milan, Author at Europe House - Page 12 of 30

Разбиваме митови: Најчести заблуди за купувањето облека од втора рака

Одржливата мода не е ограничена само на купување облека од еколошки свесни брендови, туку голем дел од целата философија подразбира учење како да го продолжите животот на парчињата облека кои веќе ги поседувате и да придонесете кон намалување на прекумерното производство на нова облека што никој нема да ја облече. 73% од произведената облека во моментов патува кон депонија или ќе биде спалена, а 95% од таа облека може да биде реуптребена или рециклирана. Што може да направиме за да се смени ова?

Сосема е природно да сакате да се подновите или да внесете нешто ново и возбудливо во вашата гардероба. Тоа не мора да значи поход кон продавниците за нова облека каде најчесто ќе најдете брендови за брза мода. Разменувањето облека, купувањето облека од втора рака (second-hand) и поправањето на облеката што веќе ја имаме се основните начини да си ја исполните желбата за нешто ново, без да „предизвикате“ повеќе отпад. Процесот на барање низ вашиот плакар за да одлучите што сакате да размените исто така помага да се направи увид во работите што ги сакате да ги чувате и носите.

Купувањето од втора рака ја пренасочува облеката да не заврши на депонија и ја намалува потребата за нова облека – со купувањето на едно веќе сакано (носено) парче облека се намалува неговиот јаглероден, отпаден и воден отпечаток за 82%!

Промените не се секогаш лесни за прифаќање и многу е веројатно дека модните ентузијасти меѓу вас верувале дека да се изгледа стилски значи да се биде тренди – да се купуваат нови парчиња облека со секој нов тренд. Повеќето од вас можеби и никогаш не купиле нешто од втора рака, ниту пак биле во некаква second hand продавница. Но, никогаш не е доцна да се усвојат нови добри навики, па со оглед на тоа дека септември е месецот на (кревање свесност за) облека од втора рака, придружете ми се во разбивањето на најчестите митови за купувањето облека од втора рака. Да се биде еколошки свесен и да се поддржува одржливата мода пред сѐ значи да се биде едуциран и информиран, па внимателно прибирајте ги информациите.

Станува збор за нашите потрошувачки навики и раскинување на кругот на импулсивно купување на парче веднаш штом пристигне новата колекција во продавниците на брендовите за брза мода (а прават по 52 колекции годишно!) Откако ќе го сфатите влијанието што го имате, откако ќе сфатите како некако сте престанале да ја цените убавата, добро изработена облека што била веќе сакана (pre-loved), била поправена или подарена, промената можеби нема да биде најлесна, но ќе биде добра – и за вас, и за планетата Земја.

МИТ#1 Нема да најдам ништо добро во продавница за облека од втора рака

Купувањето од втора рака е уметност сама за себе и целосно разбирам дека на прв поглед може да ви се чини  како ништо да не е „добро“. Реалноста е дека повеќето продавници од втора рака не изгледаат како бутиците и продавниците на веќе познатите големи синџири за брза мода. Додека некои продавници за облека од втора рака може да изгледаат како магацини, има продавници и платформи каде внимателно се избираат парчињата по разни категории и посебно се изложуваат парчиња што се винтиџ или со исклучително добар квалитет. Надминете ги предрасудите и нурнете се во нешто ново! Се сеќавам кога првпат сум однела некого во продавница за облека од втора рака и најчесто ми кажувале: „Па ти ги наоѓаш веднаш убавите парчиња!“. Прашање е само кога ќе го изострите окото и ќе почнете да ги откривате скриените богатства. Треба само да „набилдате“ истрајност да ги најдете парчињата што ќе одговараат на вашиот стил.

 

МИТ #2 – Купувањето од втора рака е комплицирано

Купувањето од втора рака не е толку тешко и комплицирано како што можеби изгледа. Откако ќе ја сфатите идејата и ќе направите јасен план, всушност е прилично лесно. Првото нешто што треба да направите е да пронајдете неколку добри места и да се држите до нив некое време. Познавањето на видовите парчиња и квалитетот на облеката што ја добиваат продавниците е добар показател дека сте почнале да го откривате вашиот талент за купување од втора рака.

