Започна серијалот #StartupMythbusters, денес во Europe House Тетово  - Europe House

26 Окт

BACK

Започна серијалот #StartupMythbusters, денес во Europe House Тетово 

Започна серијалот #StartupMythbusters, денес во Europe House Тетово заедно со Натали од Yova, Филип од FixiGo и Мирјана од MJ Designer Hats, дел од успешните стартапи од Полошкиот регион.  Идејата за плетење потекнува од баба ми, а заедно со сестра ми го развивме во бизнис кој одговара со стандардите на европските брендови, а вклучува етичко производство и користење природни сертифицирани материјали – Натали Ристовска, YOVA.
Со FixiGo докажуваме дека дури и мали тимови со ограничени ресурси можат успешно да иновираат и да се прошират користејќи целни решенија, како што се IoT системи за земјоделство – Филип Костадиноски, FixiGo.
👒Нашиот стартап ги трансформира преостанатите висококвалитетни произведствени материјали во софиситицирани додатоци за коса како шапки и стегачи за коса. Преку нашата работа, не само што го намалуваме текстилниот отпад туку и поддржуваме жени од ранливи заедници, создавајќи позитивно влијание со секој производ- Мирјана Јосифоска, MJ Designer hats.
За атмосферата да биде опуштена, одговорен беше актерот и комичар Марјан Георгиевски.
Заклучоци што може да ги издвоиме и кои сите ги споделија
Најдете ја работата која ве влече, научете го занаетот многу добро, “don’t overthink it” и коцките сами ќе си се наместат
Диплома за стартап не ви треба, само идеја, мотивација и дисциплина,
Со кој си, таков си – потребно е вмрежување, размена на идеи и искуства,
Досега во 700 Акцелераторот програмата успешно ја завршија 12 старапи во рамки на EU4EG проектот, а во престојниот период ќе се отвори и нов повик за поддршка на нова серија стартапи.
Развојот на стартапите, поддршката и акцелераторската програма се овозможени од проектот EU4EG, кофинансиран од ЕУ и Германската влада .
Се гледаме следно во Europe House Крива Паланка
Subscribe To our newsletter!