„Скопје на новата генерација“ - Улица „Илинденска” - Europe House

1 Дек

BACK

„Скопје на новата генерација“ – Улица „Илинденска”

Автори: Беким Бајмак, Несим Рочи и Нихат Максутоски

Локација – Улица „Илинденска” (oд зградата на Владата до фонтаната во Градскиот Парк)

 

Авторско образложение:

Трансформација и адаптација на централни градски зони во современите градови претставува вистински предизвик и еден од главните дискурси во социолошката и архитектонско-урбанистичката теоретска и научна јавност на овој и минатиот век. Многу градови претрпуваат значителни морфолошки промени во обидот да држат чекор со технолошките и економските текови на своите општества.

Во локалниот социо-економски контекст тие најчесто се манифестираат и завршуваат единствено со проширување на постоечки улици во улици/булевари од повисок ранг, со цел обезбедување поголема сообраќајна проточност, многу често не водејќи сметка за интегрирање на интервенцијата во непосредната околина.Како резултат на тоа, се појавува неусогласеност на новата со постојната градска структура, отуѓување на одредени градски простори од колективната и личната меморија на жителите и корисниците, а со тоа и создавање можност за нивно напуштање или различна злоупотреба.

Соодветен пример е проширувањето на ул.Илинден во бул.Илинден во 2009 година.При ваквиот зафат, коловозот со 2 ленти се проширува во коловоз со 4 ленти, тротоарот се стеснува, се отстранува постојниот дрворед, а станбените улици кои излегуваат на неа добиваат слепи завршетоци.Tака со ваквото проширување овој дел од булеварот постанува место само за автомобили, додека луѓето, граѓаните се ограничени на движење само на тесните тротo  ари без никакви активности.Автомобилите се во прв план, додека луѓето ги користат овие простори само да си стигнат до нивните домови или пак тие кои само поминуваат низ улицата и не се задржуваат по причина дека ништо не се случува за да им го одзема вниманието.

Исто и содржините на приземните етажи на објектите се ограничени за нивно функционирање од причина на инфраструктура, oтсуство на простор и недоволен број на посетители.Така да низ целата должина имаме минимални содржини како неколку продавници, продавница за велосипеди, ателие или галерија и еден кафе-бар  на крајот на улицата.Како позначаен објект на овој дел на градот е Пионерскиот Дом, поставен во стар овјект сочуван максимално но со минимален простор за активностите кои би требало да се одвиваат во склоп на Пионерскиот дом.

Резултат, покрај зголемениот капацитет на проточност и фреквенција на автомобили, е нарушен и начинот на функционирање на начинот на функционирање на постојниот учичен систем, што допринесува до трајно менување на градската атмосфера и начинот на животот во вој дел од градот.

Нашиот концепт на интервенцијата на овој дел на градот, или поточно на дел од бул.Илинден, се основа на формирање на неколку мали плоштади долж целиот дел од булеварот, со различни содржини за социализација на станарите а секако и привлекување на нови посетители на овој дел од градот.Ваквиот концепт првин се раѓа за потреба на активности и содржини на истата улица.Интервенцијата е отстранување  на сообраќајот и автомобилите при што жителите односно луѓето се ставаат на прв ред и целиот простор се овозможува за користене од нивна страна без никакви бариери од сообраќајот.

Неколкуте содржини во малите плоштади произлегуваат од веќе постоечките функции на приземните етажи на објектите.Велосипедската продавница, галеријата и Пионерскиот дом како клучни постоечки содржини, нивните активности ќе можат да ги реализираат и на улица или на плоштадот пред нивните објекти.Другите содржини кои се додаваат со интервенцијата произлегуваат од потребите на првично станарите на овој дел на градот, кои им се потребни места за социјализација, места каде би можеле да се дружат и комуницираат.Па така се креирани и големи места или клупи кои не користат само за седење туку и за разновидни други социјални игри.Како спојка на сите содржини, низ целата улица се протега една црвена патека која е замислена како “Променада на Илинденска”, чија функција би била да ги натера посетителите да шетаат низ целиот простор и да ги посетат сите активности и содржини на овој дел на градот.

