Europe House Велес со специјални награди за младите учесници на 22-то издание на Меѓународниот Салон на Стрип во Велес
Веќе трета година по ред, Europe House Велес, како еден од поддржувачите, е дел од приказната што ја слави магијата на 9-тата уметност и ја носи поблиску до сите љубители на стрипот.
Оваа година, 22-то издание на Меѓународниот Салон на Стрип „Велес 2025“ ја продолжува својата мисија – со уште повеќе енергија, нови соработки, свежи изданија, инспиративни изложби и, најважно од сѐ, нов поттик за оние кои за првпат го откриваат светот на стрипот.
Рекордно, годинава на конкурсот пристигнаа 396 стрипа од 13 земји, распоредени во различни категории за награди.
Покрај стандардните награди што ги доделува Стрип центарот, оваа година Europe House Велес додели и три специјални награди во категоријата најдобри млади автори. Им честитаме на сите овогодинешни лауреати и со нетрпение очекуваме нови генерации креативци кои ќе ја обликуваат иднината на стрип уметноста.