Првиот роденен на Europe House Велес се прослаи Панел дискусија под наслов „Види го Вардар почисто“, - Europe House

9 Јул

BACK

Првиот роденен на Europe House Велес се прослаи Панел дискусија под наслов „Види го Вардар почисто“,

Да, пред некој ден го прославивме нашиот прв роденден почнувајќи со панел дискусија под наслов „Види го Вардар почисто“, инспирирана од неодамна започнатата кампања на Европската Комисија #WaterWiseEU.
Целта на панелот беше да се разгледаат причините за загадувањето на реката Вардар, да се анализираат последиците од загадувањето и да се предложат конкретни решенија за подобрување на состојбата.
Дискусијата ја отвори заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, со краток говор за важноста на зачувувањето на водата во контекст на глобалната криза, Зелениот договор на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.
Низ текот на изминатата година организиравме повеќе од 140 настани во кои учествуваа повеќе од 5.000 учесници. Благодарни сме на сите што беа дел од тоа и што допринесоа до вистински општествени промени.
Крајот на вечерта го обележавме со музички перформанс на дуото Stardust, храна и одлично друштво. Присутните не само што уживаа во музиката, туку имаа можност и да се вмрежуваат, разменуваат идеи и дискутираат за идни активности и соработки.
Subscribe To our newsletter!