Во Среда на 11.05.2022 во Europe House Струмица беше отворена изложбата со наслов: ,,Бесконечно Синило” на уметникот Панче Ѓоргиев. Рецензент на изложбата беше д-р Коста Милков кој меѓу другото рече:
“Во дадениот циклус дела, претставени на оваа изложба, уметникот решил креативното толкување на естетското доживување пред се да го врами или барем да го потенцира во сино.”