Урбана исталација

На двата краја на делот на улицата се поставени урбани исталации во форма на тунел кои би обележувале како влез во еден друг свет од кој на сообраќајниот метеж.Изработени од лесни челични профили и обоени во различни бои, на секој би им биле интересни да поминат преку тунелот и да истражат што се случува на другиот крај. Исто така како визуелна бариера е обоен подот во форма на градиент кој би означувал дека нешто после тој дел се случува и селата содржина се менува од претходната.

 

Отворено Кино

 

Следната програма додадена на овој дел на улицата е и Отворенот кино во просторот каде немаме многу деловни објекти во Приземјето на објектите па така и поставувањето на ваква содржина нема да пречи во нивната функција.Со оваа содржина се овозможува поквалитетен социјален живот пред се на жителите на објектите а секако и на другите посетители.Со отвореното кино преку гледање на филмови луѓето би разменувале мислења и би се отварале и нови теми на дискурсии помеќу нив. Мини кафе-барот веднаш до киното  и големата клупа составена од коцки би служела исто место за дружба и комуникација.

 

 

Работилница на отворено

Со новата содржина на приземјето на еден од поголемите објекти на овој дел на улицата, со работилницата на отворено ќе се омозможи и содржините кои се во објектот да се одржуваат на отворено.Со работилницта би се обозможиле курсеви за дизајн, учење на занаети, и други активности кои би ги привлекле децата најпрвин а секако и другите жители.Со тоа сите би имале место каде би учеле некој нов занает или нова вештина. Во близина е исто така и продавница и сервис за велосипеди, па овој простор би го користеле исто и изложбен за велосипеди кои се на продажба.

 

Летна сцена

 Пионерскиот Дом е сигурно најзначаен овјект на овој дел на градот.Така со просторот пред него се искористува со поставување на летна сцена на која би се одржувавале сите активности од пионерскиот дом и на отворено.Така се добива поголем простор за организирање на претстави за децати, со елементи за игра и седење, но и многу други активности.Освен сцената додатна урбана опрема која би се користела во текот на активностите на пионерскиот дом го дополнуваат целиот простор.

 

 

Изложба на отворено

 Уметничката галерија која се наоѓа непосредно до пионерскиот дом е исто една значајна содржина на овој дел на булеварот.Со мал простор во деловниот објект нема доволна можност за изложба на уметничките дела.Преку неколку вертикални монтирачки панели се добива можност за изложба на отворено која би го дополнила просторот исто времено и би направила попривлечен за посета од минувачите кои го користат овој простор само за поминување.Изложбата секако дека би им го привлекла вниманието.Панелите ќе бидат поставени во насока на движење со цел да се посетат

Визијата на целата интервенција е отстранување на сообраќајниот метеж и сите загадувачки проблеми кои автомобилите ги создаваат, и овозможување на целиот простор да биде во функција на луѓето, пред се на жителите на тие објекти а секако и на секој посетил кој го користи просторт дневно месечно или еднаш годишно.Со новата визија, иако изгледа невожможна, се е можно ако се е со добра идеја.Со новите содржини низ целиот дел на булевар, ќе се оживее целиот простор и ќе се создаде нова атмосфера за сите.Секој би се пронашол во еден од плоштадите или содржините каде би се забавувал или учел нешто ново.

Интердисциплинарниот пристап кон интервенцијата резултираат со дизајн и диверзитет на категории на корисници.Со просторните решенија и интервенции се обидуваат да поттикнат колективизам и чувство на заедница преку вметнување на елементите кои секако генерираат социјални активности.

Сите нови содржини имаат свој импакт и сигурно ја зголемуваат вредноста на потесната и пошироката физичка и социо-економска средина.

Зголемување на безбедноста на целиот вулевар, намалување на ефектот на урбани топлотни острови, зајакнување на урбаната отпорност и подбрување на менталното здравје кај граѓаните се интегрални аспекти и компоненти на финалниот дизајн.

 

Subscribe To our newsletter!