во Europe House Битола се одржа изложбата на Давид Козаров „Рацете на творецот“ - Europe House

26 Окт

BACK

во Europe House Битола се одржа изложбата на Давид Козаров „Рацете на творецот“

На 20-ти октомври, уметничкиот дух беше оживеан преку изложбата на младиот Давид Козаров, „Рацете на творцот,“ која ги претстави занаетчиите од Охрид, Битола и Јанина, фокусирајќи се на нивните вредни раце и долгогодишна традиција.
Изложбата привлече и многу млади посетители, кои со интерес ги истражуваа приказните зад фотографиите, откривајќи го културното наследство преку објективот на младиот Давид.
Cекоја фотографија беше сведоштво за патувањето на Давид – од уличен фотограф до документарист – и на присутните им понуди уникатно уметничко искуство и подлабока врска со традициите што ги документираше.
Subscribe To our newsletter!