Europe House Струмица и Здружението на производители на градинарски и цвеќарски видови ХОРТИ ЕКО оваа недела организираа дискусија за загадувањето на животната средина и идни решенија во спречување на загадувањето, на која учествуваа ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица.
Оваа дискусија е дел од проектот на Здружението на производители на градинарски и цвеќарски видови ХОРТИ ЕКО : „Со младинска зелена акција до поздрава животна средина!“