таа обезбедува заштита и унапредување на најважните, најзагрозените и ретки видови и екосистеми во Европа. Ова не значи дека Натура 2000 мрежата ги ограничува или затвора овие подрачја, напротив, мрежата промовира одржлив развој на локалните заедници и нивно вклучување во заштита на природата.

12.Инвазивни видови во Дојран

Инвазивните видови се организми кои не се домородни на одредено подрачје и кои предизвикуваат голема економска и еколошка штета во новото подрачје.

Не сите видови кои не се домородни се инвазивни. На пример, повеќето од културите кои се одгледуваат за храна, што вклучува познати видови на жито, домати и ориз, не се домородни видови за тие региони. За да бидат инвазивни, видовите мора да можат лесно да се прилагодуваат на новото подрачје. Тие мора да се способни за брза репродукција и мора да можат да нанесуваат штети на имотите, економијата или на домородните растенија и животни во регионот.

Голем број на инвазивни видови се воведуваат во некој нов регион сосема случајно, но значен дел од нив се внесуваат намерно поради неразумни постапки од човекот.

Инвазивни видови во Дојран

Нутрија

Нутрија, или којпу (Myocastor coypus), е голем тревопасен, полуакватичен глодач кој често на луѓето им личи на дабар или пак голем стаорец.. Потекнува од умерените зони на Јужна Америка, но луѓето го имаат пренесено во Северна Америка, Европа, Азија и Африка, првенствено заради одгледување за крзно.Иако во некои региони сѐ уште го ценат поради крзното, неговиот деструктивен начин на исхрана и копање дупки го прават овој инвазивен вид штетник низ поголем дел од неговата животна средина. Нутријата биле чувана низ територијата на СФРЈ како дел од крзнената индустрија. Со намалувањето на побарувачката на крзно, како и промените во ставот на купувачите за природното крсто многу дел од фармите за животни крзнарки биле затворени, а животните пуштени на слобода. На овој начин нутрија се проширила низ целиот Балкан, на повеќе делови низ државата и во Дојран.

Црвеноушестата желка (Trachemys scripta elegans)

Црвеноушестата желка (Trachemys scripta elegans) е еден типичен пример за инвазивен вид и за тоа како човекот без да знае предизвикал оваа желка денес да е еден од најинвазивните видови во светот. Оваа водена желка, што природно ги населува југоисточните делови на САД како популарен домашен миленик почнал да се продава насекаде низ светот. Неодговорните сопственици по неколку години почнале масовно да ги пуштаат желките во локалните реки, езера, бари и паркови. Ова предизвикало овој вид да почне да се појавува насекаде низ екосистемите во речисите сите контитенти. Во Европа, црвеноуштестата желка претставува најголем непријател на локалните видови водни и блатни желки, па затоа продажбата и траспортот на овој вид желка во Европската Унија е забранет.

Пирани во Дојранското Езеро

Многу често, неодговорни сопственици на приватни аквариуми и рибници си цел да се ослободат од чување на видот црвена пирана (Pygocentrus nattereri) тие нелегално ги ослободуваат рибите во езерската вода. Овој вид на риби, поради локалните климатски и еколошки услови не може да преживее долго во водата, но нивната краткорочна појава често јавува страв кај населението.

Пуштање и ослободување на егзотични водни животни чувани како домашни миленици во Дојранското Езеро е строго забрането!

Oваа содржина е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторите и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Јована Матевска Атанасова: Авторите треба да ја снижат самоувереноста која граничи со ароганција

Разговара: Наташа Атанасова

Јована Матевска Атанасова е писателка која со текот на годините полека но убедливо се наметнува на нашата сцена како некој што умее да пишува. За време на Саемот на книгата годинава, ми паднаа в очи нејзините две сликовници, кои беа наградени со наградите на МАИ за најдобри остварувања во издаваштвото помеѓу два саема, а знаејќи дека годинава и нејзиниот роман за млади „Риба во(н) мрежа“ ја доби наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман, освен фикцискиот, посакав да го истражам и нејзиниот писателски свет.

