Во големо друштво под Св. Пантелејмон го набљудувавме метеорскиот рој Персеиди - Europe House

19 Авг

BACK

Во големо друштво под Св. Пантелејмон го набљудувавме метеорскиот рој Персеиди

Синоќа во едно прекрасно, големо друштво под Св. Пантелејмон го набљудувавме метеорскиот рој Персеиди. Видовме повеќе метеори одошто се надевавме, а меѓу нив и неколку болиди (јееее прави среќлии). И сè беше магично и возбудливо, вистинско Лето во друштво на млади, деца и возрасни!
Им благодариме на Скопското астрономско друштво што ја приближи астрономијата до нашите учесници во програмата, нивните пријатели и семејства, како и сите останати кои одлучија да се приклучат.
Темнината на локалитетот не дозволи да се направат многу фотографии, но чувството што го предизвика набљудувањето и возбудата по секој забележан метеор веруваме дека сите ќе ги помнат долго по овој настан.
За младите учесници се надеваме дека ова набљудување ќе биде дополнителен поттик да гледаат кон небото, да се бават со наука и да се приклучуваат кон разни друштва кои делат интереси, но и да создаваат свои друштва и иницијативи во кои ќе се пронаоѓаат и ќе создаваат моменти заедно.
Денеска продолжуваме со програмата со завршната работилница од серијата за цијанотипија како и со работилницата на тема ,,Токсични релации”.
Им благодариме на Europe House Skopje и Europe House Kriva Palanka за овие фотографии и што ни овозможија удобно и безбедно да пристигнеме на локацијата.
Subscribe To our newsletter!