Вчеравечер беа поделени наградите за креативниот влог на дизајнерите на тема трансплантација и органодонорство
Професионалните дизајнери, Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска, и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевка, се шесте автори, креативци кои ги понесоа наградите за најдобри решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци – на тема: трансплантација и органодонорство.
Ним, вчеравечер, во Ист Гејт, во Зелената оаза, им беа доделени наградите за креативниот влог кој допрва има за цел да поттикнува отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството.
Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската унија, во кој краен корисник е Министерството за здравство.