Се одржа Премиерата на претставата „Маѓепсан круг“ во Битола
беше успешно одржана! Радио Пела, во соработка со „Слободно театарче“ при СОУ „Ґорче Петров” – Прилеп и Канцеларијата на Советот на Европа – Скопје, со поддршка од Europe House Битола, ја одбележа 18-ти Октомври – Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе.
Претставата прикажа четири моќни и емотивни приказни за невидливите синџири на присилните бракови и трговијата со луѓе, со цел да ја подигне јавната свест и да поттикне акција во локалните заедници. Сцените моќно допреа до присутните и отворија простор за важни и суштински разговори на оваа тема.
Настанот ја истакна важноста за заштита на младите и ранливите групи од ваквите форми на експлоатација, инспирирајќи ги сите да се вклучат активно во борбата за правата на жртвите и нивната заштита.