Со огромна благодарност Ви се обраќаме за сите незаборавни моменти, за секој разговор и поддршка што ја дадовте на #EuropeHouseVeles. Тие ни помогнаа да веруваме во своите способности и да ја градиме нашата иднина со самодоверба.
Би сакале ова збогум да го одбележиме на најдобар можен начин, со стиховите кои често ги изговаравте гласно:
“Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта наjвисока,
срце – куќа наjширока.”
Овие стихови нè потсетуваат дека вистинското богатство лежи во отвореноста на срцето и во поврзувањето со другите; нешто што дефинитивно ќе продолжи да нè инспирира во секој чекор.