На Денот на жената немавме можност да ја врачиме наградата Европска жена на годината на Илина Арсова, но затоа денес го искористивме нејзиното присуство на Саемот на книгата во Скопје.
Амбасадорот Дејвид Гир и Амбасадорката Анке Холштајн беа гости на штандот на Издавачки Центар Три каде Илина ја промовира својата последна книга „Седумте„.
Во знакот на бројот 7 и освоените светски врвови беше и нејзината награда – изработена од MORPHO како успешен бизнис основан преку ЕУ програмата за младинска гаранција.
Честитки Илина Арсовa, 2022 Европска жена на годината!