#51 Tamara Ristoska invites Ivana Simjanovska - Europe House

16 Oct

BACK

#51 Tamara Ristoska invites Ivana Simjanovska

#51 Tamara Ristoska invites Ivana Simjanovska

Ивана Симјановска (Ivana Simjanovska) е вински автор, има напишано три вински водичи, првиот кој сама го има издадено во печатена верзија, напишан со ко-автор од Холандија, а вториот издаден како Е-книга во 2015та год со ко-автор од Англија и третиот од 2021год кој е издаден од страна на Слоу Фуд Македонија, каде што таа е единствениот автор. Таа е ко-основач и претседател на „Калеме-ење“, асоцијација на вински консултанти и едукатори која има за цел да организира вински настани и конференции.

Повеќе од една декада таа ги промовира македонските и балканските вина и судела на едни од најпрестижните вински натпревари насекаде низ светот како: Concours Mondial de Bruxells, Mundus Vini, the Balkans International Wine Competition, Terravino Israel и слично. Ивана е исто така промотивен менаџер за Слоу Фуд Македонија. Таа е вински водич и специјалист за вински туризам во „Македонија експиериенс“ и пишува за Винорандум. Повеќе од 8 години таа била главен уредник на првиот македонскиот вебсајт зa вино – vino.mk.

Subscribe To our newsletter!