Театарот на Љубљана на гости на Академската сцена на ФДУ - Europe House

6 Ное

BACK

Театарот на Љубљана на гости на Академската сцена на ФДУ

Вчера на Академската сцена на ФДУ бевме сведоци на вистинска креативност, енергија и пасија од студентите на Академијата за театар, радио, филм и телевизија од Љубљана,🇸🇮. Претставата „Figurae Veneris Historiae“ (Љубовни пози на историјата) отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста.
🎞„Котур кафе и филм“ беше домаќин на филмската програма во склоп на Скомрахи. Разговор со креаторите позади филмот „Налепница“🇲🇰, проекции од Школата за филм и телевизија при Академијата за сценски уметности во Прага, 🇨🇿 – „Како да се сака Мартин“, „Момче, Заб, Т-рекс“ и „Приказна за Додо“.
Следеа Националната академија за театарска и за филмска уметност „Крсто Сарафов“ од Софија,🇧🇬, со „Лазарус“ и „Чорба од лук“, Академијата за применети уметности од Риека,🇭🇷, со „Сарма“, како и ФДУ со „Зад ридот“.
Subscribe To our newsletter!