Универзитетско студентско собрание – УКИМ во соработка со Државното студентско собрание иницираше проект за заедничка соработка помеѓу студентите и Europe House Скопје на една од најрелевантните теми за студентите во моментов – менталното здравје на студентите.
На настанот беше претставено истражување на студенти од Факултетот за психологија, при што беше нагласена потребата од обезбедување бесплатни психолошки услуги за секој студент. Студентите беа поделени во работни групи од по 6 од различни факултети, преземајќи улога на „носители на одлуки“.
Зборуваа психолог, експерт од областа и координаторката за ментално здравје во Европската студентска унија.