Друг совет е да се ослободите од фрустрацијата кога не наоѓате нешто: пазарењето од втора рака е уметност, а наоѓањето парче е вистинска награда. Толку сме навикнати постојано да купуваме, потоа премногу се фрустрираме кога заминуваме со празни раце. Реалноста е: подобро е внимателно да ја избираме нашата гардероба, отколку да се задоволиме со „можеби“ парчиња.

 

МИТ #3 – Нема да најдам интересни парчиња

Продавниците за винтиџ и облека од втора рака се веројатно најдобрите места за да најдете навистина уникатни парчиња. Парчиња од друга ера, од друга земја, од друга приказна, кои ќе дојдат и ќе додадат малку je ne sais quoi во вашата сегашна гардероба. Овие уникатни парчиња не само што ќе додадат „зачин“ во вашата гардероба, туку може да најдете и ретки парчиња што тешко се наоѓаат, а кои нивните претходни сопственици едноставно повеќе не ги носат. Тоа е веројатно една од најголемите награди при купување од втора рака: пронаоѓање на уникатно парче што ќе се истакне во нашата гардероба и поради кое ќе чувствуваме гордост што сме откриле такво богатство.

МИТ #4 – Нехигиенски е да се купува од втора рака

Некои луѓе не ја сакаат идејата за купување од втора рака, само затоа што облеката претходно била нечија. Реалноста е дека кога купувате нова облека, парчињата доаѓаат од производствените единици, а потоа поминуваат низ многу раце пред да стигнат до нас. Кога купувате од втора рака, облеката не само што била испрана, туку најчесто поминува и низ процес на дезинфекција. Освен ако не мислите дека јадеме во нови, штотуку отпакувани чинии секојпат кога одиме во ресторан, купувањето од втора рака не е понехигиенско од сите други активности кои редовно ги правиме.

 

МИТ #5 – Тешко е да ја направиш гардеробата навистина твоја

Купувањето облека што била претходно нечија не значи дека купувате гардероба на други луѓе. Всушност, ви помага подобро да го дефинирате вашиот вкус и да го направите секое парче ваше. Веќе саканата облека раскажува приказни, а давањето уште една шанса и втор живот само ќе ја направат нивната приказна уште поуникатна.

Вклучувајќи ги во вашата гардероба, им нудите на вашите second-hand парчиња нова средина, нова шанса да бидат во хармонија со вашиот стил и сегашните парчиња. Ќе научите да ја совладате уметноста на комбинирање старо и ново, винтиџ и модерно. Ќе научите да ја прифатите уникатната, персонализирана гардероба.

 

МИТ #7 – Можеби ќе заштедам, но нема да изгледам стилски

Уште не сум запзнала некој што ја совладал уметноста на купување од втора рака и не изгледал стилски. Има нешто во винтиџ парчињата што ќе привлече внимание и ќе ги натера луѓето да прашаат „Каде го најде тоа?“, на што со гордост ќе можете да одговорите „Винтиџ е“. Така, го добивате најдоброто од двата света: и стил, и заштеда!

 

МИТ #8 – Купувањето од втора рака е за оние кои не можат да си дозволат нова облека

Ова е можеби најчестиот мит што го слушам кај нас – впечатокот дека да се купува од втора рака значи дека лицето не може да се дозволи да купува нова облека. Покрај фактот дека се заштедува финансиски да купуваме од втора рака, тука би сакала да ја парафразирам коосновачката на Fashion Revlution, Орсола де Кастро, дека „кога купуваме од втора рака, не значи дека не можеме да си дозволиме (финансиски) да купиме нова, туку дека не можеме да си дозволиме (еко-свесно) да ја фрламе таа што веќе постои.

 

Автор: Александра Спасеска (https://www.instagram.com/aleksandrina_vezilka/)

Илустрација: Моника Стојановска (https://www.instagram.com/_moooki/)

Скопски Маратон

🇪🇺 Team Europe беше дел од денешниот Skopski Maraton 🏃‍♀️🏃❗
БРАВО за Северине 💪, Хуан Карлос✌, Штефен 👍и Педро 👏 кои беа дел од Штафетниот маратон и за Карлос 👊 кој трчаше полумаратон.

“Best Online Assistant” церемонија

Претседателот Стево Пендаровски 🇲🇰 и Заменикот амбасадор на ЕУ Џулијан Васало 🇪🇺, лично присуствуваа на промоција на првите сертифицирани Онлај Асистенти чии обуки се одржуваа во Europe House Скопје.
Детално се запознаа со мисијата, визијата и плановите за иднина за Бест Онлајн Асистент.
👏Честитки за првите десетмина кои успешно ја завршија обуката. Им посакувам многу успех како идни онлајн асистенти!

