Изминатава сабота се дружевме со Петар Пан, Венди, Капетан Кука, гусарите, индијанците и целата Недојдија
Еurope House Struga ја поддржа претставата за деца “Петар Пан – Големата битка” која се прикажуваше на отворено, во несекојдневен амбиент: и на вода и на копно. Подеднакво уживаа и дечињата и возрасните. Претставата е во режија на Мирослав Петковиќ.