Еколошка едукација за иднината: Промоција на прирачници за Вевчанските Извори во Europe House Струга
Промоција на едукативни прирачници
Денес, во Europe House Struga, организиравме промоција на трите едукативните прирачници посветени на Споменикот на природа Вевчани Извори, креирани од страна на Еко-свест.
Настанот вклучи претставување на едукативните прирачници пред наставници, едукатори, директори на училишта, градинки, претставници од Бирото за развој на образование и љубители на природата од целиот регион.
Надоврзувајќи се на промоцијата на прирачниците, на дискусија за значајни теми поврзани со еколошката едукација и едукативните прачници, свое видување споделија Д-р Наталија Ацеска од Бирото за развој на образование, Ангелина Стојкоска, наставник по природни науки и Ангела Тасеска Михајловска, соработник за еколошка едукација во Националниот Парк Галичица.
На дискусијата опфатени беа теми како важноста на еколошката едукација во наставните програми, потребата од настава во природа за поттикнување на еколошката свест и начини за интеграција на прирачниците во наставата..
Активностите се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a спроведуван од Eko-svest.
Линк до прирачниците:
Споменик на Природа Вевчански Извори – Експериментално поле за млади научници
Практичен водич за наставници од повисоки одделенија за спроведување активности во природаhttps://t.ly/UagC3
Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи
Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа https://t.ly/TqCAF
Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата
Практичен прирачник за воспитувачи во градинки за активности во природа https://t.ly/4iYam