По професија е психолог, што се огледува во способноста да изгради ликови чиј внатрешен свет и психолошки развој делуваат убедливо. А нејзината фантазија и решеноста да ја пушти, барем во изминатиот период, да создава возбудливи книги за деца и млади, даваат одлични резултати.

Јована, изминатата година ти беше навистина плодна во поглед на објавувањето – сликовница, роман за млади и уште една сликовница. Сепак, ова претставува своевиден пресврт во поглед на твоите творечки интереси. Што ја разбуди во тебе писателката за деца и младинци?

Најверојатно писателот за деца и млади во мене се разбуди со мајчинството. Искрена да бидам, Јована од „прво-три“ во мене никогаш не порасна и не престана да си ја развива фантазијата. Пред да се родат моите деца не знаев дека најинтересна за набљудување и разработка е детската наивност и колку таа му овозможува на авторот да креира и расте, а паралелно и го ограничува. Има поуки што сакам да ги предадам и да бидат разбрани, такви што од малечка сум ги повторувала и осмислувала. Сѐ уште се случува да го здогледаме штрбавиот штрк кој е главен лик во наша и ничија друга приказна, или да прокоментираме за последиците од лошото поведение на Славка Палавка која никој не ја познава освен јас и ќерка ми. Се случува и да ме затресе анксиозноста дека залудно пишувам, ако со мојата вибрација не допрам најпрво до нив, до ќерките.

Со романот „Риба во(н) мрежа“ ја доби наградата „Пегаз“ на издавачката куќа „Арс ламина“ за најдобар необјавен роман за 2023 година. Интересно е што првпат со оваа награда се закити роман за тинејџери – возраст на која најмногу се губат читатели меѓу децата што сакале да читаат од мали. Според тебе, која е причината за тоа?

Точно е дека пубертетот од читателите создава нечитатели. Делумно, тоа се должи на сите промени кои се случуваат со детето во транзиција. Тогаш тинејџерот ја добива желбата за слобода (и идејата дека едукацијата е наметната од родителите), да си го пронајде своето место под сонцето, а честопати оваа потрага е помешана со прикриена бунтовност кон опкружувањето, иако вистината е дека несвесно ја насочува кон себе. Сепак, трендот (несоодветно е да се изедначи читањето со тренд!) да се чита е во пораст, сѐ почесто книгата е „моден додаток“ и го пробива фронтот на „урбана легенда“ помеѓу најмладите. Веќе не живееме заробени под лупата „бубалици“, така што книгата го добива приматот на извор на знаење, па дури и постоње.

Што се однесува до „Риба вон(н) мрежа“ сакав да им подарам на младите читатели книга што ќе го спои светот во стотина страници, оној нивниот, овој нашиот, електронскиот и книжевниот, носталгијата и ликвидноста на „сега и овде“, но, најважно од сѐ, таа да биде македонски производ по сите мерила и прописи. Свесно се втурнав во ризикот да пишувам за публика која се брои на прсти. Ниту една промена не настанала без влог.

Внатрешни страници од романот „Риба во(н) мрежа“

Во „Риба во(н) мрежа“ правиш спој на современите теми кои ги засегаат тинејџерите и родителите (како потребата/зависноста од екран, разидувањето на дигиталниот и реалниот живот…) со традицијата и културно-историското богатство на нашиот народ (историјата и убавините на Охрид, македонскиот јазик…). Дали првото е само „мамка“ за читателот да загриза во она што е вистински важно за размислување и правење во животот?

Дали би читале книга која е напишана на јазик за нас неразбирлив? Можеби и тоа беше стартната линија за „Риба во(н) мрежа“, покрај самата инспирација: како да се напише роман со актуелниот, емоционален жаргон на денешната „генерација З“? Македонската младина е доволно збунета, тргнувајќи од идентитет, преку историја, до јазик, што едноставно крева раце и сака побрзо да се слее низ ситото на глобалното село, да го избрише зацртаното од предците за поколенијата. Не можеме да читаме без да го спознаеме коренот. Покрај тоа што „Риба во(н) мрежа“ е роман, таа е и мала историска читанка, интерактивен водич, толковен речник на дијалектизми и фразеологизми, изобилува со хумор и досетливи забелешки кои на забавен начин поттикнуваат сочувство, а истовремено учат на добро однесување и почит кон повозрасните. Не можам да излезам од улогата на психолог додека пишувам 😊.

