milan, Author at Europe House - Page 5 of 11

“Best Online Assistant” церемонија

Претседателот Стево Пендаровски 🇲🇰 и Заменикот амбасадор на ЕУ Џулијан Васало 🇪🇺, лично присуствуваа на промоција на првите сертифицирани Онлај Асистенти чии обуки се одржуваа во Europe House Скопје.
Детално се запознаа со мисијата, визијата и плановите за иднина за Бест Онлајн Асистент.
👏Честитки за првите десетмина кои успешно ја завршија обуката. Им посакувам многу успех како идни онлајн асистенти!

Babylon Award Ceremony

По осми пат ја доделивме Наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“. 🏆
Оваа година, првата награда ѝ припадна на Маја Тодоровска за превод на извадок од делото „Суровиот одговор“ од Диадра Саливан од англиски на македонски јазик.

Доделени се и две пофалници на Вера Спасиќ и Емилија Петрова за превод на извадоци од делата „Вистинската жена“ од Орла МекAлинден и „Грутка во грлото“ од Диран Ни Гриофа од англиски на македонски јазик.

Церемонијата се одржа во Europe House на 27 септември. Погледнете како помина доделувањето на наградите 👇

 

Европска недела на мобилност

Во повеќе општини во државата, како и низ цела Европа, почна одбележувањето на Европската недела на мобилност ЕНМ (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.

Изборот на овогодишното мото се рефлектира од тешкотиите со кои се соочија Европа и Светот во екот на светската КОВИД-19 пандемија, меѓутоа истовремено се праќа апел за позитивни промени со кои Европа ќе се избори со се уште присутната здравствена криза.

Започнете со нови здрави навики и промовирајте ги многуте придобивки од активното патување.
Ги предизвикуваме сите ученици да ни се приклучат во #ridetoschool иницијативата и патуваат активно во училиште. Како❓
Од 17 до 30 септември 🚲🛴🛹🚶‍♀️со вашиот велосипед, скутер, скејт, па дури и ако пешачете до училиште, фотографирајте 🤳 и означете нѐ на Инстаграм 

Работилница за основи на фотографија во Еurope House Струмица

“Day 1️⃣ of 📸Basics of photography 📸 заедно со професионалниот фотограф Столе Ангелов во ⭐️Europe House ⭐️ Струмица заврши успешно.
Присутните се запознаа како се користи опремата, различните објективи, што значи композиција на фотографија, длабочина, контраст, како и теориите за бои и основните правила кои се користат при фотографирањето.

АНТОЛОГ – Книжевен центар и Книжарницата на тркала пред Europe House Крива Паланка

АНТОЛОГ – Книжевен центар и Книжарницата на тркала 🚐, ги израдуваа 📚 книгољупците пред ⭐️Europe House⭐️ Крива Паланка.
Вљубениците во 📓книгата имаа можност да изберат некој од омилените наслови 🚚.

#ЗдравЖивот со Драгана

🆕🌡 На високите летни температури остануваме во форма со вежбање од дома и се подготвуваме за следното вежбање на отворено! 🤸
🧘‍♀️ Во новото видео „Здрав живот со Драгана“ ќе го активираме секој мускул на телото и ќе си посветиме квалитетно време за себеси!
🆙Подготвени?
🆒Почнуваме!

#YouthTalks во Сарај

🇪🇺 Амбасадорот Дејвид Гир на #YouthTalks разговараше со младите од Општина Сарај за нивните предизвици, визии и можности за подобрување, како и за потребата од вклучување на младите во донесување на општествените одлуки. 📢
#СилатаЕУмладите

#YouthTalks во Струмица!

🗯 #YouthTalks ги продолживме во Струмица!
Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир отворено дискутираше со младите за секојдневните предизвици, заштитата на животната средина, подигнувањето на свеста за инклузија на попреченостите, борбата со стереотипите.

Europe House Strumica

Млади претприемачи – Дејан Мишковски #YEA

🆕Разговор со Љубица Ангелкова од Inovativnost и Дејан Мишковски, Млад европски амбасадор и претприемач за неговиот пат на професионален развој.
🆙 Инспирарајте се и бидете најдобрата верзија од себеси. 🌟

Subscribe To our newsletter!