Рекапитулација на најдобри книжевни дела од Европската книжевна сцена по препорака на наши издавачи и културни работници од книжевната сцена – во новогодишното видео на Читачот за книжевни рецензии со препораки за најдобрите европски наслови.
Рекапитулација на најдобри книжевни дела од Европската книжевна сцена по препорака на наши издавачи и културни работници од книжевната сцена – во новогодишното видео на Читачот за книжевни рецензии со препораки за најдобрите европски наслови.
Сабина Мемиши е дипломирана млада актерка вработена во Албанскиот национален театар. Во својата досегашна кариера како актерка е дел од повеќе институционални театарски проекти. Во 2015та година учествуваше во првата професионална претстава „Кујни“ во режија на Илир Бокши во Тетовскиот театар каде што ја доби награда за најдобар епизоден лик на театарскиот фестивал во Дебар. Од тогаш има играно во многу претстави како: „Смешни пари“ во режија на Башким Рамадани „Опера за три гроша“ во режија на Кендрим Ријани „Страст и алчност“ во режија нa Фитим Селими , „Сладостите на неверството“…
Марија Трпеска дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје 2017та.
Нејзината прва самостојна изложба ја реализира во 2018та со наслов “Слободен Влез – Free Entry”, учествува на повеќе групни изложби и е организатор на две групни изложби од кои последната е “Одбиенале 2021”. Нејзината уметничка работа се одликува со обработување на социјални теми, ликовни проекти кои се однесуваат на портретирање на личности кои на некаков начин се поврзани со уметноста, а истовремено се маргинализирани од општеството. Работејќи со нив, преку нејзините дела им дава значење потенцирајки ја нивната уникатност, важност и улога како во општеството така и во нејзиниот креативен процес и себеидентификување како ликовен автор.
Теодосиева е актерка од младата генерација со успешна кариера дома и во странство. Во 2013та година го имаше своето деби во филмот „Балканот не е мртов”, а веднаш потоа со краткиот филм „Параболик” таа станува дел од „Sarajevo Talents”. Таа се појавува во руската ТВ серија „Кум”, а потоа во филмот „Втора Шанса”.
Последниот нејзин филм во режија на Милчо Манчевски „Врба” но и улогата во „Исцелител” на Ѓорче Ставревски. Преставите „Сината Птица” на Златко Славенски, потоа „Макбет” и „ Мојот Маж” на Нела Витошевиќ, „Солун – град на Духови” и „Лерин, полиња живот, ридишта крв” и „Ајнштановите соништа” на Слободан Унковски, „Грдиот” на Ирена Стеријовска, говорат за нејзината богата палета на улоги и соработки со наши врвни имиња од областа на театарот и филмот. Теодосиева работела и како режисерка и кореографка на повеќе театарски и танцови остварувања.
Вo 2021 стана добитничка на наградите за најдобра актерка на фимските фестивали Couch Film Festival и Global Monthly Film Competition за филмот „ТМ” во режија на Ивица Димитријевиќ. Нејзиното најново актерско остварување го има во филмот “МИМИ” во режија на Даријан Пејовски кој сеуште е во постпродукциска фаза каде што го игра главниот лик МИМИ.
Станислав Лем (1921-2006) е најпреведуваниот полски писател, сатиричар, философ и футуролог, како и најпреведуваниот автор на научна фантастика од неанглиско говорно подрачје. Тој е меѓу најпознатите писатели и теоретичари на научната фантастика. Добитник е на многу престижни награди и одличија, а бил и почесен доктор на повеќе универзитети во Полска и во светот. Неговите книги се продадени во над 45 милиони примероци. „Соларис“ е едно од најпознатите научнофантастични дела во историјата на светската книжевност.