Пред самиот крај на Скомрахи на ФДУ се одржа работилница за развој на колективен перформанс
Пред самиот крај на Скомрахи на ФДУ се одржа работилница за развој на колективен перформанс. Во неговото создавање, покрај студентите на ФДУ учествува сите учесници на Скомрахи, студенти од Факултетот за ликовна уметност, Факултетот за музичка уметност и Одделот за дизајн и инжинеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ- Скопје.
Студенти од одделите Циркус и изведувачки уметности и Театрска педагогија на Академијата за уметност Фонтис од Тилбург, како и неколку уметници од локалната дрег сцена се приклучија кон „Дионизија сега“.