„Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“ - Europe House

10 Мар

BACK

„Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“

„Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“

Панел дискусија во Скопје ги обедини претставниците на граѓанскиот сектор, академијата, бизнис заедницата и институциите со цел да се разгледаат структурните економски недостатоци со кои се соочуваат жените во нашата држава и финансиското влијание на родовата нееднаквост врз општеството.

Настанот, насловен „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“, се одржа во Јуроп хаус Скопје и го одбележа почетокот на кампањата „Носи ја промената“ и националното роудшоу. Дискусијата беше фокусирана на економските последици од родовата нееднаквост низ целиот животен циклус, од образованието и влезот на пазарот на трудот до кариерниот развој, претприемништвото, грижата за семејството и пензионирањето.

Настанот го отвори Бен Нупнау, вршител на должност амбасадор на Делегација на ЕУ, кој ги поздрави присутните и официјално ја започна иницијативата. Панел дискусијата се осврна на фактот дека родовата нееднаквост, иако често се третира како социјално прашање, претставува и системска економска нерамнотежа со мерливи финансиски последици. Учесниците разговараа за тоа како нееднаквоста влијае врз животните приходи на жените, пензиската сигурност, стабилноста на домаќинствата, конкурентноста на бизнисите и економскиот раст на државата.

Панелот обедини различни перспективи и беше модериран од Кристина Хаџи-Василева, консултант за стратешки развој. Панелисти беа Никица Кусиникова од КСО Конект, Биљана Петровска – Митревска од НФФ и Македонка Димитрова, универзитетска професорка и претприемач.

Дискусијата се осврна на економската цена на родовата нееднаквост, вредноста на неплатениот труд за грижа и последиците од родовиот јаз во платите и прекините во кариерата. Учесниците разговараа и за структурните бариери што го ограничуваат економскиот напредок на жените, како работната култура, пристапот до грижа за деца и нееднаквата сопственост на имот, како и за улогата на законодавството и корпоративните стандарди во намалување на овие разлики. Дебатата заврши со осврт на можни решенија и одговорностите на институциите, бизнис секторот и општеството.

Настанот исто така го одбележа почетокот на кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change), годишна иницијатива предводена од Јуроп хаус, Делегацијата не Европскате Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ. Кампањата го става фокусот на структурната нееднаквост и тежината на неплатениот труд што го носат жените. Иако започна во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, иницијативата ќе ја задржи темата во фокус во текот на целата година преку серија дебати, работилници, културни настани и јавни дискусии организирани низ мрежата на Јуроп хаус.

 

 

 

Subscribe To our newsletter!