Media Gallery

6 Мај
Изложба “Future of Europe” во East Gate Mall
Во пресрет на Денот на Европа и Европската година на младите – 2022 година, заедно со Delegation of the European Union, Skopje ја отворивме изложбата „Future of Europe“ во East Gate Mall која ги раскажува инспиративните приказни на 12 млади луѓе од целата земја. Разновидноста на млади луѓе, со различни животни позадини го покажува богатството […]
View More
4 Мај
Саем на книга и средба со Илина Арсова
На Денот на жената немавме можност да ја врачиме наградата Европска жена на годината на Илина Арсова, но затоа денес го искористивме нејзиното присуство на Саемот на книгата во Скопје. Амбасадорот Дејвид Гир и Амбасадорката Анке Холштајн беа гости на штандот на Издавачки Центар Три каде Илина ја промовира својата последна книга „Седумте„. Во знакот […]
View More
1 Мај
Меѓународен ден на џезот
Во обид да се прослави обединувачката моќ на музиката, Меѓународниот ден на џезот се слави секоја година на 30 април. Денот има за цел да ја подигне свеста за џезот како едукативна алатка и сила за дијалог и соработка меѓу луѓето. Во таа чест ги поддржавме локалните џез музичари Филип Димишковски квартет во Бруклински ЏЕЗ […]
View More
28 Апр
Средба на средношколци од Данска во Europe House Скопје
Europe House Скопје пречека група од 58 дански средношколци да разговараат за клучните теми произлезени од Европските младински цели. Со координација на нашите Европски младински амбасадори, тие опфатија огромен број теми со акцент на иднината на образованието, подобрување на менталното здравје кај младинскиот сектор, подигање на еколошката свест и секојдневните навики, кои послужија како заедничка […]
View More
25 Апр
Ментално здравје (УКИМ во соработка со Државното студентско собрание)
Универзитетско студентско собрание – УКИМ во соработка со Државното студентско собрание иницираше проект за заедничка соработка помеѓу студентите и Europe House Скопје на една од најрелевантните теми за студентите во моментов – менталното здравје на студентите. На настанот беше претставено истражување на студенти од Факултетот за психологија, при што беше нагласена потребата од обезбедување бесплатни […]
View More
22 Апр
Светски ден на планетата Земја (Europe House Крива Паланка)
Наша одговорност е да се грижиме за планетата Земја, да преземеме акција сега и да ја зачуваме за следните генерации. Да работиме заедно за да го направиме подобро место за сите. По повод денот на планетата земја во Europe House Крива Паланка го прикажавме најдобриот краток филм на GREEN Film Festival во режија на Леона […]
View More
15 Апр
Светски Ден на уметноста (Сули Ан)
Во прекрасниот амбиент на Сули Ан, го одбележивме празникот на уметноста токму таму каде младите уметници ја создаваат. #WorldArtDay На изложбата беа изложени слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Делата беа поставени во дворот на Сули ан, како и на терасата на горниот кат. Учесници на изложбата: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона […]
View More
14 Апр
Europe House, RYCO и Go Green со средните училишта од регионот
Средношколците од Алгоритам го исполнија крајот на работната недела со многу корисни активности: – Се дружеа со своите врсници од Нови Сад преку програмата на Regional Youth Cooperation Office – RYCO – Superschools – Ја одржаа последната од серијата работилници за ареозагадувањето заедно со Go Green – Биди Зелен , вклучувајќи ги и пријателите од […]
View More
10 Апр
Дамите од Делегација на ЕУ дел од Авицена Женска трка 2022
Дамите од Делегацијата на ЕУ учествуваа во Авицена Женска трка 2022 . Обединети под слоганот #TeamEurope, со своето учество дадоа поддршка на Украина #StandWithUkraine. Браво за спортскиот дух на нашите #BraveSouls. You keep our spirits high
View More