По патот на јагулата со кајак - уште една летна авантура на Црн Дрим! - Europe House

18 Авг

BACK

По патот на јагулата со кајак – уште една летна авантура на Црн Дрим!

По патот на јагулата со кајак – уште една летна авантура на Црн Дрим!

Денес Црн Дрим и Глобочичкото Езеро беа нашата рута, а кајакот беше најдобриот начин да ги доживееме од една сосема поинаква перспектива.

По повод Светскиот ден на младинските вештини, заедно со Спортски клуб Соларис Струга ја реализиравме турата „Патот на јагулата“, со која сакавме да покажеме дека Црн Дрим и Глобочичкото Езеро не се само дел од прекрасниот пејзаж, туку и простор што може да нè вмрежи, да нè поттикне на нови искуства и да понуди поинаков начин за доживување на околината на Струга.

Следејќи ја симболичната рута на европската јагула, учесниците имаа можност да ги совладаат основите на кајакарењето под водство на професионални инструктори, да стекнат практични вештини за безбедно движење на вода и одблиску да го запознаат природното богатство на Црн Дрим.

„Патот на јагулата“ беше можност да ја откриеме вредноста на локалните екосистеми, да научиме повеќе за биодиверзитетот што го прави овој регион единствен и да потсетиме дека зачувувањето на природата започнува со разбирање и лично искуство.

Доколку природата и јавниот простор ги користиме креативно и одговорно, можностите се навистина безбројни.

Subscribe To our newsletter!