Живот итн.
Секој ден е нов почеток. Почувствувај возбуда. Добиј идеја. Сподели идеја. Соработувај. Создавај заедно со другите. Биди љубезен. Инспирирај се. Гради. Барај поддршка. Придонесувај за заедницата. Радувај се на туѓиот успех. Прифати ги различните од себе. Биди глас за оние што го немаат. Биди тука за другите. Поврзи се. Живеј здраво. Спортувај. Поставувај прашања. Експериментирај. Учи секој ден. Давај го своето знаење. Не откажувај се лесно. Научи да кажуваш „не”. Размислувај со своја глава. Менувај го мислењето. Имај свои убедувања. Научи како да ги браниш. Секогаш ќе има нешто што ќе ти го одвлекува вниманието. Фокусирај се. Оди на различни места. Пробај различни нешта. Учи од туѓи грешки. Научи да ја проценуваш ситуацијата. Молчењето е потценето. Направи нешто гратис за другите. Создавај, не копирај. Уморот е подобар од досадата. Некогаш ќе те повредат. Надмини го тоа. Живеј.
Тука за младите.


