Магија на Црн Дрим: Пловен мини концерт ги обедини музиката и заедницата - Europe House

15 Јул

BACK

Магија на Црн Дрим: Пловен мини концерт ги обедини музиката и заедницата

Магија на Црн Дрим: Пловен мини концерт ги обедини музиката и заедницата

Црн Дрим во Струга стана сцена за едно поинакво музичко доживување. Во рамки на иницијативата „Пловен концерт – На Дрим“, локални музичари од различни етнички заедници одржаа 40-минутен концерт од пловни објекти, претворајќи ја реката во уникатен простор за културен настан.
Иницијативата, чиј идеен творец е Коста Костоски, има за цел да создаде нова платформа за промоција на локалните музичари, истовремено поттикнувајќи креативна соработка, интеркултурно поврзување и поинакво доживување на јавниот простор. Концертот се одвиваше во периодот од зајдисонце до вечерните часови, создавајќи препознатлива атмосфера што привлече голем број посетители долж бреговите на Црн Дрим.
Настапија Коста Костоски, Андреј Нически, Артан Жута, Bojan Krstinovski, Алмир Бајрамоски, Давид Поповски, Александра, Менда Шеи, Владимир Мојсовски и Томислав Нестороски.Како поддржувач на локални иницијативи што ги поврзуваат културата, заедницата и јавниот простор, Europe House Struga беше организатор на овој настан, кој понуди нов начин за доживување на музиката и дополнително ја збогати летната културна понуда во градот.

Во реализацијата на концертот значајна улога имаше Спортскиот клуб Solaris, кој ја обезбеди целокупната логистика на вода, додека поддршката од Општина Струга и АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ „Црн Дрим“ овозможи реката да стане сцена за едно автентично музичко искуство.
Пловниот концерт на Дрим претставува пример како природното наследство, локалната креативност и меѓусебната соработка можат да создадат културен настан што истовремено ја афирмира локалната музичка сцена, го збогатува туристичкото искуство во Струга и ја промовира реката Црн Дрим како простор за современи културни содржини.

Subscribe To our newsletter!