Europe House Скопје го организираше мултимедијалниот уметнички проект комшиLOOK
комшиLOOK е мултимедијален уметнички проект кој има за цел да ја децентрализира културата во Скопје, правејќи подвизи да ги анимира урбаните решенија низ градот, воедно негувајќи го чувството на заедништво. Накратко – калеидоскоп на музика, танц, театар и уметност, овој пат во населбата Шуто Оризари, на улицата Волт Дизни.
Темата на овој КомшиLook е „Видливост“, тема инспирирана од бели ракавици носени од култниот лик на Мики Маус (Mickey Mouse), ко-креиран од авторот Волт Дизни (Walt Disney).
Џем сешн (jam session) со Емин Џијан ги собра сите оние кои сакаат квалитетна музика. Спонтаното музицирање без однапред подготвени аранжмани, се претвори во одличен концерт на кој уживаа и гостите и локалното население.
Интеракцијата, новите познанства, уникатните приказни и магичната енергија на заедницата која живее на улицата се елементи кои оваа манифестација ги оживува, а #europehouseskopje беше дел од хепенингот. Денот стана прослава на поврзувањето и откривање на убавината и живиот дух на оваа мала, но силна заедница.