Во тек се подготовките на сценографијата за претставата Океанија во Europe House Струга.
Гласот на крајбрежјето
Во тек е работилницата на уметниците Милко Нестороски, Викторија Попоска и Бојан Секулоски, кои се вклучени во создавањето на сценографијата за претставата за деца и млади “Океанија” . Сценографијата се изработува од рециклирани материјали, собрани за време на еко-акцијата за чистење на Охридското езеро одганизирана од страна на Europe House Струга.
Додека изработката на сценографијата се уште е во тек, ви најавуваме работилница во која ќе можат да се вклучат и најмладите, и кои ќе можат да го искусат процесот од создавање на несекојдневна уметност.
Следете нè, за да бидете во тек, и да го дознаете датумот кога ќе се организира работилницата со младите.