Media Gallery
1 Јун
Средба на протагонистите од изложбата “Future of Europe” со #YEA во East Gate Mall
Амбасадорот Дејвид Гир ја посети изложбата „Future of Europe“ во East Gate Mall по повод Денот на Европа. Тој имаше можност да се запознае со 11-те протагонисти кои се изложени на столбовите во трговскиот центар и воедно ги претставуваат 11-те Европски младински цели. Тие беа желни да ги разменат своите ставови и инспиративни приказни, да […]
View More
30 Мај
Кафе со дипломат и виртуелно патување низ ЕУ
Traveling from Home to EU и Coffee with a Diplomat беа настаните со кои Europe House Струмица ја заокружи програмата за 𝐄𝐔𝐑𝐎𝐏𝐄 𝐃𝐀𝐘 2020 Преку традиционалната храна и нашите сетила за вкус патувавме во повеќе европски држави: Ајфеловата кула во Париз, кривата кула во Пиза , ги посетивме Палатата во Варна, Бран замокот во Барбикан, Портата […]
View More
30 Мај
Ликовна изложба „Уметничка Станица Канова“
Во просториите на Europe House Скопје официјално се отвори ликовната изложба „Уметничка станица Канова“ на учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“. Проектот има за цел да го зголеми уметничкиот ангажман, вештините и автентичноста и да ги прошири перспективите на младите студенти по уметност преку проучување на делата на познатиот европски уметник Антонио Канова. Оваа година Европа […]
View More
28 Мај
Movie night at Europe House Kriva Palanka
#movienight во Europe House Крива Паланка! Преубава атмосфера со локални и млади од Западен Балкан. Дворчето на Europe House Крива Паланка се претвори во убаво летно кино под отворено небо Regional Youth Cooperation Office – RYCO СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
View More
26 Мај
Децата од градинката „11 Октомври“ ја посетија ЕУ резиденцијата
Во рамки на изложбата ‘Розеви тигри и златни гуштери и што уште не’ Резиденцијата на ЕУ денес имаше несекојдневни посетители. Дечиња од скопската градинка ’11 октомври’ од Бутел ја збогатија градината со своето весело присуство, а изложбата ја надополнија со печати од природата. #EUGreenDeal *Фотографиите се објавени врз основа на писмена согласност од родителите
View More
25 Мај
“Дигитална трансформација” панел дискусија во Europe House Скопје
Одлична панел дискусија во Europe House Скопје со цел да се разбере дигиталната трансформација и да се запознаеме подобро со придобивките и потребите на дигитални решенија. Дискутиравме за технолошкиот напредок наспроти традиционално поставениот бизнис модел, како лесно да се прилагодат компаниите на новонастанатите пазарни ситуации и да станат поконкурентни.
View More
21 Мај
Гастрономски настан во Градски парк Скопје
На Школка во Градскиот Парк заедно со 7 Амбасади на земји членки на ЕУ и учениците од средното угостителско „Лазар Танев“ се дружевме на кулинарски собир! Традиционалните јадења кои учениците изминатава недела учеа да ги приготват со врвни готвачи од земјите учеснички, денес беа поставени за дегустирација на собирот. Вистинска фузија на вкусови, бои и […]
View More
20 Мај
Fließgewässer музичка изведба во Europe House Крива Паланка
Дел од атмосферата од минато-неделниот перформанс на талентираниот уметникот од Германија кој живее и твори во Барселона,Шпанија – Fließgewässer. Fließgewässer е електро-акустичен и амбиентален музичар. Во своите настапи ги користи турскиот жичан инструмент саз (баглама), флејтата и мелодиката, и на тој начин допира и во фолк музиката. Исто така, користи и акустични и електронски инструменти. […]
View More
19 Мај
Ученици на ПСУ „Јахја Кемал“ во Europe House Скопје
Europe House ги пречека енергичните ученици од ПСУ „Јахја Кемал“. Со искрена желба да научат за Европската Униха, преку илустрации и примери ги запознавме со Европските вредности, сличностите и разликите помеѓу земјите членки, нивните култури, јазиците и нивните обележја. Љубопитноста за историјатот на Унијата, позадината на Европското знаме и симболиката на 12-те sвезди, па се […]
View More


