Во рамки на Европската недела на мобилност, Europe House заедно со Вело Училишта ја реализираше традиционалната манифестација „Вело Родео“ во Кочани
Изминатата недела, Europe Hous заедно со Вело Училишта ја реализираше традиционалната манифестација „Вело Родео“ во Кочани, во рамки на Европската недела на мобилност.
Настанот собра повеќе од 150 учесници од различни возрасти, кои преку активности и работилници имаа можност да ги развијат своите велосипедски вештини и да научат повеќе за безбедноста и одржливиот транспорт.
Како мрежа, во духот на солидарноста, продолжуваме да стоиме покрај Кочани преку креирање разни активности што ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат локалната заедница.