Конкурс за најдобар млад преведувач 2022

Делегацијата на Европската Унија во Скопје во соработка со Здружението за преведувачи и толкувачи ЗПРТ со задоволство го објавува конкурсот за најдобар млад преведувач 2022. Повеќе детали во продолжение:

Babylon Award Ceremony

По осми пат ја доделивме Наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“. 🏆
Оваа година, првата награда ѝ припадна на Маја Тодоровска за превод на извадок од делото „Суровиот одговор“ од Диадра Саливан од англиски на македонски јазик.

Доделени се и две пофалници на Вера Спасиќ и Емилија Петрова за превод на извадоци од делата „Вистинската жена“ од Орла МекAлинден и „Грутка во грлото“ од Диран Ни Гриофа од англиски на македонски јазик.

Церемонијата се одржа во Europe House на 27 септември. Погледнете како помина доделувањето на наградите 👇

 

#BeActive DAY!

Спорт за здрав живот❗️
„Европската недела на спортот“ која од 23-30.09 се одржува на територија на цела 🇪🇺Европа, ja oбележавме преку #BeActive фитнес ден и во 🇲🇰. 🧘‍♀️🥋🏋️‍♀️💃

Во соработка со TAKT – Together Advancing Common Trust ги инспириравме рекреативците да создатат можности во секојдневиeтo и вежбаат повеќе во текот на целата година, промовирајќи здрави навики и здрав живот. ✔🗓

#BeActive Sports Week

September 25 @ FC Rabotnicki field (at City Park) starting at 10 am we will #BeActive and engage in several disciplines while having fun with the music of 🎛 Dj Babura Junior.

⏰10: 00 – morning warm-up and karate basics with Jositaka – karate,
⏰11: 45 – Full Body Workout with Nadica Jovanovi and Renata Mladenovska,
⏰13: 15 – Yoga with Lejla Rakovska.

#Beactive and be part of our #BeActive fitness day that we are organizing this year together with TAKT.
Gifts for all participants and dance performances by Beatrix Crew and Mak Dance Studio will follow.
The event is free on a first come – first served basis. The event will be organized according to all protocols inline with COVID – 19.
(* at the entrance participants will have to show their vaccination certificate or confirmation for having recovered from COVID in the last 45 days.)

#11 Tamara Ristovska invites Sandra Gjorgjieva

🆕 ПОДКАСТ ➡️ Сандра Ѓоргиева
Сандра е режисер и монтажер. Нејзиниот студентски документарен филм „Зелени ѕидови, црна храна“, беше избран во Официјалната програма на Сараевскиот филмски фестивал. Нејзиниот дипломски краток игран филм, мјузиклот „Црно и Бело“, на кој таа е потпишана како сценарист, режисер и монтажер, беше успешно прикажан на меѓународни фестивали, и ја освои наградата за најдобар студентски филм на меѓународен филмски фестивал во Бразил.
Сандра пишува, режира и монтира епизоди за детска ТВ серија 5+ Фамилија, од кои мјузикл епизодата „Песноден“ се прикажуваше низ кината кај нас. Во моментов таа е во постпродукција со нејзиниот нов краток филм „Еден тон сладолед“, поддржан од Агенција за филм на 🇲🇰.

Европска недела на мобилност

Во повеќе општини во државата, како и низ цела Европа, почна одбележувањето на Европската недела на мобилност ЕНМ (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.

Изборот на овогодишното мото се рефлектира од тешкотиите со кои се соочија Европа и Светот во екот на светската КОВИД-19 пандемија, меѓутоа истовремено се праќа апел за позитивни промени со кои Европа ќе се избори со се уште присутната здравствена криза.

Започнете со нови здрави навики и промовирајте ги многуте придобивки од активното патување.
Ги предизвикуваме сите ученици да ни се приклучат во #ridetoschool иницијативата и патуваат активно во училиште. Како❓
Од 17 до 30 септември 🚲🛴🛹🚶‍♀️со вашиот велосипед, скутер, скејт, па дури и ако пешачете до училиште, фотографирајте 🤳 и означете нѐ на Инстаграм 
Subscribe To our newsletter!