во Europe House Битола се одржа музички настан за најмладите
Вчера во Europe House Битола, најмладите имаа можност да учат пијано од нивните врсници, благодарение на талентираните ученици од Државно музичко училиште – Битола. Низ игра и интерактивен пристап, младите музичари успеаја да го пренесат своето знаење на најмалите.
Овој уникатен настан покажа дека учењето е најзабавно кога се споделува од младите за младите. Младите учесници, покрај основите на пијаното, научија како музиката може да биде мост меѓу генерациите.