Како дел од Програмата од официјалното отворање на Europe House Струга се одржа настан во scout камп клубот
Дел од Програмата од официјалното отворање на Europe House Struga вклучуваше вмрежување на граѓанскиот активисти од регионот, во Camping SCOUT Struga кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро и кој е уреден со помош и средства на ЕУ.
На настанот беа присутни претставници на здруженија и невладини организации, како и индивидуални уметници, активисти и локални претприемачи, кои ги споделија своите приказни со амбасадорот Дејвид Гир и присутните од Делегацијата.
На настанот, беа презентирани производите на Leska Craft , збогатени со домашно произведени кулинарски специјалитети на други локални занаетчии , на кои никој не остана рамнодушен.