Неофицијално,  визуелноста најефективно го заловува вниманието на младата публика, што ми е и омилениот дел од пишувањето – да не се придржувам до строгата и дефинирана прозна форма. Овој роман го прошарав со екрански снимки, со рачно изработени патокази, со табели и исечоци од хороскоп, едноставно дозволив да се подмладам и да зборувам со речникот на тинејџерите, нивната емоџи-комуникација и електронска писменост. Кога бев малечка ги „крадев“ книгите на мајка ми, а сега напишав книга која родителите ќе сакаат да ја украдат. Фузијата на две генерации во една книга, поточно три генерации, е продлабочување на меѓусебните врски на читателите. Она што со зборот се разделува, книгата го обединува.

Мислам дека Вернер Херцог еднаш кажа дека во денешно време, невозможно е ликот да западне во неволји и авантури сè додека со себе го има својот мобилен телефон и дека современа класична постапка за заплет е останувањето без телефон, нешто што и ти го правиш со Ника 😊.  Како гледаш ти на темата?

Од една страна технологијата ни го доближува светот што веројатно никогаш не би го доживеале без неа. Лично, не се потпирам исклучиво врз удопствата понудени од технолошките пронајдоци. Потекнувам од времето на „прашај, па стигни“. Патеките нацртани од алгоритмите умеат да нѐ однесат во провалија, доколку будно не ги следиме знаците. Сите авантури кои нам поединечно и групно ни се случиле, во последната деценија, се поврзани со неменливата сила на невидливото: безжични врски и  испразнети телефони. Почнуваме да живееме штом снема интернет, колку бизарно да звучи, сепак таква е равенката на денешницата. Како што и Ника во романот кажува „Денес јас бев риба вон мрежа, слободна, пливав низ уличките и спомените, видов повеќе од цела година, покрај Tik Tok, Youtube, Snapchat, Facebook, Instаgram, Twitter… а и побитно од сѐ што видов беше дека осетив.“

Ми пречи кога за одредени книги се набива етикетата дека тие не се „доволно добри“ затоа што обработуваат „површни“ теми. Со ваквиот став се удира и врз дел од читателската публика, а тоа во случајот би била тинејџерската. Стереотипите растат сѐ додека во очите на засегнатите не достигнат статус на обележување. Ние не ја создаваме само нарацијата во книгата, туку сме општествено одговорни и за наративот на младината.

Внатрешни страници од сликовницата „Бунтот на бројките“, со илустрации на Љупка Стојкова

Сликовницата „Бунтот на бројките“ е весело и шармантно четиво за децата, кое поттикнува на широко размислување за работите околу нас, додека „Шарени ириси“ е сликовница која нè турнува да размислуваме во длабочина за посериозни теми. Како психолог, кога би им ја читала едната, кога другата сликовница на твоите деца и зошто?

И двете сликовници го обработуваат прифаќањето, иако секоја уникатно и до различна длабочина. „Бунтот на бројките“ е суптилна проповед за стигматизирањето преку примерот на математиката и бројките, детската одбивност кон градителите на науката. Текстот цели кон школските деца, па оттаму и произлегуваат мултидисциплинарни игри кои не само што ја опфаќаат математиката, туку и географијата и македонскиот јазик. Мислам дека успешно го доловивме исчезнувањето на бројките така што по нивното заминување во приказната тие целосно исчезнуваат и од текстот. Нема да сретнете именка, придавка, прилог или предлог (единствена, двете, двајца, триаголник, четириножник) што во коренот содржи број сѐ додека тие повторно не се вратат на Земјата, а со самото тоа и во сликовницата. Сепак „Бунтот на бројките“ е за бунтовните деца кои сметаат дека бегањето од часови или ненапишаната домашна задача ги прави „кул“, па би им ја „подметнала“ ним.

