Автор: milan
#EUROPEDAY2021 programme
Podcast #2 Tamara Ristoska invites Elena Dzajkoska
Елена Џајковска – готвач, инженер
Основач на ресторанот Гранче, по професија е инженерка по телекомуникации и по 10 години вработена во Телеком, одлучува да отвори ресторан (Гранче). Традиционална македонска храна со модорен твист.
Гранче има различен систем на функционирање. Се служи само со свежи, сезонски и локални производи. Целиот концепт се заснова врз анти-индустријализација на храна.
Marking of Earth Day in Europe House Kriva Palanka
Во чест на Светскиот Ден на Планетата Земја, се оджра акцијата „Plant your future“ – засадување цвеќиња во дворот на Europe House во Крива Паланка и Еко оnline предизвик.
Делегацијата на 🇪🇺 избира „Европејци на годината“
Делегацијата на 🇪🇺 избира „Европејци на годината“ Три категории – три кандидати кои се одлика на Европските вредности преку својата работа во 2020



#FridayFilmRecommendation #2
Во второто издание на #FridayFilmRecommendation со извонредни филмски предлози по препорака на Марина Костова, филмска критичарка и членка на меѓународното здружение на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ.
Продолжен рокот за конкурсот за наградата „Жан Моне“
Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги известуваат сите новинари и медиумси работници дека рокот за аплицирање на конкурсот за 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности” е продолжен до 21 април.
Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:
- Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми, телевизија, радио и/или на интернет);
- Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет);
- Најдобра аматерска фотографија.
- Конкурс за најдобра новинарска сторија
Во оваа категорија може да учествуваат стории коишто се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, а чиишто автори се новинари од државата. Сториите треба да бидат објавени во домашни весници, списанија, телевизии, радио или на веб-страници, во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година.
Сториите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”;
- Да се објавени во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година;
- Да се потпишани со вистинското име на авторот.
Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат (видео фајл за ТВ и радио), заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@europehouse.mk, најдоцна до 21 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.
Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.
- Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до три (3) фотографии на тема „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да бидат поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”;
- Да се објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година;
- Да не се користени за комерцијални цели.
Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@europehouse.mk, најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.
Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.
- Конкурс за најдобра аматерска фотографија
Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема „Заедницата – тоа сме ние“. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да биле претходно објавени.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да се однесуваат на темата „Заедницата – тоа сме ние“;
- Да не се користени за комерцијални цели.
Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@europehouse.mk, најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по една (1) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.
Награда: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.
Забелешка: Оваа активност е организирана во соработка со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Дополнителни информации
За добитниците на наградите ќе решава жири комисија составена од пет члена.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 април 2021 година.
Podcast Tamara Ristoska invites actress Sara Klimoska
Europe House подкаст
Секој втор понеделник со нов медиум со цел да поканиме гости од различни сфери на урбаниот живот, да покриеме широк спектар на актуелни теми кои се пред сѐ од интерес на младите.
Како модераторТамара Ристовска – млада театарска и филмска актерка, позната на пошироката јавност по серијата „Марковски“.
Наш #1 гостин е младата и талентирана актерка Сара Климоска, добитничка на „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП).
“Prohibition on the Wall” exhibition
The 18 design posters (of which 1️⃣ is the winner) exhibition on the topic of probation, entitled “Probation on the wall”