Јуроп хаус мрежата го одбележа Денот на побезбеден интернет
Кликни паметно, сурфај безбедно!
Интерактивен настан кој ги запозна средношколците со побезбеден диги тален свет:
– како да ги заштитат личните податоци;
– зошто е важно да внимаваат што споделуваат онлајн;
– како да препознаат онлајн закани, измами и лажни профили;

#europehouseskopje – Водич за подобро разбирање на дигиталниот јазик на младите луѓе со цел градење доверба и поефикасна комуникација.

#europehousestruga
Работилница „My Digital Footprint“
Раководена од менторката Ерзана Спахо, се говореше за честите навики: скролање, кликање и споделување. Преку реални примери, групна работа и отворена дискусија, младите истражуваа како секоја онлајн активност остава траен дигитален отпечаток – и зошто тоа е важно.
Посебен фокус ставивме на ризиците поврзани со онлајн коцкање, манипулативни реклами и вирусни трендови на социјалните мрежи, како TikTok предизвиците.

#europehousetetovo организираше интерактивната работилница „Who am I online?“, водена од Буљза Абдиљи – добитничка на награди на дигитални хакатони низ регионот.
Се отворија теми како што се: што споделуваме онлајн, дигитална согласност и почитување, како и практични примери за дигитална заштита.

Тука за Младите.
