На европскиот натпревар за модерни танци во Лорет Де Мар, Шпанија, Dance Team Fusion од Куманово го освоија 1-то
место за најдобар dance перформанс.
Dance Team Fusion редовно се дел од активностите на
Europe House Крива Паланка ![]()

На европскиот натпревар за модерни танци во Лорет Де Мар, Шпанија, Dance Team Fusion од Куманово го освоија 1-то
место за најдобар dance перформанс.
Dance Team Fusion редовно се дел од активностите на
Europe House Крива Паланка ![]()

Видео од настанот “Мистериите на Беласица” – организиран од VK Aktiv , а поддржан од
Europe House
Струмица. На овој настан љубителите на
природата,
планинарењето, алпинизмот и
планинскиот велосипедизам имаа можност да ги истражуваат и откријат – „Мистериите на Беласица“.
Настанот „Мистериите на Беласица 2022“ беше организиран по 7-ми пат, а посетипелите имаа можност да ги откријат:
Сечена скала ![]()
Тумба ![]()
Ѕвезден врв ![]()
Водопад Трикрак ![]()
Младите Европски Амбасадори на EXIT фестивал!
#YEA ќе се приклучат на фестивалот за да ја претстават својата мрежа и да ги ангажираат присутните во нивните многубројни активности на Петроварадинската тврдина.
EXIT е наградуван летен музички фестивал што се одржува секоја година во Нови Сад, Србија.

Младата Европска Амбасадорка #YEA Ирена Шуменковска беше говорник на панелот на Преспа форумот посветен на идната генерација и темите од интерес на младите луѓе. Таа истакна дека емиграцијата на младиот кадар е пречка за економскиот развој и посочи дека при вработувањето главно мерило треба да биде образованието и стручноста.
Во Европската година на младите, време е навистина да го слушаме гласот на младите луѓе!



Посетата на Шарл Мишел ,Претседател на Европскиот совет Council of the European Union на Охрид започна со презентација на Планинската спасителска служба при Црвениот Крст.
Поддршка на локалното претприемништво, заштита на традиционалното занаетчиство или промоција на туризмот – придобивките од ЕУ помошта се разнолики и влијателни.
Заедно со Амбасадорот Дејвид Гир и Младите Европски Амбасадори #YEA WeBalkans Претседателот Мишел ја посети куќата на Робевци и црквата Св. Софија како дел од богатото културно наследство на Охрид заштитено од #UNESCO.





На Денот на Европа, 9ти Мај, покрај прославата, ја обележавме солидарноста, и размислуваме чекор понапред! #EuropeDay2022
Делегацијата на Европската Унија ја промовираше „Наградата за најзелена општина“ во рамките на нејзината кампања за подигање на свеста и промовирање на Зелениот договор на ЕУ. На отворениот повик, објавен на 3 март 2022 година по повод Светскиот ден на дивиот свет, сите општини во нашата држава беа поканети да аплицираат со прикажување на нивните најдобри примери за управување со цврст отпад во 2021 година.
Осум општини – Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково учествуваа на повикот презентирајќи ги своите водечки активности со кои придонесоа за подобра животна средина во 2021 година. Одборот за евалуација, составен од експерти од Делегацијата на ЕУ, Гоу Грин, Еко-свест и претставник на Europe House Скопје ги стави Кавадарци и Прилеп во потесен избор за последователни теренски проверки за да ги проверат информациите презентирани во нивните апликации.
-Одборот за евалуација го препозна Прилеп како општина која најдобро ја покажа еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година. Амбасадорот Дејвид Гир ќе ја има честа да му ја врачи наградата за „Најзелена општина 2021“ на градоначалникот Јовчески на 6 Јуни 2022 година во Прилеп.





Отворена новата сезона во Adventure Park Skopje во населбата Општина Карпош, Скопје!
Рекреативниот парк покрај адреналински дел, нуди игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер и детско игралиште…рекреација и забава за сите возрасти.
Одлична алтернатива да поминете незаборавен ден со семејството и пријателите.
Спортско-рекреативниот парк е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија!



Програмата по повод #EuropeDay2022 , Europe House Крива Паланка ја заокружи со муралот “Women Empowerment” на Бранкица Јордановска.
Со ова уметничко дело би сакале да отпочнеме пракса во нашиот регион на почесто негување на уличната уметност која освен што ги прави урбаните простори поуникатни, исто така го разубавува секојдневието на секој од нас.
Затоа ги повикуваме и другите институции/организации од нашиот регион се почесто во своите програми да вклучуваат/поддржуваат креирање на мурали и други видови на улична уметност.

