UIUXMKD – Think and create outside the box е прва конференција за дизајнери во Македонија, која ќе се одржи на 18-ти jуни со почеток од 16:00ч. Конференцијата е со физичко присуство во EU House, Скопје. За присуство на конференцијата пожелно е да се регистрирате бидејќи местата се ограничени .
На конференцијата ќе бидат присутни гости панелисти со долгогодишно дизајнерско искуство во македонски и странски фирми како и стартапи. Гостите панелисти ќе зборуваат на различни теми поврзани со UI/UX дизајнот, кои ќе ги објавиме во текот на оваа недела.
Гости:
Нина Геометриова – Продукт Дизајнер во Инстаграм
Дарко Лековски – Креативен Директор во Витала
Александар Бојковски – UX Дизајнер во Symphony Solutions и ментор на Семос UX Design Academy
Ѓорѓи Трпчев – UX Дизајнер во Mak – System и UI Ментор во UX Academy of UX
