ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ ДО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ НИЗ ДРЖАВАТА, ЕУ ГО ОДБЕЛЕЖУВА „ДЕНОТ НА ЕВРОПА 2026“ - Europe House

5 Мај

BACK

ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ ДО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ НИЗ ДРЖАВАТА, ЕУ ГО ОДБЕЛЕЖУВА „ДЕНОТ НА ЕВРОПА 2026“

ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ ДО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ НИЗ ДРЖАВАТА, ЕУ ГО ОДБЕЛЕЖУВА „ДЕНОТ НА ЕВРОПА 2026“

По повод 9 Мај – Денот на Европа, Делегацијата на Европската Унија и мрежата Europe House оваа година организираат разновидна програма од културни, младински, едукативни и еколошки настани во повеќе градови низ државата.

Прославата започнува на 4 мај во Битола со концертот „Cinema Classics“ на оркестарот FAMES, на кој младите музичари ќе изведуваат филмска музика во рамки на програмата „Креативна Европа“, а програмата продолжува на 7 мај во Охрид со хуманитарна трка што ги обединува младите околу спортот и солидарноста.

Централната прослава на Денот на Европа ќе се одржи на 9 мај во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 11:00 часот и ќе трае до 18:00 часот. Во текот на денот, паркот ќе се трансформира во простор со зони за локални вкусови, зелени иницијативи, одржливи идеи и игри на отворено организирани од амбасадите на земјите членки на Европската Унија, по што ќе следува целодневна музичка програма на „Школка“, каде ќе настапат Eureka Dance Company, Дина Јашари, Zvada, Conquering Lion, Dafunk и Double G, како и диџејките Emily Nas и Мартина Пенева.

На 9 и 10 мај ќе се реализираат активности и во Кочани, каде под мотото „Color Kocani“ младинска иницијатива ќе изработи мурал во јавен простор. Дополнително, од 15 до 17 мај, градот ќе биде домаќин и на „Open Air Cinema“, серија филмски проекции што ќе ја доближат филмската уметност до младите во Кочани.

На 12 мај, на езерото Младост во Велес ќе се одржи акцијата „Growing Together“, во рамки на која волонтери, студенти, граѓани и амбасадори ќе засадат 2.500 садници на површина погодена од пожари.

На 14 мај, Funk Shui ќе одржат концерт на отворено во Битола, претворајќи го платото пред Europe House во простор за музика, дружење и фестивалска атмосфера.

На 16 мај ќе се организира прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро, која ги поврзува Струга, Охрид и Поградец во симболично патување што ги спојува природата, младите и прекуграничната соработка.

На 19 мај, Europe House Тетово ќе биде домаќин на саемот „Уживај во Европа со книга“, со учество на издавачки куќи, разговори со македонски и албански автори, размена на книги, музичка програма и содржини за најмладите.

На 21 мај, во Штип ќе се одржи „Discover the Possibilities“, младински настан што отвора простор за нови можности, студии, мобилност и иновации.

Програмата ќе заврши на 23 мај во Гевгелија со „Youth Wave 2026“, еднодневен настан што ќе вклучува форум за младински вештини, саем за локално претприемништво, стартап лабораторија и креативна младинска сцена.

Од музика и книги, до еко-акции, филм и младински иницијативи, овогодишната програма го претвора Денот на Европа во прослава што ќе се доживее низ целата држава. Сите настани се отворени за јавноста, а повеќе информации за програмата ќе се објавуваат секојдневно на социјалните мрежи на мрежата Europe House.

Subscribe To our newsletter!