Podcast Archives - Page 5 of 6 - Europe House

#7 Tamara Ristoska invites Bojan Rantasha

🚲На подкаст #7 со Тамра Ристоска ќе зборуваме за сите не доволно обележани патеки, незацврстени шахти, велосипедски патеки претворени во паркинг места, не доволно паркинг места за точаци, високи тротоари, пешаци на велосипедска и слични проблеми со кои се справуваат велосипедистите. И се ова ќе го збориме со вистинскиот човек – Бојан Ранташа кој е:
✅консултант за активен туризам, за развој на рурален и одржлив туризам,
✅консултант за социјално претприемништво и за одржлив развој на шумарство
✅туристички водич и
✅еден од најголемите активисти за развој на велосипедската култура!

#6 Tamara Ristoska invites Katerina Stefanovska & Krume Stefanovski

🎧Во #6 подкаст со Тамара Ристоска зборуваме за слободни театарски форми на изразување, желбата за поразвиено општество за младата популација и едукација и поттикнување на иновативните методи.
🎙Катерина Стефановска работи во областа на културата како координатор на културни настани, а Круме Стефановски е актер и музичар, основач на театарската група за сенки и облици. Двајцата секогаш се во потрага по нов и свеж израз и затоа се одлични говорници на оваа тема.

#3 Amok & Europe House Record Talks (Andrej Micajkov)

Во новата епизода на Record Talks гостин ни e Андреј Мицајков кој веќе подолго време е на домашната диџејска сцена, организира настани и активно ја промовира диско културата.
Дополнително, тој е радио домаќин на емисијата „После часови“ на Антена 5 радио и “Invitation to Love” на Radio d59b Berlin.
🎶Вистински аудиофил со голема колекција на плочи од различни жанрови. 🎧▶️

#ЗдравЖивот со Драгана Младеновска посветен на здравје и исхрана

Започнуваме со ☀️ летен серијал #ЗдравЖивот со Драгана Младеновска посветен на здравје и исхрана, теми за кои секогаш има и ќе има интерес. Во овој свет на безброј дигитални информации навистина е тешко правилно да донесеме одлука што е вистински здрава храна?
🆕Денес на мени: Вовед и едукација за здрава исхрана🥗🍊🥑🍋

Книжевни рецензии со Читачот – „Физика на тагата“ од Георги Господинов

Сè што се случува и треба да се случи, веќе е опишано во литературата, вели најпознатиот и најпреведуваниот 🇧🇬 писател Георги Господинов.
Во #2 подкаст, Читачот со рецензија на најуспешниот роман од авторот, „Физика на тагата“ – финалист на неколку европски и светски награди.

#4 Tamara Ristoska invites Matea Jankovska & Nikola Nakovski

https://open.spotify.com/episode/4maWL8p0gwsjHrezSZruNv?si=9_v82PHXSiiwSx88BU3kgA&fbclid=IwAR1-FbMBACm0p4I5KRS3UIGO6cZvw8T56xhygo5_w3KEc9Uxm64tMn230Ps&nd=1

За #4 издание на Europe House подкаст серијалот ни гостуваат младите глумци од ансамблот на Театарот за деца и младинци.🎭
⭐️Никола Наковски чија љубов кон театарското дело е нескриена и актерскиот занает го врши со огромен ентузијазам!
⭐️Матеа Јанковска – активна на театарската сцена и големото платно, храбра и креативна која успева да ја разбуди публиката со секој настап, но како што вели таа, кога се работи со деца, одговорноста е поголема.

Книжевни рецензии со Читачот – „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски

Во рубриката „Culture matters“ покрај филмските препораки, свое место имаат и книжевните рецензии. Првото видео од серијата видео рецензии со ЧИТАЧОТ е осврт на делото „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од домашниот автор и европски лауреат Гоце Смилевски.

Subscribe To our newsletter!