„Шарени ириси“ е посериозна сликовница раскажана од дете, а свртена кон возрасните. Оваа интергенерациска симетрала е добар пример за социјалните трансакции, кој, како, од кого и што учи, дали е неблагородно да се спореди со „жртва“ човекот/детето кое живее во семејство со попреченост или правилната споредба би била „безусловна љубов“. Таткото и ќерката живеат во синхроницитет како ирисот и зеницата, едниот го регулира проширувањето и стеснувањето на другиот, а овде е скриена и метафората за минливоста. Поради ткивото што сликовницата го зафаќа, мислам дека би имала најсилен ефект кај преадолесцентите, да ги спреми и одврати од она што следува, а ќе го почувствуваат: срам од родителите, оладување кон блиските, колизија со животната езотерија. Едноставно, се залагам за емпатијата. Сакам да ја ширам како што умеам, пишувајќи и поттикнувајќи.

Внатрешни страници од сликовницата „Шарени ириси“, со илустрации на „Симонида Филипова Китановска

Се чини дека ти тргна соработката со издавачката куќа „Арс ламина“. Кај нив ги издаде последните три книги, а твои рецензии за книги се објавуваат редовно на нивниот блог под рубриката „Книжевно сокаче“. Колку односот писател-издавач е значаен за развојот на писателите, на издавачите и на книжевната сцена?

Дури сега разбрав што значи да се има едро во книжевните води. Имав среќа да ја искусам пловидбата со посветени професионалци што уживаат во тоа што го работат. Двете уреднички со кои досега соработував во „Арс Ламина“, Бисера Бендевска и Оливера Ќорвезироска, си имаат принципи на работа по кои се разликуваат и се препознатливи, но нивната главна цел е да го изделкаат делото до совршенство. Ако писателот живее помеѓу страниците, уредникот без сомнеж е ʼрбетникот на книгата. Ми се допаѓа кога постојат предлози, макар биле брутално искрени. Авторите треба да ја снижат самоувереноста која граничи со ароганција и да размислуваат за својот ракопис како родител за дете.

Многу е важно да добиеш одобрение од издавач кој се стреми кон разноликост, кон шаренила, доближува светски преводи и е еластичен кон создавањето нови домашни стандарди. Конкретно, да не беше соработката со „Арс Ламина“, „Шарени ириси“ ќе останеше текст без боја, без тридимензионалноста што се роди од скромни две странички.

Ќе си земам за право да зборувам во нивно име, како издавачки колектив тие не ги апострофираат афинитетите на грото читатели, туку во унијата ги вклучуваат и групите за кои поретко се размислува, а едни од нив се и лицата со попреченост. „Книжевно сокаче“ е продолжување на катетата – книжевни рецензии. И тука соработката не изостанува, дел од книгите кои ги обработувам се мој избор, а дел се предлог на издавачот. Прочитав романи и збирки како „Време на преправање“, „Почитувани бубачки“, „Повик за спас“, мали книжевни бисери што живееле во сенката на интернационалните бестселери, а се матката на европскиот постмодернизам.

Ти си од и живееш во Битола, град кој гордо ја дише културата. Но, дали живеењето на страна од книжевно-културното јадро, кое за жал мораме да признаеме дека е во Скопје, те прави да се чувствуваш како да пропушташ нешто?

Битола ми е вечна инспирација и не би ја сменила за ништо на светот. Со архитектурата и природата, според чии мерки учев како да раскажувам и опишувам до подробности, Битола го изгради мојот авторски сензибилитет. Но, мојот роден град сѐ повеќе се смалува во однос на културните случувања. Речиси и да нема книжевни фестивали или настани што би негувале традиција, како на пример во Охрид, Струга, Велес или Скопје. Зошто е тоа така, не знам. За жал, навистина пропуштам многу бидејќи не живеам во Скопје. Особено дружбата и контактот со пријателите од книжевната фела, или гостувањето на светски книжевник. Тоа не ме спречува да го искористам капацитетот на социјалните мрежи и медиуми за да останам помеѓу актуелноста. Тешко е да се одржува чекор кога професијата и хобито се два приклучоци во еден разделник.

Насловна фотографија: Димитар Атанасов

Subscribe To our newsletter!