КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА НА ВЕНДОРИ ЗА ХРАНА
Селекцијата на вендори ќе се спроведува врз основа на долунаведените критериуми, поделени во две фази: Административна и техничка усогласеност (елиминаторна) и Квалитативна евалуација (бодување).
АДМИНИСТРАТИВНА И ТЕХНИЧКА УСОГЛАСЕНОСТ
Сите кандидати мора да ги исполнуваат следните услови за да бидат квалитативно разгледувани и бодувани:
Правен статус: Регистрирано правно лице или занаетчија со соодветна шифра на дејност.
Фискална одговорност: Поседување мобилен фискален апарат.
Безбедност на храна: Писмена изјава за почитување на хигиенско-техничките нормативи (HACCP) за работа на отворен простор.
Опременост: Поседување мобилна единица за служење на храна (food truck, штанд или приколка).
КВАЛИТАТИВНО БОДУВАЊЕ (Максимум 100 поени)
Критериуми
1. Концепт и мени / 25 ПОЕНИ
Креативност на понудата, разновидност на оброците и прилагоденост на менито за масовен настан (брзина на сервис).
2. Визуелен идентитет / 25 ПОЕНИ
Естетски изглед на штандот/возилото и визуелна прикладност кон атмосверата во Градскиот парк.
3. Еколошка одржливост / 25 ПОЕНИ
Употреба на биоразградлив прибор, амбалажа без пластика и план за управување со сопствениот отпад.
4. Искуство / 25 ПОЕНИ
Претходно учество на настани од различен карактер.
*Предност при еднаков број поени: Во случај на еднаков број освоени поени, предност ќе имаат операторите кои користат локални состојки и нудат автентична кујна што ја промовира културната разновидност.
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ 27/04/2026
Преземи формулар
Лице за контакт:
Александар Старделов
077 514 968
aleksandar.stardelov@euhouse.mk
