во соработка со Art Generator во Europe House Велес се одржа промоцијата на книгата ,,Координати на болката'' од поетесата Александра Спасеска - Europe House

11 Окт

BACK

во соработка со Art Generator во Europe House Велес се одржа промоцијата на книгата ,,Координати на болката” од поетесата Александра Спасеска

Вчера вечер во соработка со Art Generator како дел од втората фестивалска вечер посветена на пишаниот збор ја имавме
Во заеднички разговор со Катерина Шекутковска од ,,Илика” истата беше претставена пред велешката публика која докажа дека е континуиран љубител на книжевните убавини.
„Координати на болката“ е втората стихозбирка на македонската поетеса Александра Спасеска која излегува од печат по три изданија на нејзината дебитнатска стихозбирка „Прости песни“ која е во издание на „ПНВ Публикации“. Стихозбирката е добитник на наградата „Антев златник“ за 2023 година и е прв наслов во едицијата „Современа поезија“ на издавачката куќа „Илика“. Изданието е илустрирано од Марија Конеска, а дизајнот на корицата е на Ема Велковска и Марија Смилевска.
Уживајте во атмосферата!
Фото: Pepi Kirka
Subscribe To our newsletter!